Предлог-буџетот на Собранието за 2014 проектиран на 688,3 милиони денари

Предлог-Буџетот на Собранието на Република Македонија за 2014 година изнесува 688,3 милиони денари од кои 665,6 од буџетската сметка, а останатите средства од донации.

За плати, наемнини и надоместоци предвидени се 258,3 милиони денари, нешто пониско од лани. За стоки и услуги 190,8 милиони денари што, според претставничката на Министерството за финансии, е зголемување за 12 проценти во споредба со минатата година со цел да се обезбеди нормално функционирање на активностите на Собранието. За функционирање на канцелариите со контакти со граѓаните планирани се за четири проценти повеќе средства од лани. За капитални инвестиции се планирани 216 милиони денари, во согласност со барањата на Собранието и тие се главно за довршување на собраниската зграда во наредната година.

Пратениците на денешната седница на Буџетскиот совет на Собранието посочија дека Владата предвидела помалку средства од она што било предложено од страна на Собранието. Забележаа што исто така не се предвидени доволно средства за канцеларии на пратениците. Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија рече дека треба да се разгледаат сите можности за обезбедување средства за сите пратеници да имаат свои канцеларии. - Неприфатливо е некој пратеник да нема канцеларија, смета таа.

Марјанчо Николов од СДСМ побара од пратениците заедно амандмански да интервенираат за, како што рече, Собранието да може нормално да функционира. во 2013 година Буџетот на Собранието изнесувал 681 милиони денари, а оваа година 665 без донации.

- Ако не сте подготвени, ќе го ставам под прашање функционирањето на Буџетскиот совет, рече Николов, кој исто така забележа дека сите пратеници треба да имаат свои канцеларии.

Претседателката на Буџетскиот совет Сузана Салиу рече дека и покрај тоа што се одобрени помалку средства од оние што се побарани, Собранието ќе биде функционално.

Според претставничката од Собранието на Република Македонија одговорна за финансиите, долгот на оваа институција изнесува околу 50 до 60 милиони денари, најголем дел за патни трошоци на пратениците и за користење возила на Владата. Средствата што Министерството за финансии не ги одобрило од барањето на Собранието најмногу се однесуваат на опремувањето на новите парламентарни сали./Извор МИА.

Поради технички проблем граѓаните плаќаат по неколку пати за едно возење со ЈСП

За едно возење со автобус, преку мобилен телефон им било наплатено повеќе од 100 денари. Проблемот со валидаторите за наплата во автобусите на ЈСП, ги збуни граѓаните во Скопје.

-Дел од граѓаните се жалат дека не можат да платат карта во автобус со мобилен телефон. На некои од нив, ни по еден ден не им стигнала смс-пораката

До редакцијата на Канал 5 пристигнаа фотографии на граѓани, кои покажуваат како им стигнале неколку пораки за платен билет, едноподруго, иако одамна ги искористиле услугите на јавниот превоз.

Некои од луѓето кои ги анкетиравме велат дека немале никаков проблем при наплата на билет, додека пак останатите со соочиле со ваква ситуација. Од страв да не бидат фатени од контрола на ЈСП, морале да слезат неколку постојки порано.

Од ЈСП во текот на вчерашниот ден најавија дека можни се технички проблеми поради надградба на системот. Апелираа до корисниците на јавниот превоз – да го пријават случајот на мејлот аскопска@јсп.ком.мк. Ги запрашавме: колку лица досега пријавиле дека имале проблем со плаќањето.

Од Јавното сообраќајно претпријатие уверуваат дека во иднина нема да има никакво проблеми со валидаторите, и граѓаните без проблем ќе можат да ги користат.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

притисни ентер