Заев не бил одговорен за тендерите, антикорупциска утврди непотизам

ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повика струмичкиот градоначалник Зоран Заев сам да каже дали татко му и чичко му добивале јавни набавки и договори со општината Струмица и нејзините установи.

И да не ја замајавува јавноста со тоа дали Струмица е добра или лоша општина, и дали власта е демократска или не.
Скандалот тврди владејачката партија е дотолку поголем, затоа што фирмата Зови промет ДОО на таткото на Заев, досега дури седумпати како што потврдуваат документите склучила договори за јавни набавки со општинската установа Детска радост во вкупна вредност од над 30 милиони денари
-Ова не е играчка. Ако ова не е скандал, ако ова не е непотизам и ако ова не е класичен судир на интерес за СДСМ тогаш слободно можеме да констатираме дека оваа партија ги има изгубено сите правци во своето работење. Го потсетуваме господинот Зоран Заев дека во политиката покрај кривична постои и морална одговорност. Тој треба да си ја понесе заради овој скандал на класичен судир на интерес.

Зоран Заев јавно претендира еден ден да стане премиер на република Македонија. Ако овој човек правел скандалозни тендери на локално ниво, замислете што би правел кога одговорноста за работата на владата би била во негови раце, изјави Никола Тодоров член на –ИК ВМРО-ДПМНЕ.
По два дена молк се огласи и лидерот на СДСМ, . Во случајот со фирмите Заеви тој не гледа ниту судир на интереси ниту непотизам., Наместо тоа го впери прстот во најтесните кругови на власта и тој прозивајќи за непотизам.


-Не! Јас овој тендер го немам дадено на мојот татко или на мојот чичко. Институцијата која склучила договор со фирмата на моето семејство е детската градинка „детска радост“. Таа институција има одговорно и службено лице кое не се вика Зоран Заев, одговори лидерот на СДСМ Заев.



Заев го призна тоа што ние го тврдевме. Станува јасно како се градела империјата Заеви. Со општинските пари трансферирани до приватните фирми на роднините и блиските луѓе,.реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер