Состанок на Комисијата за изготвување на Граѓанскиот законик

Граѓанскиот законик на Република Македонија ќе претставува единствен систем на граѓанско-правни норми составен од пет дела со кои ќе се регулираат облигационо правните односи, наследно правните односи, семејно правните односи, стварно правните односи и Општиот дел на Граѓанското право.

Ова го истакна министерот за правда Блерим Беџети, кој денеска учествуваше на седницата на Комисијата за изготвување на Граѓанскиот законик во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Тој додаде дека Комисијата, која почна со работа во 2011, за период од пет години треба да го изготви комплетно Граѓанскиот законик, меѓутоа, нагласи, за нецели три години од нејзиното формирање Комисијата успеа да комплетира значајни делови од законикот.

- На седницата беше заклучено во наредниот период овие делови да бидат ставени на јавна расправа, која ќе трае 3 месеци и со која ќе се овозможи целата експертска фела и лицата кои се дел од правната професија од земјата и странство да го дадат својот придонес во подобрување на предлог текстот, стои во соопштението од Министерството за правда.

Во однос на идните активности, се додава, беше заклучено Комисијата да се фокусира на изготвувањето на останатите делови од Граѓанскиот законик: семејното право, стварното право и Општиот дел на граѓанското право.

Во текот на наредната година Комисијата за изготвување на Граѓански законик во соработка со Министерството за правда ќе организираат меѓународна конференција на која врвни експерти и професори од оваа област од земјата и странство ќе можат да дадат придонес во кодификацијата на граѓанското право. Процесот на изготвување на Граѓанскиот законик треба да биде комплетиран на почетокот на 2016 година кога Република Македонија ќе добие Граѓански законик во кој ќе бидат интегрирани нормите кои ги уредуваат граѓанско правните односи во единствен систем.

Комисијата за изготвување на Граѓански законик, беше формирана со одлука на Владата на Република Македонија на почетокот на 2011 година. За нејзин претседател беше именуван професор доктор Гале Галев, а во неа членуваат врвни професори и експерти на правни науки од земјата, како и надворешни соработници, професори и експерти од Сојузна Република Германија, Франција, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Бугарија. /Извор: МИА/

Алегри по ремито со Каљари: На полувремето требаше сите да бидат сменети, вклучително и јас

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се осврна на синоќешниот натпреварот со Каљари на којшто неговиот тим се спасуваше од пораз.

Средбата од 33. коло во Серија А заврши 2:2, а Јувентус изедначи во последните минути со автогол на Алберто Досена.

- Пропуштивме седум контранапади и постојано грешивме. Требаше да се бориме, но не влеговме во дуел-игра и ја направивме секоја можна грешка од технички аспект. Во вториот дел играта се промени и се подобривме. Не можете да му го дозволите на противникот таков почетокот на натпреварот на противникот. Примивме два гола. Секогаш е тешко да се игра и да се победи во Каљари. Фудбалот е тежок спорт кој се состои од дуели. Моравме да бидеме на нивното ниво, можеби да играме потехнички.

На полувреме мораше сите да бидат заменети, вклучително и јас. Сега ни преостанува борбата за место кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите. Што се однесува до купот, мислам дека со една нога сме во финалето, рече Алегри.

На 23 април торинскиот тим ќе игра со Лацио во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар заврши со резултат 2:0 во корист на Јувентус.

На табелата во Серија А, Јувентус е трет со 64 бодови. Пред него се Милан со 69 и Интер со 83. /МИА

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар во сабота во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која се лекува во Барселона.

Настанот е во организација на сите осум основни училишта на подрачјето на општина Центар и со поддршка на Општина Центар.

Кара е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар, а поради сериозни компликации во моментот е хоспитализирана на клиниката во Барселона поради дијагностицирање на нејзината болест.

- Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно, пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара, информираат од Општината.

Њу Орлеанс последен избори плејоф во НБА-лигата

Кошаркарите на Њу Орлеанс пеликанс рано утрово забележаа победа над Сакраменто кингс со 105:98 во плејин натпреварот одигран на домашен терен.

Најефикасен играч на натпреварот беше Де'Арон Фокс ос Сакраменто кој постигна 35 поени.

Во победничкиот состав се истакна Брендон Инграм со 24 поени.

Пеликанс се пласираа во плејофот каде во првото коло ќе играат против Оклахома.

Покрај Њу Орлеанс место во разигрувањето за трофејот преку плејин обезбедија и Лос Анџелес лејкерс, Мајами Хит и Филаделфија.

Плејофот во најсилната кошаркарска лига на светот почнува вечер со натпреварите:

Кливленд кавалирс – Орландо меџик и

Минесота тимбервулвс – Феникс санс. /МИА

притисни ентер