Во Собранието седници на шест комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за здравство, за труд и социјална политика, за еднакви можности на жените и мажите, за прашања на изборите и именувањата, за култура и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала во прво читање. Членовите на Комисија за труд и социјална политика ќе расправаат за Предлог-законот за дополнување на Законот за вработување и работа на странци и за Предлог-закон за правда на децата, двата во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите е Стратешка рамка за соработка на комисиите за еднакви можности на жените и мажите на национално и локално ниво, а Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе го утврдува предлог за избор на членови на Судскиот совет на Република Македонија.

Членовите на Комисијата за култура ќе расправаат за Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, во прво читање.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се предлог-законите за претворање на побарувањето на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвото Тутунски Комбинат АД Прилеп, за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, за изменување на Законот за судовите, сите во прво читање.

Членовите на Комисијата ќе расправаат и за предлог-законите за прекршоците, за правда на децата, за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, сите во прво читање.

На дневен ред на Комисијата се и предлог-законите за изменување и дополнување на законите за инспекциски надзор, за трговија, за дополнување на Законот за вработување и работа на странци, сите прво читање, како и Утврдување на Пречистен текст на Законот за минерални суровини.

Предлогот дневниот ред е дополнет со предлог-законите за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за измени и дополнувања на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за екстрадиција, за ратификација на Третиот дополнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција, за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за измени и дополнувања на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за меѓусебно извршување на судските одлуки во кривичните предмети во второ читање, за изменување и дополнување на законите за спортот, за авторското право и сродните права, за лековите и медицинските помагала, трите во прво читање.

Во дополнетиот дневен ред се и барањата за давање на автентично толкување на членовите 13 и 14 од Законот за радиодифузната дејност, поднесено од пратеникот Борче Ставров и за давање на автентично толкување на член 20 став 3 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесено од градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев.

Тетовец измамен, платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот регион пријавил измама во која дал пари на странска фирма за набавка на роба, па открил дека е измамен по информација од германски служби. Тој нарачувал преку интернет.

- На 23.04.2024 година во 11.30 часот во СВР Тетово, Б.Ф.(29) од тетовско, сопственик на правно лице, пријавил дека од 23.03.2024 до денот на пријавувањето бил измамен од странска фирма за продажба и компанија за транспорт. Според пријавеното, тој преку интернет порачал роба за потребите на неговата фирма, за која преку банкарски трансакции во неколку наврати платил околу 21 илјада евра, но на 17.04.2024 од компанијата за транспорт го известиле дека нарачката била блокирана во Германија. Како што е пријавено, Б.Ф. стапил во контакт со надлежна служба во Германија, од каде му било кажано дека кај нив нема регистрирано таква стока, по што сфатил дека е измамен, информира СВР Тетово.

Тетовската полиција работи на расчистување на случајот.

Двајца премиерлигаши уапсени поради силување

Англиските медиуми објавија вознемирувачки вести. Двајца 19-годишници, кои се професионални фудбалери во Премиер лигата, се уапсени поради обвинение за силување минатиот викенд, а информацијата ја потврдија од англиската полиција.

Не е наведено во која екипа настапуваат фудбалерите, ниту е познат нивниот идентитет, но познато е дека и двајцата играат за истиот тим кој се натпреварува во елитното ниво на англискиот фудбал.

Според британски „Телеграф“, еден од играчите бил сослушан на клупскиот стадион, додека другиот е приведен бидејќи е осомничен дека помагал во извршување на кривично дело.

Сексуалниот напад за кој се обвинети фудбалерите се случил во петокот, а жртвата веднаш се јавила во полиција, а неколку часа подоцна поднела официјална пријава.

Се наведува дека клубот нема дополнително да коментира и дека работата е во рацете на полицијата.

Ова не е прв пат да се случи ваква ситуација во Премиер лигата. Претходно беа покренати обвиненија против Мејсон Гринвуд и Бенџамин Менди, но на крајот ниту еден од двајцата фудбалери не беше осуден. /МИА

Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност.

Попладне наместа ќе има зголемена облачност со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во втората половина од ноќта ќе има зголемување на облачноста и на повеќе места ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 25 степени Целзиусови.

И во Скопје е сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во втората половина од ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 21 степен Целзиусов.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има повремени врнежите од дожд, а на планините повремен снег. Локално врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната од 5 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје минималната температура ќе биде 8, а дневната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

притисни ентер