Брисел го поздрави потпишувањето на Меморандумот за ЕУ во Македонија

Европската комисија доцна синоќа го поздрави потпишаниот Меморандум за стратешката цел - членство во Европската унија на Република Македонија, кој го потпишаа сите партии, освен ДПА и Либералната партија, што се претставени во македонскиот Парламент.

Како што јави МИА, во неформалната Влада на Унијата се уште го проучуваат текстот на Меморандумот, но не кријат дека е одличен потег на патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ.

- Ние сме свесни за потпишувањето на Меморандумот и во моментов го проучуваме текстот. Во принцип, Комисијата ги охрабрува и поздравува меѓупартиските договори за ЕУ-агендата, како и превземените чекори што водат кон инклузивна соработка на сите засегнати страни со цел да се исполни стратешката цел на европската интеграција. Овој Меморандум, исто така, го поздравуваме и како дел од спроведувањето на договорот од 1 март, вели портпаролот на Комисијата, Петер Стано, во изјава за МИА.

Овој потег на македонските политички партии доаѓа во време на финализација на прогрес-извештајот на ЕК, кој е најавено дека ќе биде објавен на 16-ти октомври. Извештајот, се очекува да содржи нова, петта по ред препорака за членство на Република Македонија во Унијата.

Синоќа, потпишувањето на Меморандумот за ЕУ во Македонија го поздрави и известувачот за земјата во Европскиот парламент, Ричард Ховит, нарекувајќи го “позитивен сигнал дека домашната политичка дебата може да биде тргната настрана од прашањата што би можеле да предизвикаат нови блокади во процесот на зачленување во Унијата”.

Фестивалот „Коачела“ казнет со 28.000 долари поради Лана Дел Реј

Популарниот музички фестивал, на којшто настапија светски ѕвезди како Шакира, Доџа Кет и „Ноу даут“, „Коачела“ (Coachella) заврши, но една од изведувачките ги прекрши правилата.

Се работи за американската поп-пејачка Лана Дел Реј, поради која организаторите на фестивалот ќе треба да платат казна од 28.000 долари... Имено, пејачката настапила 13 минути подолго од предвиденото и со тоа го прекршила договорот што организаторите го имаат со Градот Индио, каде што се одржува фестивалот, пишува „Ти-ем-зи“ (TMZ).

На фестивалот, имено, му се наплаќа дневна казна од 20.000 долари за првите пет минути од пречекорувањето на времето и дополнителни 1.000 долари за секоја минута потоа. /МИА

Прв круг претседателски избори, Канал 5 на избирачките места во Кисела Вода

Утринава Канал 5  беше на  отворањето на гласачките места во скопските Општини Карпош, Центар и Шуто Оризари.

Таму гласањето течеше мирно, без поголеми проблеми. Во моментов нашата екипа е во Кисела Вода во средното училште Васил Антески Дрен. Таму е Дејан Трајковски.

На Попова Шапка утрово најстудено и најголемо количество врнежи

Времето денеска променливо облачно и потопло.

Најниска температура, 0 степени, утрово е измерена на Попова Шапка, каде што има и најголемо количество врнежи во изминатите 24 часа - 29 литри на квадратен метар.

Како што соопшти УХМР, во 8.30 часот се измерени 3 степени во Маврови Анови и Лазарополе, 4 во Крушево, 5 степени во Битола и Претор, 6 во Тетово и Прилеп, 7 степени во Скопје (Зајчев Рид), Охрид и Берово, 8 степени во Скопје (Петровец) и Кавадарци, 9 во Куманово, 10 во Штип, Струмица, Крива Паланка, Велес, Виница и Гевгелија и 11 степени во Демир Капија и Виница.

Во изминатото деноноќие, според мерењата во 7 часот за наврнат воден талог, 26 литри на квадратен метар се измерени во Пожаране, 24 во Тетово, Маврови Анови и Охрид, 23 во Битола, 22 во Штип, 20 во Ѓуриште, 18 литри на квадрат во Претор и Крушево, 17 во Прилеп и Куманово, 15 во Скопје (Петровец) и Виница, 14 литри во Гевгелија, 13 во Скопје (Зајчев Рид), Крива Паланка, Кавадарци и Тополчани, 12 во Велес, 11 во Струмица, 10 литри во Берово, 9 во Лазарополе, 7 во Дојран и 5 литри на квадратен метар во Демир Капија.

-Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, наведува Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови од земјава повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24 степени.

-Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 22 степена, инфоримира УХМР.

притисни ентер