Доделени 80 стипендии за Технолошко металуршкиот факултет

Како резултат на соработката меѓу Министерството за образование, технолошко - металуршкиот факултет и бројни реномирани македонски компании,продолжи стипендирањето на студенти од четиригодишната програма со која се обезбедени вкупно 80 стипендии.

Технолошко - металуршкиот факултет втора година по ред додели стипендии на студенти во прва година кои се добиени врз основа на меморандум потпишан со Министерството за образование и наука, УКИМ и 23 компании од Македонија.

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски на денешното доделување истакна дека оваа година се доделуваат 25 стипендии од министерството, 45 од компаниите и 10 стипендии од УКИМ за студенти што студираат на Технолошко-металуршкиот факултет.

- Студентите кои својата перспектива одлучиле да ја развиваат во рамките на техничките струки, кои се исклучително дефицитарни на пазарот на труд, се струки кои во најголем процент обезбедуваат сигурна работа по дипломирањето на студентите во компаниите, рече Ристовски.

Нагласи дека овие понудени можности придонеле бројот на студенти на овој факултет во последните две години да се зголеми за 100 отсто.
Министерот се заблагодари на компаниите кои ги доделуваат стипендиите и посочи дека тоа се општествено одговорни компании кои што на најправилен начин продуцираат кадар кој потоа го вклучуваат во рамки на сопствените редовни работни процеси.

Деканот на Технолошко-металуршкиот факултет Александар Димитров посочи дека стипендиите се од огромно значење за факултетот, бидејќи се зголемува интересот за него.

- Бројот на студенти што се запишаа оваа година е зголемен во однос на минатата и не само тоа, речиси 70 проценти од запишаните студенти се со одличен успех, истакна Димитров.

Појасни дека со стипендиите на студентите им е обезбедена и практична обука, а во четврта година од студирањето ќе им биде дозволено дипломскиот труд да го изработат во компаниите. /МИА/

(21.05 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 61% : Силјановска 246977 , Пендаровски 115722гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 60 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 130.000 гласови пред Пендаровски

ДИК : Силјановска Давкова со 37,07% , Пендаровски 18,29 % од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 50,24 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 37,07%

На второ место е Стево Пендаровски со 18,29 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 16,33 % , Максим Димитриевски 7,87% , Арбен Таравари 12,07 % , Билјана Ванковска 4,38 % и Стевчо Јакимовски 0,97%.

притисни ентер