Откриено старо интервју: Курт Кобеин како средношколец мислел дека е геј

Во интервју дадено пред 20 години, а кое неодамна е објавено на Јутјуб, Курт Кобеин раскажал нешто и за неговата сексуалност.

Славниот фронтмен на Нирвана, кој почина во 1994 година, во јули 1993 година разговарал со музичкиот новинар Џон Севиџ во Њујорк, а сега е објавена и аудио снимка од интервјуто на Јутјуб. Во неа може да се слушне Кобеин како опишува колку „поинаку“ и отуѓено се чувствувал во средно училиште. Во еден момент Севиџ го прашал дали му пречело што луѓето мислеле дека е хомосексуалец.

„Да, да. Дури и јас самиот мислев дека сум геј. Мислев дека можеби тоа е решението на мојот проблем. Иако никогаш не експериментирав со тоа, имав пријатели кои се геј, но мајка ми не ми дозволуваше да се дружам со нив... бидејќи е хомофоб. Тоа ми беше навистина тешко бидејќи конечно најдов машки пријател кого го прегрнував и со кого можев да ги споделам чувствата и да разговараме за многу работи. Веќе не смеев да се дружам со него“, рекол пејачот.

Ова не било прв пат тој да зборува отворено за неговата сексуалност. Во интервју за Advocate истата таа 1993 година има кажано дека има „геј дух“ и дека „најверојатно е бисексуален“.

Новинар на „Тајмс“: Алонсо не е на потесниот список на замени на Клоп

Продолжуваат шпекулациите околу иднината на тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Шпанскиот стручњак најмногу се поврзува со Баерн Минхен и Ливерпул, а конечната одлука на тренерот кој брка тројна круна со „аспирините“ се уште не е позната.

Сагата помеѓу Ливерпул и Чаби Алонсо доби вистински пресврт бидејќи познатиот новинар Пол Џојс, кој е близок до „црвените“ и работи за „Тајмс“, објави дека шпанскиот тренер нема да се најде на потесниот список на замени на Јирген Клоп.

Тоа е многу остар пресврт од првичните гласини кои го поврзуваа Алонсо конкретно со тимот, но според сите сметки тој изгледа малку веројатно да застане на чело на Ливерпул, а сега се очекува Шпанецот да остане во Баер Леверкузен./МИА

Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија

Најмалку четири лица се удавија во морето поради големите бранови предизвикани од ураганот Нелсон во Шпанија.

Две лица се удавија вчера во градот Тарагона, источна Шпанија и две во регионот Астурија, во северниот дел на земјата.

Невремето зафати неколку шпански региони, а брзината на ветерот достигна 90 километри на час. /МИА

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели. 

Карлос Алкараз беше јасен фаворит во борбата за овогодинешната Мастерс титула во Мајами, но веќе во четвртфиналето се прости од вториот трофеј на тој АТП турнир од серијата 1.000, бидејќи изминатава вечер немаше решение за ударите на Григор Димитров - 0:2 (2:6, 4:6).

И не само тоа, Шпанецот беше толку слаб што по мечот не се срамеше да признае колку бил во сенка на пониско рангираниот бугарин.

- Повторно ме натера да се чувствувам како да имам 13 години. Не се сеќавам дека некој ме натерал да се чувствувам вака. Помина долго време откако се случи такво нешто. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми дозволуваше. Чувствував неверојатна фрустрација, изјави 20-годишниот Шпанец по неговата изненадувачка елиминација.

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели.

- Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Многу е тешко да се направи тоа против него, изјави пресреќниот, но разумен „џелат“ на шампионот на неодамнешниот Мастерс во Индијан Велс.

Димитров за финалето ќе се бори со Александар Зверев од Германија, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат бранителот на тронот Данил Медведев (Русија) и Јаник Синер (Италија). /MИА

притисни ентер