Почна реновирањето на фасадата во велешката гимназија „Кочо Рацин“

Во гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес денеска започнаа градежните работи на обнова на фасадата. Покрја тоа ќе бидат обновени и подовите и дел од топловодниот систем.

Претходно во текот на летните месеци во гимназијата беа целосно заменети дотраените стари дрвени прозорци со нови ПВЦ.

- Во наредните 30-тина дена очекуваме да заврши целосната реконструкција на гимназијата. За таа намена се одвоени девет милиони денари, изјави градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев кој денеска направи увид во изведувањето на градежните работи.

За Сашко Андреевски, директорот на гимназијата „Кочо Рацин“, реконструкцијата на подовите и фасадата е многу значајна, пред се заради условите на учениците, а и поради заштеда на енергија.

- Изведбата нема да го попречува функционирањето на наставниот процес во училиштето, потенцира Андреевски.

Во истата училишна зграда освен учениците и наставниот кадар на гимназијата „Кочо Рацин“ е сместено и хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ и учат вкупно 1.600 средношколци од Велес и околните населени места. /Извор: МИА/

Пиоли пред реваншот со Рома: Ова е одлучувачки момент за европските амбиции на Милан

 Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, ги искажа своите очекувања за вечерашниот натпревар со Рома.

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа, Милан загуби на домашен терен од Римјаните со резултат 0:1.

- Одам на овој натпревар со самодоверба бидејќи знам за што се способни моите играчи. Сигурен сум дека знаат што да прават на вакви важни натпревари. Мора да подобриме некои ситници во однос на првиот натпревар. Ова е одлучувачки момент за нашите европски амбиции. Мора да ги покажеме нашите најдобри квалитети на теренот и да ја исцедиме секоја последна капка пот, изјави тренерот на Милан.

Натпреварот на „Олимпико“ во Рим ќе почне во 21 часот.

За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела Македонија

Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на цчерашниот ден биле казнети 140 возачи.

Како што соопштија од МВР, од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ

Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ, Реал го освојуваше трофејот во претходните два наврата.

Карло Анчелоти е првиот тренер кој три пати го исфрли Пеп Гвардиола од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид под водство на Италијанецот синоќа го победи Манчестер сити на пенали во четвртфиналето на елитното фудбалско натпреварување.

Претходно Реал предводен од Анчелоти го исфрли Гвардиола од полуфиналето во 2022 година, како и од полуфиналето во 2014 година кога го предводеше Баерн. Во двата случаи, Реал на крајот го освои трофејот.

Сезонава Реал Мадрид во полуфиналето ќе се сретне со Баерн Минхен.

Во другото полуфинале ќе играат Пари Сен-Жермен и Борусија Дортмунд.

притисни ентер