Адмирал Килинган: АРМ има значајна улога во операциите на НАТО

Kомандантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Брус Клинган, денеска во рамки на дводневната официјална посета на Македонија, имаше средба со началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески и со министерот за одбрана Талат Џафери.

На средбите, како што соопштија од Министерството за одбрана, пред адмиралот Клинган се презентирани трансфомацијата на АРМ, искустватата од мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ООН, декларираните капацитети на АРМ за поддршка и учество во мисиите и учеството во пост-ИСАФ.

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Котески ја потенцирал заложбата и аспирациите на Република Македонија за полноправно членство во НАТО, како и посветеноста на АРМ за понатамошно одржување на достигнатите интероперативност и оперативна способност за учество во мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ООН.

Тој посебно го нагласил спроведувањето на Концептот за оперативни способности на НАТО, кој АРМ доследно го применува за оценување на своите декларирани единици, при што потсетил на претстојното оценување на средната баталјонска пешадиска група и полската болница - рол 2 кое ќе се реализира во текот на месецов.

Адмиралот Клинган истакна дека е импресиониран од придонесот кој Република Македонија и АРМ го даваат со учеството во мировните мисии, додавајќи дека соработката со АРМ игра значајна улога во реформските процеси на Армијата, како и во донесувањето на важни одлуки во планирањето на операциите на Алијансата.

Тој искажал благодарност за поддршката на АРМ на силите на КФОР во Косово, како и за придонесот во мисиите АЛТЕА во Босна и Херцеговина и ИСАФ во Авганистан, додавајќи дека денешната посета ќе даде нов импулс во односите помеѓу Командата на здружените сили на НАТО во Неапол и АРМ. /Извор: МИА/

Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот

Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. 

Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража.

Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.

Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.

Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Да му помогнеме на малиот Војдан, кој треба да оди на рехабилитација во Загреб

Малиот Војдан, заради рехабилитација од церебрална парализа, на 06 мај треба повторно да патува во Загреб, каде што одат секој месец. 

Фондот за здравство ги одбил, бидејќи не се работело за операција. Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука

Контактите од Марија Спасовска, мајката на Војдан се:

[email protected]

072221907

ДИК: Подносителите на листите имаат право на приговор во рок од 48 часа

Претседателот на Дражавната изборна комисија Александар Даштевски со најнови податоци за првиот круг од претседателските избори, што се одржаа вчера.

Даштевски ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите по вчерашното гласање во првиот круг на претседателските избори. Излезноста била 49,93%.

притисни ентер