Депресија ги нападна граѓаните со променливите температури

Пролетните температури во февруари го зголемија бројот на пациенти со мозочни и срцеви удари. Еден ден сонце, а наредниот облаци и дожд - ваквото време за 20 проценти ги зголемиле интервенциите во брзата помош. Дневно имало од четири до пет нови мозочни удари – потврдуваат докторите.
„Најчесто проблеми имаат хронично болните пациенти. Срцеви болни и мозочни удари. Најмладиот има 26 години. Граѓаните да внимаваат на здравјето, плус напорот и стресот може да предизвика последици по здравјето“, вели д-р. Хари Хокоцијан БРЗА ПОМОШ

Докторите објаснуваат дека ваквото време е идеално и за зголемување на бројот на болни од грип. Кај многумина променливото време им го сменило и расположението, па побарале и помош од психијатар.

Од УХМР најавуваат пролетни температури до 20 степени и од наредната недела. До викенд ќе има променливо време.

„До петок ќе има облачно време, на планините снег, а во котлините дожд. Од викенд повторно пролетни температури и над 20 степен“, изјави Ленче Ризова УХМР.

Пролетни температури во овој период од годината имало и во последнава деценија. Во 2004-та година во февруари во Скопје се измерени 20 степени, а во Гевгелија 23.  

Трипуновски и Нелоски со кампањата „Разговори за обнова на Македонија“ во Росоман

Членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски и Владимир Нелоски денеска беа во Росоман , како дел од кампањата „Разговори за обнова на Македонија“.

Се наоѓаме во Росоман, во делот на срцето на Тиквешијата, согласно активностите на ВМРО-ДПМНЕ  на сите населени места за кои што разговараме за сите проблеми и сите ситуации кои што ги тиштат граѓаните на Република Македонија. Во овој дел најмногу се дискусиите беа во земјоделскиот сегмент , рече Трипуновски.

Сакам само накратко да потсетам дека граѓаните од оваа општина не забораваат за сите лажни ветувања  кои што ги даде Зоран Заев во предизборието 2016 година, каде што со тогашниот министер Љупчо Николовски ветуваше сигурен пласман и откуп на земјоделските производи, повисоки цени на истите и многу други безброј проекти кои што ќе значат посигурен живот на земјоделецот во Република Македонија.

Денеска после три години гледаме дека сите тие ветувања остана само на хартија и речиси ништо од тоа нема реализирано.

Она што ние сакаме да им го ветиме и во разговорите со граѓаните  од оваа општина и во цела Република Македонија е дека ВМРО-ДПМНЕ работи на сериозна програма која што ќе биде понудена во изборниот период и нормално кога ќе формираме влада на 12 април после победата  на ВМРО-ДПМНЕ сите вие проекти кои што ќе бидат реални и остварливи ќе значат еден достоинствен земјоделец кои што навистина ќе биде ценето целата држава односно од целата влада. Затоа што земјоделците се еден од столбовите на економијата во Македонија и навистина тие заслужуваат да бидат на пиедесталот, а не како сега на дното на листата на Зоран Заев кој што гледаме дека е најдобар само во крадење на државните пари, во уништување и распродавање на државните интереси.

За нас, ВМРО-ДПМНЕ земјоделецот бил и ќе остане на врвот на приоритетите, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ од Росоман.

,,Денеска караванот за Обнова на Македонија продолжува, тука сме во Росоман, заедно со членот на Извршниот комитет Цветан Трипуновски, потсекретарот за овој општински комитет Слободан Ивановски и дополнително сите членови на општинскиот комитет од Росоман, но и жителите на Росоман , рече Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тука сме да си слушнеме проблемите на сите граѓани, но и да видиме одредени решенија за нивните проблеми, она што ги тишти најмногу граѓаните  од овој регион се разбира дека е земјоделието, но и сите останати проблеми коишто инаку можеби во 2016 година им биле ветени на граѓаните сега се уште се неисполнети. Дојдовме да ги увериме дека сето она што ќе биде ветено во програмата на ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април ќе биде реализирано, нема да биде само зборови на хартија туку се што ќе се обврземе како ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април кога ќе ја направиме владата тоа ќе биде и реализирано.

Она што морам да го истакнам  е дека овие денови секој граѓанин тука во Росоман, но и во цела Македонија е дополнително задолжен за 150 евра бидејќи владата на Зоран Заев иако има реализација на капиталните инвестиции само 40 проценти, има ново задолжување од 300 милиони евра. Слабата реализација на капиталните инвестиции значи дека тие пари ќе се искористат непродуктивно, односно наместо да се изградат патишта, булевари, канализација за граѓаните, ќе бидат употребени најверојатно да се збогати свитата околу Зоран Заев.

Како ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжиме меѓу граѓаните да ги слушнеме нивните потреби, но се разбира и да бидеме во дослух со нив бидејќи само така ќе можеме после 12-ти април да го направиме животот за сите граѓани на Македонија подобар и да го вратиме достоинството не само на земјоделците, туку и на пензионерите, и на младите луѓе да се врати желбата за живеење тука во Македонија и да има се помалку разговори за да се напушти државата, туку да се остане тука да се формира семејство. Ќе продолжиме и понатаму да бидеме помеѓу граѓаните и токму и затоа поддршката за ВМРО-ДПМНЕ продолжува да расте во однос на СДСМ и ќе продолжи да расте до 12-ти април каде што ќе имаме една огромна победа и конечно ќе се стави крај на заевизмот во Република Македонија и на транзициските политичари, рече Нелоски во Росоман.

Мајо: Италија ги поддржува Албанија и Македонија на европскиот пат

Италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Луиџи ди Мајо од Тирана порача дека Италија го поддржува процесот на европска интеграција на Албанија и на Македонија.

Тој додаде дека Италија инсистира да има позитивна одлука за почеток на преговорите за двете земји.

– Италија инсистира на потребата за позитивна одлука за двете земји и закажување датум за повикување на првата меѓувладина конференција, исто така и да се додели мандат на Комисијата да ја подготви рамката за преговори. Во овој дух му истакнав на Рама дека нашата желба е сите политички актери во земјата да се ангажираат за воспоставување на политичка клима, која не би го попречила европскиот пат на Албанија, истакна ди Мајо.

Рама, се заблагодари за посетата во овие тешки мигови за земјата и посебно за поддршката и помошта на Италија уште во првите мигови по земјотресот.

– Италија била и ќе остане прв наш партнер во економските односи. Таа никогаш не се штедеше во напорите за трансформација на Албанија. Со министерот разговаравме и за други прашања меѓу кои и за специјалната единица за борба против корупцијата. Министерот ја потврди подготвеноста на неговата земја за поддршка со техничка асистенција и човечки ресурси на терен, за конретна соработка, рече Рама.

Италјанскиот минстер прдружуван од еврокомесарот Луиѓи Сореца го посетија и кампот со шатори во Вора, каде се сместени 200 лица ,кои останаа без своите домови. /MИА

Џонсон испече пита , Корбин стана пред зори на последниот ден од британската кампања (ВИДЕО)

На неколку часа пред круцијалните избори, британскиот премиер Борис Џонсон и неговиот противник од лабуристите Џереми Корбин го обелоденија својот последен потег за победа на изборите.

На крајот на кампањата во која печеше крофни, промени тркало на Формула 1 и оголи картонски sид како симбол на кризата со Брегзит, конзервативниот лидер го започна денот со разнесување шишиња со млеко во селото Гвизели, Јоркшир, северна Англија

Потоа, тој подготви пита со говедско месо и пиво.

Ако победи, Џонсон планира да го „загрее“ текстот за Брегзит и повторно да им го сервира на пратениците.

„Да ја ставиме во рерна, да ја затвориме вратата, да ја извадиме и еве, Брегзитот заврши!“ рече Борис Џонсон додека печеше пита.

Неговиот противник Џереми Корбин, претседател на Лабуристите, ги собра приврзаниците пред зора во Глазгов, Шкотска, каде се надева дека ќе ги придобие приврзаниците за независност од Британија. Тој им вети на гласачите „надеж“ и „безбедност“ и го нападна Џонсон за неискреност, обвинувајќи го за „давање ветувања кои утре се претвораат во магла“.

Со оглед на неодамнешниот пораст на анкетите на Лабуристите, Џонсон се заканува со отсуство на мнозинство во парламентот што ќе ја продолжи политичката криза.

„Ќе се бориме за секој глас“, истакна деенска Корбин.

Според најновата анкета на YouGov, Конзервативната партија води со 339 од вкупно 650 места. Тоа се 20 пратеници помалку отколку во претходните проекции на институтот објавени на 28 ноември, но 22 повеќе од изборите за 2017 година.

Институтот наведува дека таков резултат би бил „најголемиот успех на конзервативците од 1987 година“ за време на мандатот на Маргарет Тачер. Но, маргината на грешка, влијанието на можното прагматично гласање и последниот тренд во корист на Лабуристичката партија, може да доведат до изгласување парламент без мнозинство.

притисни ентер