Министрите ќе им се поклонат на паднатите херои

По повод 11 Октомври - Ден на народното востание, делегации на Владата на Република Македонија утре ќе присуствуваат на одбележувањето на повеќе локации, соопштија од Владата.
Како што е соопштено, во 11:00 часот, пред споменикот на Методија Андонов – Ченто на Плоштад Македонија и на споменикот на Паднатите херои за Македонија во Скопје ќе се поклонат Диме Спасов,  министер за труд и социјална политика, Билјана Бришкоска-Бошкоска, заменик министер за правда и Тахир Хани, министер за локална самоуправа.

Еден час порано, на градските гробишта „Бутел“ – Алеја на великаните на Партизански гробишта ќе ги посетат Владимир Пешевски, заменик на претседател на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Никола Тодоров, министер за здравство и Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација.

Во 11:00 часот во Куманово ќе одат Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи, Драган Недељковиќ, заменик министер за култура и Ибрахим Ибрахими, заменик министер за труд и социјална политика.

Во исто време Прилеп ќе го посетат Зоран Коњановски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ѓоргија Сајкоски, заменик министер за локална самоуправа и Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација.

Паника во Тирана и во Драч по силниот земјотрес (ВИДЕО)

Силен земјотрес е почувствуван во Тирана и Драч околу 21:15 часот.

Јачината  на земјотресот била  5,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во  Драч.

Земјотресот предизвика паника кај граѓаните кои ги напуштија своите домови, известуваат албанските медиуми .

На улиците на двата града имало интензивен сообраќа од жителите , кои се обидуваат да избегаат подалеку од градот.

Засега нема информации за повредени или за причинета штета .

Силен земјотрес од 5 степени по Рихер вечерва го погоди Драч- жителите бегаат во страв (ВИДЕО)

Вечерва во 21,15 часот Драч во соседна Албанија беше погоден од земјотрест од 5 степени по Рихтер. Земјотресот е пчуствуван и во западните делови на Македонија , во Дебарскиот регион.

Телеметриската сеизмолошка мрежа наМакедонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва, 28 јануари 2020 година, во 21 часот и 15 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Албанија, во епицентралното подрачје Драч, 170 km југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, Рихтеровата локална магнитуда изнесува ML=5 степени, а почувствуван е во западните делови на Македонија, особено од населението во Дебар и околината со интензитет од III до IV степени, според Европската макросеизмичка скала, се наведува во соопштението од опсерваторијата. 

Предупредување за цунами во шест држави по земјотресот од 7,4 степени по Рихтер (ВИДЕО)

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени ја погоди областа помеѓу Јамајка и Куба, пренесува CSEM / EMSC.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Земјотресот се случи јужно од Куба и северозападно од Јамајка.

Беше издадено предупредување за цунами за Куба, Јамајка и Кајманските острови. Американскиот геолошки преглед објави дека можни се опасни бранови предизвикани од цунамито.

Издадено е предупредување за цунами со бранови од 0,3 до 1 метар, според американските служби.

Предупредувањето последователно се прошири на Јамајка, Белизе, Куба, Хондурас, Мексико и Кајманските острови.

На EMSC-CSEM, корисниците известуваат дека почувствувале потреси.

притисни ентер