Јанкуловска: Шилегов да не се брани со конфузни изјави

Откако Шилегов даде изјава пред Судот дека со своето недоаѓање Јанкуловска не го почитува судството, министерката со реакција дека тој треба да стои зад својот исказ со издржани аргументи, а не да се брани со конфузни изјави пред медиумите.
Во Македонија како и во секоја демократска држава, секој има право слободно да каже се што ќе посака. Како и во секоја демократска држава, ставовите и тврдењата не смее да бидат невистинити и со намера некому да предизвикаат штета. Секој што излегува во јавност треба да стои зад својот исказ и да одговара за него и вистинитоста на тврдењата. Очигледно тоа е причината зошто Шилегов е во паника, видлива во конфузните обиди за оправдување изнесени пред медиумите.

Јавниот настап на Шилегов надвор од судницата е уште еден обид да се изврши притисок врз судот. Јас го почитувам судот и верувам дека е компетентен и правичен и нема да си дозволам на никаков начин, надвор од судницата, да се мешам во неговото одлучување се до донесувањето на пресудата.

Видео: Демонстранти пробале да влезат во театарот во кој бил Макрон

Учесниците на протестот против предложените реформи на пензискиот систем на француската влада се обидоа да влезат во театар, каде што претседателот Макрон гледал претстава.

Макрон во театарот во Париз бил со својата сопруга.

На снимките објавени на социјалните мрежи се слуша како демонстрантите го повикуваат Макрон да поднесе оставка и се гледа како во еден момент се обидуваат да влезат во театарот како францускиот претседател гледал претстава.

Како што пренесува „Ројтерс“, неименуван извор близок до Макрон потврдил дека имало обид за упад во театарот, но нагласил и дека претседателот и неговата сопруга останале до крајот на претставата и си заминале околу 22 часот со автомобил и полициска придружба.

Новинарот и политички активист Таха Бухаф, кој бил во театарот, објавил на Твитер дека претседателот се наоѓа таму.

Повеќе населби во Општина Гази Баба утре без вода

Без вода утре од 10 часот можно е да останат корисниците на Скопска ПИВАРА, дел од Булевар „Александар Македонски" и населбите Ченто, Маџари, Хиподром и Трубарево.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека утре ќе се работи на уличен дефект од ф700 милиметри без затворање на вода на Бул. „Александар Македонски" бб ( ЕСТ – Када ) пред влезот на АСУЦ „Боро Петрушевски", но, нагласуваат дека,  доколку има потреба ќе се затвори водата од 10 часот се до завршување на дефектот./МИА

Комората за сметководители бара да се забрани употребата на Бисфенол А

Итно да се забранат канцерогените фискални сметки бараат сметководителите.

Алармираат дека хартијата која се употребува за сметките содржи хемиска материја Бисфенол А или БПА која предизвикува срцеви заболувања, дијабетес, неплодност, рак на простата, хормонски и ендокринолошки заболувања, а претставвуа и голем ризик за здравјето на децата.

Истата материја освен на фискалните утврдена е и кај броевите кои ги земаат граѓаните за ред на шалтери во институциите, како и на фискалните ролни во големопродажба.

„Бисфенолот А е една од најкомерцијално достапните хемикалии што се користат во производството на термичка хартија како развивач на бои. Согласно истражувањата, концентрацијата на бисфенол А во фискалните сметки е до 40 пати поголема од дозволената и се движела од 0,62 до 0,91 отсто, а според стандардите дозволено е само 0,02 отсто“, велат од Комората на сметководители при ССК.

Засега во ЕУ забраната подразбира само нејзино исклучување од термичка хартија, односно дека не смее да биде повеќе од 0,02 проценти.“

Швајцарија е првата земја во светот која ја воведе оваа забрана. Во сите земји од ЕУ се применува од почетокот на оваа година, а Србија е прва од соседствто која ќе ја почитува забраната, кај нив ќе стартува од  јули.

Сметководителите очекуваат земјава да ги следи ЕУ стандардите.

Од министерството за финансии велат дека заедно со УЈП прават анализи и се разгледуваат условите.

Европските здравствени организации препорачуваат   да не им се дозволува на децата да ги допираат фискалните,  да не се ставаат во кесите со храна, задолжително да се мијат рацете по контакт со фискална сметка, а оние кои работат со нив да носат ракавици.

притисни ентер