Министерот Адеми се сретна со извршниот директор на РЕЦ Марта Бониферт

Делегација на Република Македонија предводена од министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, која учествува во работата на глобалниот Самит за вода во Будимпешта, денеска оствари работна средба со Марта Бониферт, извршен директор на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) со седиште во Унгарија.
На состанокот, како што информира МЖСПП, присуствувале претставници на Амбасадата на Република Македонија  во Унгарија, на Министерството и на РЕЦ задолжени за прашања од областа на управувањето со водите.

Министерот Адеми изразил задоволство од долгогодишната успешна соработка меѓу  Министерството и РЕЦ  на  регионално ниво, но и на национално преку соработка со Канцеларијата на РЕЦ во Република Македонија во реализација на национални проекти.

Како успешни заеднички проекти  на средбата биле истакнати  активностите во образованието за одржлив развој, реализирани преку имплементацијата на  Зелениот пакет за  образование (Green Pack), финансиран од страна на Владата на Австрија, Зелен пакет јуниор, негово издание наменето за најмладата популација на ученици и посебно специјалното издание наменето за деца со оштетен вид. Министерот Адеми ја истакнал важност на воведување на еколошкото образование во образовниот процес од најмала возраст, како најуспешна алка во процесот на подигањето на свеста за животната средина.

Министерот Адеми информирал за тековните активности на Министерството во оваа  област,  напредокот  во однос на законодавната рамка  и  нејзината имплементација,  со нагласување на напредокот во тековниот процес на воспоставување на тела за управување со речните сливови и изработка на планови за нивно управување.

Од РЕЦ, како што се наведува во соопштението, информирале за искуствата,  тековните и планирани проекти во оваа област. Се дискутирало и за можностите за соработка,  особено  поддршка во  иницирање и реализација на проекти од областа на управување со водите во прекуграничен контекст,  како што е проектот за реката Лепенец,  кој е приоритет  во рамки на билатералната соработка во областа на животната средина меѓу  Република Македонија и Косово, зајакнување на капацитетите на  инспекциските служби во оваа област, како и важноста на реализација на проекти со регионална димензија. 

Уапсен e најголемиот извозник на кокаин од Бразил во Европа

Бразилската полиција денеска во луксузна вила во близина на Рио де Женеиро го уапси најголемиот препродавач на дрога што ја снабдува Европа со кокаин.

Андре де Оливеира Македо, со прекар Андре до Рап, бил „лоциран во неделата наутро во луксузна вила во Ангри дос Реис, одморалиште на 150 километри од Рио“, соопшти Бирото за безбедност на Сао Паоло.

Полицијата заплени хеликоптер и луксузна јахта во близина на вилата.

Инспекторите тврдат дека Андре до Рап бил еден од водачите на ,,Капитал Прва” специјална група (ПЦЦ), моќна криминална група основана во затворите во Сао Паоло.

ПЦЦ, тесно поврзана со калабријската мафија „Ндрангетa“, ja контролирала испорака на кокаин во Европа преку пристаништето Сантос, најголемо во Јужна Америка.

Запленувањето на кокаинот во Бразил се удвои во однос на првата половина од истиот период минатата година, достигнувајќи 25 тони.

Во јули, двајца членови на Ндрангета беа уапсени во близина на Сантос.

Бразилската федерална полиција соопшти дека мафијата од  Калабрија контролира „40 проценти од светската трговија со кокаин, и е главен дистрибутер за Европа“.

Градоначалникот на Њујорк забрани е- цигари поради мистериозната болест кај младите

Градоначалникот на Њујорк, Ендрју Куомо забрани да се продаваат какви било ароми за е- цигари освен никотин и ментол.

Градоначалникот на Њујорк ја презеде оваа мерка , откако стотици млади се разболеа од тешка болест , предизвикана од пушење е- цигари со различни ароми во нив. Ширум САД оваа болест за мнгу крартко време се прошири и веќе ја зема и четвртата жртва.

Сите кои настрадаа од непознатата болест се млади луѓе кои користеле електронска цигара и наеднаш заболеле од тешка форма на труење на органзмот , што не се лекува.

Градоначалникот Куомо вели дека консумирањето цигари , а особено електронски е многу опасно , а загрижува и тоа што слатките и овошни ароми на е- цигарите создаваат зависност од никотин кај младите.

Најмалку 12 загинати во експлозија на автомобил – бомба во близина на турската граница

Во пограничниот сириски град Ал Раи загинаа најмалку 12 лица кога експлодира авотмобил- бомба.

Во експлозијата во близина на болница во градот Ал Раи се повредени 15 лица. Од експлозијата е оштетена и болницата .

Ал Раи е во северозападниот дел на Сирија , под контрола на бунтовници , поддржани од Турција.  

притисни ентер