Уапсени тројцата опасни затвореници кои избегаа од албански затвор

Грчките власти соопштуваат дека на нивна територија ги уапсиле тројцата бегалци од затвор, последни од групата седуммина осудени убијци кои минатата недела избегаа од албански затвор.
Бегалците се фатени во акција спроведена во текот на ноќта на планините кои ги делат двете земји. Во полициското соопштение се наведува дека тројцата опасни и вооружени мажи вчера во доцните вечерни часови ги запрела погранична патрола.

Еден човек е приведен на лице место, додека другите двајца избегале и одделно се уапсени денеска во раните утрински часови.

Вкупно седум затвореници кои служеле долгогодишни затворски казни, некои дури и осудени доживотно поради убиства на полицајци избегаа во саботата од затвор во Дренова, југоисточна Албанија.

Четворица од нив беа уапсени уште во првите 24 часа.

Шварценегер го „нападна“ Трамп

Холивудската ѕвезда Арнолд Шварценегер  со остар коментар за претседателот на САД , Доналд Трап на социјалните мрежи.

Популарниот актер го нарече Трамп „мало мокро парче“ откако американскиот претседател  изјави дека повеќе му верува на лидерот на Русија Владимир Путин отколку на сопствените тајни служби.

„Претседателе Трамп, токму сега ја гледав твојата прес конференција со Путин и беше срамно. Стоеше тамо како мало  мокро парче, како фан... Се прашувам само кога ќе прашаш за автогра, или селфи или слично нешто?Буквално на оваа прес конференција ги продаде нашите безбедносни служби, нашиот правен систем и најлошо од се нашата земја. Ти си претседател на САД, не би требало тоа да го правиш. Што не е во ред со тебе?, рече во својот остар коментар Шварценегер во видео обраќање на Инстаграм.

Трамп: НАТО подобро се финансира „само поради мене“

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека лично тој е заслужен за силата на НАТО, организација која досега честопати ја критикуваше.

Организацијата на Северноатлантскиот договор подобро се финансира „само поради мене”, напиша Трамп на Твитер.

– Имав одличен состанок со НАТО, напиша американскиот претседател за неодамнешните средби со сојузниците од Алијансата.

– НАТО беше слаб, сега е повторно силен (лошо за Русија). Медиумите само говорат дека сум бил непристоен кон лидерите, никогаш не ги спомнуваат парите!, напиша Трамп.

Пендаровски во „Само Вистина“: Република Илинденска Македонија беше предлог од Македонска страна во преговорите кој не го прифати Грчката страна

Гостин  во „Само Вистина“ вечерва беше националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, кој вели сосема плански дошол на оваа позиција, бидејќи знаел дека 2018-та ќе биде круцијална на планот на НАТО интеграциите. 

Тој во емисијата, а прашан да ги коментира своите јавни ставови до пред два- три месеци дека не верува дека ќе се дојде до договор со Грција воден од сознанијата на грчките превисоки позиции и непопустливост, изјави дека до последно во преговорите грчката позиција била апсурдна во смисла не прифаќала признавање на Македонски идентитет и јазик. Пендаровски најави дека во понеделник наредната недела доаѓала голема делегација од НАТО, во контекст на пристапните преговори кои Македонија ќе ги има со алијансата и притоа рече дека не се очекуваат опонирања од другите членки како Турција, Франција, Холандија итн..Пендаровски спомена дека жали што поранешниот претседател Црвенковски одлучил да не учествува во јавноста цело ова време, бидејќи имал што да каже на оваа тема. Но, Пендаровски потврди дека на Самитот на НАТО во Букурешт 2008-ма година Македонскиот државно-владин врв претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски изградиле став да се појават со одлуката дека прифаќаат Република Македонија ( Скопје) нешто што не го прифатила грчката страна и тоа било предлог за замена на референцата ФИРОМ . Ерга омнес барањето грчката страна го испорачала на овие последно интензвирани преговори , и како што рече Пендаровски, тоа се должело на претераната антиквизација на општеството од страна на владата на Груевски. За повеќе детали , погледајте го видеото од вечерашното издание на Само вистина.

притисни ентер