Македонија, Албанија и Косово за меѓугранично заштитено подрачје Шар Планина – Кораб – Дешат

Министрите за животна средина и просторно планирање на Македонија Абдилаќим Адеми, неговиот колега од Република Албанија Лефтер Кока и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање на Косово, Шпатим Руди денеска на Попова Шапка го одржаа вториот трилатерален министерски состанок во врска со предложеното меѓугранично заштитено подрачје Шар Планина – Кораб – Дешат.

Министерот Адеми нагласи дека станува збор за заеднички проект за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје.

- Албанија и Косово од своја страна имаат веќе прогласено дел од територијата за вакво подрачје, останува од македонска страна тоа да се направи во соработка со УНЕП, невладините организации и локалните самоуправи и нашето Министерство. Имаме изградено заеднички став дека дел од Шар Планина заслужува да се заштити со што ќе се придонесе во заштита на природата, но и за економски развој на подрачјето со развој на еко-туризмот и промоцијата на природното и културното наследство, изјави Адеми, изразувајќи надеж дека многу скоро ќе достават информација до Владата за отпочнување на постапка за прогласување на Шара како национален парк.

Во однос на ставот на месното население, Адеми рече дека во соработка со германската невладина организација „Еуронатур“ биле организирани повеќе средби низ местата на живеење на Шара и оти ставот на жителите полека се менува во прилог на идејата за прогласување заштитено подрачје бидејќи со тоа нема да им се нанесе штета на користењето на имотите и движењето на месните жители.

- Природата во нашите земји е прекрасна и со вакви проекти се придонесува за добрососедски односи. Со прогласувањето на заштитена зона и од македонска страна се проширува регионот со кој се заштитува оваа прекрасна природа, а ние заеднички ги делиме водните ресурси, шумите и другите елементи од животната средина, така што заеднички треба да придонесеме и за нивна заштита, рече министерот Кока.

Според Шпатим Руди ова што го имаме е подарок од природата и треба да работиме на негова заштита.

– Од наша страна делот од Шара е прогласен за Национален парк, со што ние ги исполнуваме и европските стандарди кои предвидуваат дека 10 проценти од територијата треба да биде заштитено подрачје. Се надевам дека овој позитивен пример ќе се операционализира и во Македонија, а покрај заштитата на природното богатство ќе се овозможи и развој на еколошкиот и планинскиот туризам со што и жителите ќе имаат корист, рече Руди.

Пјер Карло Сандеј, претставник на УНЕП, канцеларија на ОН во Виена истакна дека втората конференција е најдобро организирана досега бидејќи има министри и заменик-министер од сите земји, но и други надлежни фактори кои можат да придонесат во заштитата на природата.

- Се надевам дека и македонската страна ќе го прогласи својот дел за национален парк, но и ќе најде вистинска рамнотежа помеѓу заштитата на биодиверзитетот и природата и економскиот развој на регионот, рече Сандеј.

За Љупчо Меловски од Македонско еколошко друштво меѓуграничната соработка со прогласување на трансгранично заштитено подрачје помеѓу Македонија, Албанија и Косово може да придонесе за ефикасна заштита на биодиверзитетот бидејќи на големите цицачи им е потребен поголем простор за живот, а токму овој триаголник Шара – Кораб – Дешат е единственото место каде што опстојува балканскиот рис.

– Ние добиваме значајна поддршка за нашата иницијатива од меѓународната заедница како што е Канцеларијата на УНЕП од Виена, така и германската невладина организација „Еуронатур“ и се надевам дека со секој ваков собир на високо ниво сме се поблиску до прогласување на Шара за национален парк, рече Меловски.

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ промовираше 12 доктори на науки

Дванаесет доктори на науки денеска промовираше Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип во рамките на одбележување на 17 години од постоењето. 

Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека осум доктори на науки се од медицинските науки, а четворица од останатите факултети на Универзитетот.

-Денеска е денот на нивната промоција во чест на нашиот патрон празник, како Универзитет еднаш годишно ја вршиме оваа промоција и официјално ги промовираме нивните докторски дипломи. Чест ми е што имаме поголем број на доктори, а посебна чест ми претставува што квалитетот на нивните трудови е препознатлив и прифатлив во реалната пракса и од пошироката наука, вели Мираковски.

Маја Чочевска докторираше на Факултетот за медицински науки отсек Фармација, а какошто вели нејзината теза е од полето на радиофармацијата.

-Јас работев делумно на Универзитетот овдека, делумно во Универзитетскиот институт за позитронска мисиона томографија, бидејќи е единствен институт којшто го работи оваа поле во радиофармацијата и мојата теза беше воведување на нова методолгија во развој која се користи за тумори, вели Чочевска.

Теодоро Топчева е новиот доктор на науки на Машинскиот факултет, а темата на трудот и е мерење и изложеност на работниците на бучава во погон за автомобилска индустрија. Посочува дека трудот го има изработено со помош на лабараторијата АМБИКОН при УГД-Штип, а според истражувањето компаниите треба да водат сметка за бучавата во која работа. Според неа реалниот сектор, а особено големите компании внимаваат и ги почитуваат законските норми.

„Волво карс“ го произведе последниот дизел-автомобил

 Шведската компанија „Волво карс“ им стави крај на дизел-автомобилите, откако последниот теренец „Икс-це-90“ излезе од производната лента во фабриката „Торсланд“ во Шведска вчеравечер како последен дизел-модел од овој автопроизводител, пренесув

- Сосем сме уверени дека имаме многу добри понуди за купувачите, дури и без дизел-возилата, изјави Ерик Северинсон, извршен директор на „Волво“ задолжен за нови автомобили и оперативна стратегија.

Ова го означува крајот на дизел-ерата за брендот „Волво“, кој во иднина планира да произведува само електрични возила.

Поради климатските промени, 90 отсто од традиционалните вински региони ќе исчезнат

Околу 90 проценти од некои од традиционалните региони за производство на вино во светот би можеле да исчезнат во наредните децении поради климатските промени, покажува новото истражување објавено во списанието „Nature Reviews Earth & Environment

Научниците открија дека најзагрозени се крајбрежните региони и рамнините на Италија, Шпанија, Грција и јужна Калифорнија, пренесува Си-Би-Ес.

Конкретно, тие открија дека прекумерната суша и почестите топлотни бранови предизвикани од климатските промени се одговорни за ризикот за производството на вино во овие региони.

Температурата, врнежите, влажноста, радијацијата и нивото на јаглерод диоксид се исто така клучни компоненти на производството на вино, а научниците велат дека тие ќе се променат поради новите климатски услови.

Зголемувањето на температурите може да ги направи другите региони попогодни за одгледување грозје, како што се државата Вашингтон, Орегон, Тасманија и северна Франција.

Научниците предупредуваат дека допрва ќе зависи од тоа колку ќе се покачат температурите, а може да има ризик и за зачувување на животната средина доколку во тие региони започне одгледувањето на винова лоза. п

притисни ентер