Европратениците Келам и Кестлер: Грција се однесува антиевропски и треба да и се каже „доста е“

Претседавањето на Грција ќе биде искористено за вршење притисок во форма на прашања за тоа зошто Атина го попречува проширувањето на ЕУ и не го почитува меѓународното право.

Ова го истакна германскиот европратеник Мартин Кестлер на заедничката прес-конференција денеска заедно со неговиот естонски колега Туне Келам и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Тој смета дека е срамно она што и се случува на Македонија и нејзиниот народ во однос на евроинтеграцијата бидејќи тоа што го прави Грција не е во склад со европските вредности.

Европратеникот Келам, пак, оцени дека се повеќе се шират пријателите на Македонија низ Европа и укажа дека нема безнадежни ситуации и нема место за депресија и цинизам. Вложените напори, посочи Келам, кои порано или подоцна ќе се исплатат.

- Судбината на Македонија е судбина на Европа која не е цела без Македонија, рече естонскиот европратеник.

Тој го поздрави консензусот во вид на Меморандум потпишан од 17 партии во Собранието за единство во однос на стратегијата за евроинтеграцијата на земјата и во тој контекст порача дека со здружени напори ќе дојде до разврска.

Келам и министерот Попоски се согласни дека Македонија за половина месец ќе добие петти по ред позитивен извештај што сметаат е охрабрувачки во однос на ЕУ-интеграцијата.

На новинарско прашање дали постои механизам Грција да се принуди да седне на маса и да го реши спорот, Келам истакна дека не постои таков специфичен механизам бидејќи секоја земја-членка има свето право да не се согласува, но, вели, има момент кога квантитетот ќе премине во квалитет и кога мнозинството ќе рече доста е.

И Кеслер и Келам се дел од низата европратеници кои овој период ќе ја посетат Македонија давајќи и поддршка за евроинтеграциите во пресрет на објавувањето на извештајот на Европската комисија. Тие денеска ќе имаат средба и со премиерот Никола Груевски. /Извор: МИА/

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

притисни ентер