Пензионерите и догодина на бесплатна бањско-климатска рекреација

Проектот Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија ќе продолжи и во 2014 година.

Повикот за користење на услугата за наредната година ќе биде објавен во јануари. Досега за четири години, период во кој што се спроведува овој проект, можноста за користење на услугата бањско-климатска рекреација ја искористиле 5.500 лица за што од буџетот биле издвоени 30 милиони денари.

- Пројавениот интерес на корисниците на пензија за користење на услугите во 2010, 2011, 2012 и 2013 година потврдува дека има потреба од продолжување на проектот и во наредната 2014 година за што се обезбедени средства од буџетот. Зависно од интересот што ќе биде постои можност од дополнително проширување на опфатот на пензионерите, истакна на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Тој потенцира дека реализацијата на овој проект има двоен ефект, односно дека покрај тоа што се овозможува бањско-климатска рекреација на корисниците на пензија, истовремено се развива и бањско-климатскиот туризам, а правните лица коишто ја даваат оваа услуга имаат сигурни финансиски приходи во текот на целата година.

- Министерството за труд и социјална политика ќе направи се и натаму да овозможи на пензионерите и старите лица целосна интеграција во општеството поради нивниот придонес кон нашата држава, рече Спасов.

Услугата на бањско-климатска рекреација овозможува шест полни пансиони, бањска терапија, задоложителен здравствен преглед, трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта од местото на живеење на корисникот до установата во која се користи услугата. Пензинерите кои користат паричен надомест за помош и нега од друго лице имаат правона придружник за време на банско климатската рекреација.

Услугата се остварува во Негорски бањи, Дебарски бањи Цапа, Катлановска бања и Цар Самоил.

Уставен донесе одлука граѓаните со попреченост над 65 год. да добијат надоместок согласно Закон

Уставен донесе одлука граѓаните со попреченост над 65 години да добијат надоместок согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани.

Уставниот суд го поништи член 3 став 1 точка 2 во делот „најмногу до 65 годишна возраст” од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани со што граѓаните со попреченост над 65 години кои не добиле надоместок, сега имаат можност да побараат да им се исплати надоместокот во изминатиот период, од кога Законот е влезен во правна сила.

Според член 3 став 1 точка 2 од Законот „корисници на правото на надоместок заради попреченост” се лица со навршена 26 годишна возраст, а најмногу до 65 годишна возраст, со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице, согласно со податоците од евиденцијата на центрите за социјална работа.

Од содржината на погоре наведениот член од Законот произлегува дека во групата корисници на правото на надоместок заради попреченост, не спаѓаат лицата над 65-годишна возраст, а со тоа овие лица се исклучени од финансиската поддршка согласно со Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани.

Судот оценил дека со таа одредба e нарушенa темелната вредност на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и принципот на правната сигурност на граѓаните во остварувањето на правата од социјалната сфера.

- Со исклучувањето на овие лица од единствената категорија корисници на правото на надоместок заради попреченост, според Судот, создава и нееднаков третман помеѓу лицата кои се наоѓаат во иста правна положба (сите се корисници на правото на надоместок заради попреченост), но едни можат да остварат право на финансиска поддршка, а други не можат, исклучиво заради возраста, стои во соопштението од Уставен суд.

Во декември 2022 година Уставниот суд го укина став 2 од членот 44 од Законот за социјална заштита, кој оневозможуваше лицата со попреченост над 65 години да остварат право на надоместок поради попреченост.

МИА претходно пишуваше за Законот за социјална заштита, конкретно за горенаведениот ограничувачки став за пристап и остварување на правото на надоместок заради попреченост кој содржеше нееднаквост, односно дискриминирачка одредба кон останатите лица кои го остваруваа ова право.

Се зголемува „Европскиот фронт“ на ДУИ

Се зголемнува Европскиот фронт на Ахмети.

. Денес Интергративците портпишаа договор за заеднички настап на изборите и со Движење на Турците за правда и демократија. Настанот кој се уште трае го следи Ивана Стојановска.

Што беше кажано на настанот?

Алонсо: Останувам во Леверкузен, тоа е вистинското место за мене

Чаби Алонсо ја потврди својата одлука да остане на чело на Баер Леверкузен. Така, тој ја пропушта можноста да ги преземе Ливерпул или Баерн Минхен, кои уште од летото го посакуваа во своите редови и влегоа во преговори со него.

Тој во принцип има договор со „аспирините“ до крајот на сезоната 2025/26. Според информациите во летото 2025 година во неговиот договор ќе биде активирана клаузула според која тој ќе може да замине како слободен агент.

Шпанецот моментално го води Баер до титулата во Бундеслигата, со солидна предност од 10 бода пред второпласираниот Баерн на осум кола до крајот. Одделно, тимот е во четвртфиналето на Лига Европа и е во полуфиналето на Купот на Германија.

Чаби Алонсо го води Леверкузен од октомври 2022 година.

притисни ентер