Се зголемува македонско- бугарската туристичка понуда

Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот го претстави својот туристички потенцијал на саемот за туризам во Софија.
Бугарската туристичка берза беше можност повеќе  за да се престави македонската туристичка понуда .Според македонските туристички претставници одамна помина времето, кога туристите бараа класичен одмор на нашите езера.

Планини или мориња, кога се сметаше, дека за нивното привлекување е доволно државата да има само ретки и незаборавни природни убавини.

Денеска туризмот прерасна во една од најважните економски гранки во сите земји. Од тука, тоа што треба да се прави на владино ниво е обезбедувањето на побрз и посигурен достап до туристичките центри во двете земји. Заеднички став на надлежните туристички институции од Бугарија и Македонија.

Сончево, температура до 32 степени, попладне нестабилно

Времето претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност. 

Попладне облачноста ќе се зголемува главно во планинските региони на север и на запад, каде ќе има услови за краткотрајна нестабилност, некаде проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16,  дневната од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје претпладне сончево со мала локална облачност, а од пладневните часови и во Скопската котлина ќе се зголемува облачноста, која во планините ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Утринската температура ќе биде 14, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и топло време, а во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови. Температурите нема многу да се менуваат, а ветерот ќе биде главно северен. /МИА

Традицонално искачување на Титов Врв

Традиционалното 37-мо искачување на „Титов Врв“ во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово по маркираната патека „Вакуф“ почна утрово во 6:30 часот од платото пред хотелот „Попова Шапка“.

Традиционалното 37-мо искачување на „Титов Врв“ во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово по маркираната патека „Вакуф“ почна утрово во 6:30 часот од платото пред хотелот „Попова Шапка“ и се очекува пешачењето до највисокиот врв на Шара да трае околу четири до 4,5 часа.

Патеката, велат организаторите, е средно тешка и има вкупна должина од 14 километри во еден правец и висинска разлика од 1.047 метри. Се движи по тревна површина, по каменит предел и е делумно покриена со снег.

- Патеката е маркирана со класична планинарска маркација, дополнета со знаменца. Сите учесници ќе бидат распоредени помеѓу челото и крајот на колоната, помеѓу кои ќе има водичи на клубовите кои носат видливи ознаки за препознавање (на ранците ќе имаат акредитации со ознака организатор), посочуваат организаторите.

По кратката пауза на врвот, додаваат, планинарите ќе се вратат на Попова Шапка, околку 14 часот каде ќе бидат посужени со чај од „Пријателите на Шара“со што настанот официјално ќе биде затворен.

За искачувањето е потребно да се користи стандардна планинарска опрема за движење во зимски услови. Исхраната е сопствена, индивидуално предвидена за планинарска тура до 10 часа. Секој од учесниците треба да биде во добра психофизичка кондиција. 

Оваа година се очекува бројот на искачени планинари да биде над 800.  За турата има пријавени панинари од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Косово, БиХ, Хрватска и Словенија. /МИА

Почнува 6. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Шестото издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен вечерва во Скопје.

Петмина актуелни писатели од исто толку земји од Балканот ќе и бидат претставени на публика.

Добитникот на наградата за авторски придонес во балканската литература „Прозарт“, српската легенда Светислав Басара нема да биде во нивно друштво. Од здравствени причини тој не можеше да допатува во Скопје.

За делата на Басара, Роберт Перишиќ од Хрватска, Фросина Пармаковска од Македонија, Лејла Каламујиќ од Босна и Херцеговина, Афер Тунч од Турција и Јуриј Худолин од Словенија ќе говорат македонските писатели Александар Прокопиев, Ермис Лафазановски и Владимир Јанковски.

Фестивалот ќе го отвори директорот Дејан Трајкоски, а модератор ќе биде Ана Јовковска.

Гости на отворањето ќе бидат и тројцата членови на „Скопје фелоушип“ програмата – Џон О’Брајан, основачот на „Далки архив прес“ од САД, Јанике Ритер, уредничка на „Зуркамп“ од Германија и Назлиџан Кабаташ од „Калем“ од Турција.

На вториот фестивалски ден утре во ЕУ Инфо-центарот ќе се одржи тркалезна маса „Балканските класици во европската литература: (не)визибилност во 21 век“.

Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на „Скопје фелоушип“ програмата.

Веќе традиционално, фестивалот организира средба на гостите автори со своите читатели во книжарницата „Икона“ во Скопје сити мол, закажана за 28 мај.

Тројцата врвни издавачи од „Скопје фелоушип“ ќе се сретнат и со македонски писатели и издавачи и ќе имаат можност да воспостават идни соработки.

Фестивалот ќе биде затворен на 29 мај во Даут-пашиниот амам во кога писателите ќе читаат извадоци од своите дела.

„ПРО-ЗА Балкан“ и оваа година е во организација на издавачката куќа „Икона“.

Фестивалот е поддржан е од Министерството за култура со 200.000 денари, од ТРАДУКИ, Делегацијата на ЕУ, амбасадите на Словенија и на Хрватска и од Словенечката агенција за книга. /МИА

притисни ентер