Средба на директорите на пензиските фондови од Македонија, Албанија и Косово

Директорите на фондовите за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Албанија и Косово, Белим Незири, Вјолца Брахо и Сами Салиху денеска и утре одржуваат работна средба чија цел е да се разменат податоци, информации и искуства, да се направат напори да се отстранат техничките проблеми при функционирањето на Договорот за социјално осигурување со Косово и да се изработи драфт-верзија за ист таков договор меѓу Македонија и Албанија.
- Договорот меѓу Македонија и Косово стапи на сила во ноември, со кој двете земји се обврзани да го признаат стажот на граѓаните од двете држави се до стекнување на минимална пензија. На крај на состанокот очекуваме да најдеме начин да ги отстраниме техничките проблеми во неговото спроведување, а работите кои тој не ги дефинира поконцизно, тоа да се направи со други правни акти кои ќе се темелат на Договорот, рече Незири.

Според информациите со кои располага Фондот на ПИОМ, околу 2.500 македонски граѓани ќе можат да се стекнат со право на пензија доколку им се признае стажот од работата во Косово, а околу 2.000 косовски граѓани би оствариле ова право доколку им се признае работниот стаж од Македонија.

Неговиот косовски колега го дели ставот на Незири оти има технички проблеми во практичното спроведување на постигнатиот и потпишан Договор за социјално осигурување и оти тие треба да се отстранат во интерес на граѓаните.

- Ќе направиме напори да се отстранат сите пречки тој да може да се имплементира. Ќе се осврнеме и на работите кои не се опфатени во Договорот, за да може тој полесно да се спроведува, рече Салиху.

Директорката на пензискиот фонд во Албанија истакна дека договарањето со Македонија е во завршна фаза и оти кога ќе биде постигнат договор сите граѓани на Македонија кои живееле и работеле во Албанија и обратно, ќе им биде признаен стажот без разлика каде одлучиле да живеат.

- Таков договор е многу битен чекор за да им се обезбеди на сите граѓани да можат да си го остварат правото на пензија, рече таа.

Во Албанија последно зголемување на пензиите имало во 2012, а просечната пензија е 100 евра. Во Косово просечната пензија е 112 евра, а во Македонија околу 170 евра.

Влада: Двотретинско мнозинство за Законот за одбрана, наместо лицитација со ратификацијата

Двотретинско мнозинство очекуваат од Владата за Законот за одбрана, кој е ставен утре на седница на Собранието. 

Извори од Владата велат дека наместо да се лицитра со датумот за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, сега е момент партиите да гласаат за Законот.

Единствен аргумент на ВМРО-ДПМНЕ, нагласуваат од Владата, во моментов е дека нема да дадат поддршка затоа што на законот стоело името Република С. Македонија и додаваат дека истото име стои и на ратификацијата, која треба да помине во Собранието.

Неодговорно е брифираат од Владата, на последниот чекор пред НАТО да се тера партиска политика.

Шпанија би требало до крајот на јануари да го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО, според ветувањата и прогнозите кои му ги дал шпанскиот премиер Педро Санчез на неговиот македонски колега Зоран Заев на средбата на маргините на Самитот на НАТО во Лондон.

Санчез изразил надеж дека сите процедури во Шпанија околу формирање на Владата и комлетирање на Парламентот со сите негови работни тела би завршило до почетокот на следниот месец, а ратификацијата би се случила на крајот на истиот месец.

Во врска со тоа дали постои план Б, доколку Шпанија не го ратификува протоколот дотогаш, а нашето Собрание се распушти на 11 февруари поради изборите најавени за 12 април, од Владата брифираат дека може да разбоработат варијанта, според која ќе дадат предлог за условно ратификување, односно да се донесе одлука во Парламентот и таа да биде објавена во Службен весник, откако Протоколот ќе се ратификува во Шпанија.

-Постои таква пркса, но не би сакале да ја применуваме и тоа е право на Владата, таа е предлагач, велат извори од Владата и додаваат дека ова прашање не треба да се потлизира од опзоцијата, која нема право да дава таков предлог.

Со нашето членство во НАТО, појаснуваат од Владата, ние и формални и фактички ќе бидеме инкорпорирани во воените структури на Алијансата.

Големи се придобивките за земјата по влезот во НАТО, земјата ќе има политички прашања, понекогаш тешки политички прашања, но тие нема да бидат егзистенцијални. Сепак, одговорноста е на нас самите, додаваат владини избвори, бидејќи не постои „НАТО, кој може да те спаси од твојата глупост".

Не сите земји-членки исто го искористиле членството, некои се рекалсирале и мислеле дека со влезот ја завршиле својата работа, но, како што велат од Владата, земјата ќе продолжи да работи во насока на она што го ветила.

Акцент меѓу другото ќе биде ставен на модернизација на Армијата, пред се опремување на лесната пешадија, бидејќи таа ни е главниот капацитет, со кој ќе се декларираме во НАТО.

Во однос на ветувањата од Велс, два отсто од Буџетот да одвојуваме за НАТО и 20 отсто од целокупниот буџет во земјата да оди за одбраната – првото според плановите ќе се реализира до 2024 година, а второто веќе следната година.

За следната година е планирано и пополнување на НАТО структурите со наши луѓе. Мисијата во НАТО ќе брои околу 20 луѓе од одбрана и десет до 15 од МНР и други институции.

Од Владата очекуваат догодина 80 отсто од одбранбената мисија да биде пополнета, а во рамки на НАТО командата како структура Северна Македонија ќе има околу 20 позиции.

Земјата веќе придонесува во НАТО операциите, а тие бројки со членството ќе се зголемуваат.

Земјата има декларирано лесна пешадиска борбена група, која брои околу илјада луѓе, кои треба да бидат соодветно опремени, извежбани, обучени, да бидат на располагање. Од Владата очекуваат таа борбена група целосно да биде подготвена околу 2024/25 година. 

СДСМ: Детски додаток добиваат над 27.000 деца, а 8.600 образовен додаток

Имплементирањето на мерките предвидени во Изборната програма од 2016-та година и бенефитите што ги добиваат најранливите категории на граѓани и граѓанки покажува дека навистина сме на прав пат!

Со реформата во социјалната заштита воспоставивме систем за социјална заштита на семејствата што живеат во сиромаштија и воведовме начин за извлекување од сиромаштијата. Го олеснивме пристапот до детскиот додаток, но и ја зголемивме сумата што по овој основ ја добива едно семејство.

Воведовме и нови додатоци за поддршка на деца од семејства кои се во системот на социјална заштита и деца од домаќинства со ниски примања.

Од воспоставувањето на оваа реформа во мај 2019та година, детскиот додаток им се исплаќа на 27.130 деца, а образовниот на 8.678 деца, што е за три и пол пати повеќе од претходно.

До крајот на реформата очекуваме околу 70.000 деца да примаат детски и образовен додаток, што ќе биде за 20 пати повеќе од претходно. Сето ова го правиме за да ја намалиме детската сиромаштија и да им го вратиме достоинствениот живот на луѓето, преку поддршка при вработување и нивно вклучување на пазарот на труд.

Веќе за 2020та година предвидени се 600 милиони денари за исплата на детски додаток, а 672 милиони денари за образовен додаток.Почитувани,Грижата за нашите сограѓани и сограѓанки кои живеат во сиромаштија е приоритет на Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Градиме општество кое отвора еднакви шанси за сите.На прав пат сме!

Прес конференција на СДСМ, Мерсиха Смаиловиќ, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Исмет Рамадани и дипломатот Ристо Никовски

Дами и господа! Претстои жешка зима пред малите екрани, партиите ги подгреваат страстите, додека нови бомби долеваат масло во огнот. 

Дали 12 април ќе остане во заден план, ќе успеат ли сигналите за евентуален датум за преговори во март да ги истуркаат митинзите од врвот на партиските агенди, одговори бараме од политичкиот аналитичар Исмет Рамадани и дипломатот Ристо Никовски во вечерашната „Само вистина“.

Успеа ли двојазичноста да ја доведе до колапс владината коалиција или ќе се одржи во живот, претставувајќи розева слика сред магливото и сиво предизборие? Води ли патот до Брисел преку Венеција, колку препораките ќе влијаат на меѓуетничките односи и дали ќе се претворат во ветувања пред „своите“?

Во пресрет на техничката Влада, првите луѓе од власта и опозицијата се се’ почесто меѓу обичните граѓани, кои пак очекуваат правда за нивниот табор. Проветрувањето на судиите ставено на стенд-бај, за обвинителите полни раце работа, а Боки Тредичи и сињора Катица фатени во сопствената мамка. Кој го има клучот за вистински реформи во судството или пак ќе остане Македонецот заложник на политичките хајки?

НАТО ни посака добредојде, но имаме ли дипломатски капацитети да ја истуркаме работата со ЕУ? Кој ќе ни помогне и имаме ли ветер во грб од меѓународната заедница, колку се добронамерни соседите, создава ли некој застој или да очекуваме повторно да ни се спушти рампата пред нос. Дали можниот нов неуспех ќе влијае врз симпатиите кон власта, која вложи најмногу напори токму за датум, но остана само со горчлива кнедла, вечерва во „Само вистина“ дебатираме со Исмет Рамадани и Ристо Никовски.

притисни ентер