Во Прилеп се чествуваше празникот 11 Октомври

Во центарот на Прилеп вечерва се одржа централната прослава по повод 72-годишнината од почетокот на народното востание за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор.
Покрај традиционално импровизираниот напад, имаше и огномет, како потсетување на историските настани од 41-та кога со нападот на тогашната бугарска полициска станица Участакот, денес Меморијален музеј „11 Октомври“ почна востанието.

- Прилеп се гордее со улогата што ја има во историските настани за почетокот на антифашистичката борба. Го чува заветот на предците кои ги извојуваа битките за слободна и независна држава. Денешните генерации имаат нови битки–за подобар живот, за економски просперитет. Градот се издигнува во современо и модерно место, се обидуваме да ја подобриме економската слика и да ги решаваме проблемите, рече градоначалникот Марјан Ристески кој им го честиташе празникот на прилепчани.

Вечерва и преку цел ден граѓани и ученици го посетуваа Меморијалниот музеј „11 Октомври“. Приредбата на камената бина на плоштадот „Александрија“ ја збогатија учесниците - деца од повеќе земји на годинашниов меѓународен фестивал „Ѕвездички“ кој почнува утревечер. Настапи и октетот „Прилеп“.

Прилеп утре ќе им оддаде почит на жртвите на фашизмот, на борците пред Могилата на непобедените и алејата на народните херои во Паркот на револуцијата. Делегации на борците, локалната самоуправа, политички партии и граѓани ќе положат цвеќиња на Могилата на непобедените, пред спомениците на Кузман Јосифоски-Питу и на Методија Андонов-Ченто. Првпат на празникот во центарот на градот македонската армија ќе има изложба на оружје и демонстрација на подготвеноста на своите единици.  /Извор: МИА/

Уапсен e најголемиот извозник на кокаин од Бразил во Европа

Бразилската полиција денеска во луксузна вила во близина на Рио де Женеиро го уапси најголемиот препродавач на дрога што ја снабдува Европа со кокаин.

Андре де Оливеира Македо, со прекар Андре до Рап, бил „лоциран во неделата наутро во луксузна вила во Ангри дос Реис, одморалиште на 150 километри од Рио“, соопшти Бирото за безбедност на Сао Паоло.

Полицијата заплени хеликоптер и луксузна јахта во близина на вилата.

Инспекторите тврдат дека Андре до Рап бил еден од водачите на ,,Капитал Прва” специјална група (ПЦЦ), моќна криминална група основана во затворите во Сао Паоло.

ПЦЦ, тесно поврзана со калабријската мафија „Ндрангетa“, ja контролирала испорака на кокаин во Европа преку пристаништето Сантос, најголемо во Јужна Америка.

Запленувањето на кокаинот во Бразил се удвои во однос на првата половина од истиот период минатата година, достигнувајќи 25 тони.

Во јули, двајца членови на Ндрангета беа уапсени во близина на Сантос.

Бразилската федерална полиција соопшти дека мафијата од  Калабрија контролира „40 проценти од светската трговија со кокаин, и е главен дистрибутер за Европа“.

Градоначалникот на Њујорк забрани е- цигари поради мистериозната болест кај младите

Градоначалникот на Њујорк, Ендрју Куомо забрани да се продаваат какви било ароми за е- цигари освен никотин и ментол.

Градоначалникот на Њујорк ја презеде оваа мерка , откако стотици млади се разболеа од тешка болест , предизвикана од пушење е- цигари со различни ароми во нив. Ширум САД оваа болест за мнгу крартко време се прошири и веќе ја зема и четвртата жртва.

Сите кои настрадаа од непознатата болест се млади луѓе кои користеле електронска цигара и наеднаш заболеле од тешка форма на труење на органзмот , што не се лекува.

Градоначалникот Куомо вели дека консумирањето цигари , а особено електронски е многу опасно , а загрижува и тоа што слатките и овошни ароми на е- цигарите создаваат зависност од никотин кај младите.

Најмалку 12 загинати во експлозија на автомобил – бомба во близина на турската граница

Во пограничниот сириски град Ал Раи загинаа најмалку 12 лица кога експлодира авотмобил- бомба.

Во експлозијата во близина на болница во градот Ал Раи се повредени 15 лица. Од експлозијата е оштетена и болницата .

Ал Раи е во северозападниот дел на Сирија , под контрола на бунтовници , поддржани од Турција.  

притисни ентер