Груевски: Индустрискиот раст покажува дека реформите даваат резултати

Реформите даваат добри резултати и земјава оди во добар правец. Ова е ставот на премиерот Груевски, по објавените статистички податоци за раст на индустриското производство од 5, 1% во септември споредено со истиот месец лани.

Позитивен сигнал според премиерот е зголемениот број работници во индустријата за 1, 3 % во септември во однос на идниот период лани.

„Иако во ЕУ се уште не е надмината европската должничка криза и последиците коишто доаѓаат од таа криза, се чини Македонија влегува во една подобра фаза и е влезена веќе во една подобра фаза што дава надеж дека заедно со движењето на европската економија во еден добар правец, а таму веќе има предвидувања дека работите ќе одат кон подобро во следната година, дека и следната година ќе имаме добар раст на економијата и на индустриското производство“, изјави Никола Груевски, премиер на Р. М

Резултатите за индустриското производство, освен што даваат добра перспектива за домашната економија, според Груевски ќе значат и добар сигнал како за странските така и за домашните инвеститори кои чекаат погоден момент за реализација на своите развојни планови.

Мицкоски: Разликата по вчерашниот изборен ден е цунамито кое се крева, народот се излеа

Над 180 илјади разлика е доволен показател за само едно, народот е на нозе и народот се крена против оваа власт, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Кичево.

„Оние кои што се удираа во гради дека ќе сме се сокриеле после изборниот ден, јас денес не ги гледам. Сокриени коваат сценарија за бојкот, на врата се пред Мала речица да ги молат за гласови, како што ги молеа за тендери. Но, народот е посилен и од тие стотина луѓе од ДУИ кои управуваат со државата и од тој артаноиден режим“, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски разликата по вчерашниот изборен ден е толку изразена, што е поголема од вкупниот број на гласови на Пендаровски освоен на изборите.

„Ова е цунамито кое се крева и кое ќе се удри од главата на оваа власт. Народот се излеа и тоа незадоволство и тој бран на промени ќе ги порази. Сакам да предупредам дека работата не е воопшто завршена. Потребно е жолтиот картон да стане црвен. На 8 мај потребно е масовно да се излезе и да се гласа за промени“, вели Мицкоски.

Мицкоски укажа дека е многу важно разликата да биде уште поголема.

„Затоа што добивам информации за црни сценарија кои се коваат во противничките штабови и да им кажам колку и тие да планираат такви сценарија, народот уште пожестоко ќе ги казни. Излезот власта го гледа во две работи. И двете се губитнички сценарија. Првото е бојкот на изборите каде што најисправниот одговор треба да биде излезноста и масовноста на овие избори. Второто сценарио е играњето со белезите на Македонија и великодушните понуди што овој пат ги добива ДУИ за сметка на Македонија од СДСМ за еден партнерски настап и взаемна поддршка на изборите“, кажа Мицкоски.

Мицкоски кажа дека двете сценарија им се за тоа како ДУИ и СДСМ да извлечат некаква полза, за сметка на пропаста и назадувањето на државата.

„Тоа нема да го дозволам. И затоа одговорот е масовна излезност на 8 мај“, порача Мицкоски кој заклучи: „да покажеме заедно дека силата на Македонија е во нас, во сите нас заедно, и да бидеме пример на сите идни генерации“, се наведува во партиското соопштение.

Истовремено експлодираа четири области на Сонцето- дали соларните факели ќе ја погодат Земјата

На 23 април, опсерваторијата за соларна динамика на НАСА (СДО) открила редок феномен: четири огромни региони на Сонцето експлодираат истовремено.

Ерупциите на Сонцето се вообичаени, особено околу врвот на циклусот на активност на Сонцето, познат како сончев максимум. За време на овој дел од циклусот Шваб, сончевите дамки и короналните експлозии се случуваат редовно, понекогаш создавајќи спектакуларни поларни светлини и затемнување на Земјата, пишува IFL Science.

Сончевите дамки се области каде што магнетното поле е 2.500 пати посилно од Земјиното, многу посилно од кое било друго место на Сонцето. Поради силното магнетно поле, магнетниот притисок се зголемува додека околниот атмосферски притисок се намалува. Ова ја намалува температурата во однос на околината бидејќи концентрираното магнетно поле го спречува протокот на врел, нов гас од внатрешноста на површината на Сонцето.

Резултатот е огромни експлозии на површината. Ретко, парови експлозии се случуваат истовремено, познати како „симпатични соларни изливи“. Се сметало дека тоа е случајност, но тие се случуваат бидејќи се поврзани со магнетни јамки.

Уште поретко, може да се појават повеќе од две во исто време, што е познато како суперсимпатичен сончев одблесок.

Во моментов не е јасно дали фрагменти од тие соларни факели ќе ја погодат Земјата, иако Spaceweather.com известува дека ако се случи, тоа ќе се случи на 26 април. Како и кај повеќето геомагнетни бури, веројатно нема ништо да се грижите - освен ако не ви пречи особено убавината на поларната светлина или малите проблеми со електричните мрежи и радио комуникациите.

Понекогаш, сепак, може да се случи Карингтонова бура - голема соларна бура која би претставувала поголем проблем.

Девојка од Украина е фатена како си го продава 2 – годишниот син, барала за него 23.500 евра

Во украинскиот град Днипро, 19-годишна жена се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесуваат украинските медиуми.

Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. Деветнаесетгодишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата привела маж додека носел пари на договорената локација.

Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што би ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.

Детето е приведено во полиција и предадено на надлежните органи. Неговата мајка е обвинета за трговија со луѓе.

притисни ентер