Владата ќе обезбеди странски експерти за компаниите

Домашните компании ќе добијат странска експертска помош за зголемување на конкурентноста на сопственото производство.

Владата од денеска ќе распише повик за сите компании кои се заинтересирани и имаат потреба да користат услуги од странски експерти во развој на производството, услугите, туризмот, градежништвото, финансиите и други стопански гранки. Повикот ќе трае 45 дена, ќе можат да се пријават сите домашни компании кои имаат вработено над 5 лица и имаат финансиски извештај за последните две години. Целокупниот трошок за ангажманот на експертите ќе биде на товар на државата, единствено во определени случаи компаниите со претходна согласност ќе може да партиципираат со определен надомест.

- Цениме дека со овој проект значително ќе се придонесе за обезбедување на нови и подобри можности за домашните компании, во насока на подобрување на нивната продуктивност, ефикасност, ефективност и профитабилност, со што ќе се даде поддршка и на економскиот раст на земјата и поддршка на обезбедувањето на нови работни места и нови вработувања, изјави Алксандар Ѓорѓиев –Портпарол на Влада на РМ.

Ѓорѓиев информира дека Владата веќе стапила во контакт со организации од Германија Холандија кои нудат експертска помош, се очекува да се добие поддршка и од САД. Избраните експерти ќе бидат ангажирани да поминат неколку недели во компаниите, да направат анализи, да го контролираат процесот на работа на компаниите и даваат совети како да се подобри работењето на фирмите. Ваквите искуства покажале дека користењето консултанти ја зголемило ефикасноста на компаниите.

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски воздушен напад врз куќа во градот Рафа на југот на Појасот Газа, соопштија денеска палестинските власти.

Рафа, во близина на границата со Египет, е прибежиште на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои избегаа таму поради тековните борби на северот на палестинската енклава.

И покрај повиците од светот за воздржаност, вклучително и од САД, израелската Влада со недели најавува копнена офанзива на Рафа, каде, како што тврди, се кријат многу борци на палестинското движење Хамас, против кое Израел води војна од октомври. /МИА

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

 Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на денешното редовното генерално Собрание на федерацијата изрази задоволство од тоа како функционираат работите, но нагласи дека има простор за напредок.

- Ова за нас, како раководство на Фудбалската федерација на Македонија не е нов почеток, но веројатно е еден од најкомплексните периоди од работата во федерацијата. Одново да им помогнеме на другите да ја видат Фудбалската федерација на Македонија на начин на кој што ја гледаме ние. Модерна и прогресивна.

Се сметам за посветена личност, а односот кон сите обврски во изминатата година даваат оцена и приказ за мојата работа, но и работата на целата федерација. Сметам дека многу работи во нашата Фудбалска федерација функционираат доста добро, но знам дека има и работи што можеме да ги подобриме, рече меѓу другото Сејдини.

Првиот човек на ФФМ посочи дека само резултатот може да ги донесе навивачите на стадион, нагласувајќи ја фаворитската улога на репрезентацијата во Лига на Нации.

Ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА и помошта која ја добиваме од нивните програми за развој на фудбалот и спортската инфраструктура.

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

 Полициски службеници вчера ги привеле Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер