Детали за новиот дел од „Бриџит Џонс“ – таа има педесет години и е вдовица

На само десетина дена пред објавувањето на книгата на Хелен Филдинг, британските медиуми објавуваат детали кои ќе ги заинтригираат читателите.

Новото продолжение за авантурите на популарната Бриџит Џонс е насловено „Бриџит Џонс: Луда по момчето“, светлото на денот ќе го здогледа на 10 октомври. Иако со месеци се претпоставуваше дека темата на третата книга ќе биде 30 – годишната Бриџит која се повеќе ја мачи фактот што нема деца, сепак не излезе така. Книгата ќе ја следи Бриџит во 50-те години од животот, и тоа пет години по смртта на сопругот.

Авторката на книгата, Хелен Филдинг, одлучила дека е време ликот на Марк Дарси, љубовта на животот на нејзиниот главен лик, да умре. Иако последниот дел од книгата заврши така што Дарси само што ја побара за жена, в новото продолжение нема да има ни збор за нивната венчавка.

Сега Бриџит ќе биде вдовица со две деца од бракот со Марк, која ќе биде опседната со староста и со прекумерната тежина. Кризата на 50-те години и загубата на сопругот ќе ја натера среќата да си ја бара на една од најпопуларните социјални мрежи – Твитер. Таму ќе го запознае Рокстер, 30 – годишен „тој бои“ кој ќе и го привлече вниманието. Како ќе заврши приказната останува да се причека уште десетина дена.

Стојановска: Убедливо водство на Гордана Силјановска-Давкова

Пратенилката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановсака ги објави најновите податоци за резултатите од гласањето.

Како што рече Стојановска , во водство е кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

(20.25 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 30% : Силјановска 109692 , Пендаровски 48553 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 30,23 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 109.692 гласа или 45%.

На второ место е Стево Пендаровски со 48.553 гласа, односно 19.92 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 28547 гласа или 11,71 % , Максим Димитриевски 19227 гласа или 7,89% , Арбен Таравари 18432 гласа или 7,56 % , Билјана Ванковска 11.033 гласа или 4,53 % и Стевчо Јакимовски 2482 или 1,02%.

Тошковски: Изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера

Изјава за медиуми на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Тошковски и Бојмацалиев констатираа дека денешниот изборен ден поминал во мирна, безбедна и демократска атмосфера, онака како што доликува на демократска земја која се стреми да биде дел од современиот западен свет.

притисни ентер