Началникот на ГШ Котески во работна посета на Воените сили на Турција

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески од денеска престојува во работна посета на Вооружените сили (ВС) на Република Турција каде имаше средба со началникот, генерал Неџет Озел.

На средбата, покрај унапредување на билатералната соработка со ВС на Република Турција, се разговарало за заедничката обука и школување на припадниците на АРМ во турските Воените сили, при што било договорено во иднина лекарите од Воено-медицинскиот центар на АРМ да имаат можност да специјализираат и да се доусовршуваат на Турската Воено-медицинска академија ,,ГАТА“, како и специјализирање за прегледи на лица од военото воздухопловство. Се разговарало и за натамошно унапредување и продолжување на обуката на специјалните единици на двете армии и обука во делот за воздушно набљудување.

- Покрај продлабочувањето на техничката соработка и поддршка од страна на Турските ВС на македонската Армија, на средбата беше разгледана и можноста за заедничко учество во меѓународните мировни мисии, како и реализација на заеднички културно-социјални проекти, се вели во денешното соопштение од ГШ на АРМ.

Котески упатил благодарност до својот турски колега за, како што посочил, несебичната и искрена поддршка и помош која АРМ и Република Македонија ги добиваат од страна на Република Турција, во напорите за зачленување на нашава земја во НАТО, при што особено ја потенцирал помошта од турските Воени сили во опремувањето на АРМ.

Генералот Озел изразил задоволството од соработката помеѓу двете армии, како и подготвеност за продолжување и проширување на заедничките проекти помеѓу двете армии, особено на полето на военото образование и обуката.

Работната посета на началникот на ГШ на АРМ е уште една потврда за одличната соработка на АРМ со ВС на Република Турција, која постојано се развива во нагорна линија.

Стојаноска од Јегуновце: Оваа криминална власт вчера го доби жолтиот картон, црвениот на 8 мај

Од победничко Јегуновце, најпрво се заблагодарувам и им честитам на сите граѓани на Република Македонија, особено на тие од изборната единица шест, затоа што вчера ја направија Македонија горда.

Вчерашниот датум, 24 април, оваа криминална власт го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај.

Денес продолжуваме со стисок на рака повеќе и барање на глас повеќе, заедно да се обединиме против криминалот.

Ова политичко зло да го испратиме во пензија и Македонија повторно да ја направиме твоја и повторно горда, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.

Костадиновска-Стојчевска: Со шест милиони евра, Турскиот театар добива современ дом

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска при увидот во градежните работи на Турскиот театар, потенцираше дека со одлуката на Владата е обезбедено  тригодишно континуирано финансирање на проектот за Турскиот театар.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска при увидот во градежните работи на Турскиот театар, потенцираше дека со одлуката на Владата за тригодишно континуирано финансирање на проектот за Турскиот театар, обезбедена е гаранција наскоро театарската екипа на оваа установа да има свој дом.

„Министерството за култура продолжува непречено да го финансира проектот, за што во три буџетски години (2024, 2025 и 2026 година) се проектирани средства во износ од 6,1 милиони евра, односно 380 милиони денари“, рече Костадиновска-Стојчевска, нагласувајќи дека со овие средства ќе се комплетираат градежните зафати, поставувањето инсталации, уредувањето на ентериерот и ќе се обезбеди стручен надзор за театарот да го добие својот облик.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека дополнително, со постојаното зголемување на платите на културните работници, кое достигна до 52 проценти во изминатите години, како што рече, „покажуваме почит кон вашето достоинство и труд и ве мотивираме да продолжите со успешните проекти“.

Министерката за култура информираше дека од буџетот на Министерството за култура за оваа година се обезбедени милион и седумстотини илјади евра или 104 милиони денари, а напредокот во изградбата на објектот е забележителен, особено во делот на фасадата и на покривот, додавајќи дека за сето она што сега е реализирано беа издвоени 4,4 милиони евра, или 274 милиони денари.

Костадиновска-Стојчевска, истакнувајќи ја важноста на Турскиот театар, порача: „Нам отсекогаш ни се важни културните и јазичните различности кои нашата држава ја прават уникатен мозаик. Турскиот театар настојувал да ги промовира таквите вредности и да придонесува кон позитивни промени во општеството“.

Министерката за култура додаде дека е чест, но и голема одговорност, процесот со градежните активности да се одвива професионално, стручно и квалитетно, потенцирајќи дека Владата е одлучна сите започнати објекти од културата да ги заврши со максимален квалитет и во транспарентна постапка.

„Активно се работи и на реконструкција на голем број културни центри кои со години биле запоставени, а сето тоа со крајна цел – да продолжиме да ги подобруваме работните услови на културните работници, и понатаму да овозможуваме поголема и поквалитетна содржина за публиката и заеднички да го промовираме театарот“, рече Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека инвестирањето во културата е нашиот влог во иднината и во развојот на македонската култура и идентитет.

Директорката на НУ Турски театар, Ајлин Емин Скоро, во изјавата за медиумите посочи дека Националната установа Турски театар работи, функционира, твори, цели 74 години во нашата земја, а веќе 10 години работи и твори под еден покрив и на иста сцена со Театарот „Комедија“.

„Објектот што се гради е замислен како културен центар кој ќе ги унапредува, ќе ги афирмира и јазикот и културата на турскиот народ овде“, рече Емин Скоро, дополнувајќи дека започнува третата фаза, односно во тек е јавната набавка за внатрешните инсталации: механика, електрика, машинство и водовод и канализација.

Вселенско пристаниште во Шкотска блиску до лансирање на сателит, совладани две од три пречки

Британскиот космодром „SaxaVord“ направи нов чекор кон испраќање сателит во орбитата откако регулаторите му дадоа лиценца за обезбедување безбедни услуги, отворајќи го патот за неговото прво лансирање подоцна оваа година.

Британската управа за цивилно воздухопловство (CAA) во денешното соопштение соопшти дека дала дозвола за локацијата „SaxaVord“, која се наоѓа на островите Шетланд, во близина на северниот брег на Шкотска. Тоа значи дека шкотското пристаниште ја отстрани втората од трите пречки за лиценцирање што мора да ги отстрани пред да се случи првото лансирање на ракетата.

Последниот чекор ќе биде дозволата за лансирање. „SaxaVord“, кој во декември стана првиот лиценциран космодром за вертикално лансирање во ОК, се здружи со германската Ракетна фабрика со седиште во Аугсбург за првата мисија.

-Како единствен целосно лиценциран вертикален космодром за лансирање во Западна Европа, сега се подготвуваме да направиме вселенска историја со почетокот на операциите за орбитално лансирање. Првото лансирање се очекува во третиот квартал од оваа година, рече Френк Странг, извршен директор на „SaxaVord“.

Се предвидува дека вселенскиот пазар ќе вреди повеќе од трилион долари до 2030 година, бидејќи компаниите ширум светот планираат да испратат илјадници нови сателити во орбитата. /МИА

притисни ентер