Врачување на државната награда „11 Октомври”

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“ за животно дело за 2013 година, за остварувања во областа на науката и образованието, културата и уметноста, новинарството и публицистиката.
Државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието ќе му биде врачена на проф. д-р Срѓан Керим, економист и дипломат, а за животно дело во областа на културата и уметноста ќе му биде доделена на проф. м-р Решат Амети, ликовен уметник.

Драгослав  Аргировски, новинар и публицист, ќе ја добие највисоката награда за животно дело во областа на новинарството и публицистиката. /МИА/

Уапсен e најголемиот извозник на кокаин од Бразил во Европа

Бразилската полиција денеска во луксузна вила во близина на Рио де Женеиро го уапси најголемиот препродавач на дрога што ја снабдува Европа со кокаин.

Андре де Оливеира Македо, со прекар Андре до Рап, бил „лоциран во неделата наутро во луксузна вила во Ангри дос Реис, одморалиште на 150 километри од Рио“, соопшти Бирото за безбедност на Сао Паоло.

Полицијата заплени хеликоптер и луксузна јахта во близина на вилата.

Инспекторите тврдат дека Андре до Рап бил еден од водачите на ,,Капитал Прва” специјална група (ПЦЦ), моќна криминална група основана во затворите во Сао Паоло.

ПЦЦ, тесно поврзана со калабријската мафија „Ндрангетa“, ja контролирала испорака на кокаин во Европа преку пристаништето Сантос, најголемо во Јужна Америка.

Запленувањето на кокаинот во Бразил се удвои во однос на првата половина од истиот период минатата година, достигнувајќи 25 тони.

Во јули, двајца членови на Ндрангета беа уапсени во близина на Сантос.

Бразилската федерална полиција соопшти дека мафијата од  Калабрија контролира „40 проценти од светската трговија со кокаин, и е главен дистрибутер за Европа“.

Градоначалникот на Њујорк забрани е- цигари поради мистериозната болест кај младите

Градоначалникот на Њујорк, Ендрју Куомо забрани да се продаваат какви било ароми за е- цигари освен никотин и ментол.

Градоначалникот на Њујорк ја презеде оваа мерка , откако стотици млади се разболеа од тешка болест , предизвикана од пушење е- цигари со различни ароми во нив. Ширум САД оваа болест за мнгу крартко време се прошири и веќе ја зема и четвртата жртва.

Сите кои настрадаа од непознатата болест се млади луѓе кои користеле електронска цигара и наеднаш заболеле од тешка форма на труење на органзмот , што не се лекува.

Градоначалникот Куомо вели дека консумирањето цигари , а особено електронски е многу опасно , а загрижува и тоа што слатките и овошни ароми на е- цигарите создаваат зависност од никотин кај младите.

Најмалку 12 загинати во експлозија на автомобил – бомба во близина на турската граница

Во пограничниот сириски град Ал Раи загинаа најмалку 12 лица кога експлодира авотмобил- бомба.

Во експлозијата во близина на болница во градот Ал Раи се повредени 15 лица. Од експлозијата е оштетена и болницата .

Ал Раи е во северозападниот дел на Сирија , под контрола на бунтовници , поддржани од Турција.  

притисни ентер