Министерот Димовски на средба со претставници на Долниот дом на Руската дума

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски денеска во Москва се сретнаа со претставници од Долниот дом на Руската државна дума.

На средбата, како што информира ресорното Министерство, станало збор за унапредување на парламентарната соработка преку конкретни проекти од областа на земјоделството со посебен акцент на можностите за либерализација на трговскиот режим за земјоделски производи.

Соговорниците изразиле интерес за зголемување на обемот на трговската размена меѓу двете земји преку доделување на преференцијали како прв чекор кон либерализацијата на трговските односи, зголемување на обемот на инвестициите во земјоделството, продлабочување на соработката во рамки на Светската трговска организација и размена на искуства во делот на реформите во земјоделството.

Договорено е да се формира Македонско-руска парламентарна работна група за унапредување на трговската соработка, во која на предлог од руската страна би членувале истакнати бизнисмени.

Од руска страна најавено е дека парламентарна делегација од Либералната демократска партија ќе ја посети Република Македонија до крајот на годинава. Во делегацијата ќе бидат и истакнати руски бизнисмени со цел тие подетално да се информираат за инвестицискиот потенцијал во делот на земјоделството, како и за восопоставување на директни контакти за извоз на земјоделски производи за потребите на рускиот пазар.

На средбата е искажан интерес и за унапредување на соработката меѓу Македонија и Амурскиот регон, кој се наоѓа на Далечниот исток на Руската Федерација за пренесување на искуства и знаења за технологиите на производство на земјоделски производи, добрата земјоделска пракса и агро-технички мерки, како и за производство на семенски материјал.

Министерот Димовски ги повика руските компании да ја посетат Македонија и да се запознаат со условите и можностите што ги нуди државата за инвестирање во земјоделскиот сектор.

На состанокот од руска страна присуствуваа Роман Кудјаков, ополномоштен претставник на политичката партија на Либерална демократска партија за меѓународни односи, Кирил Черкасов, заменик на претседателот на Комитетот за земјоделство и Иван Абрамов, член на Комитетот за регионална политика и за прашања поврзани со Северниот и Далечниот Исток.

Во рамки на посетата на Руската Федерација утре министерот Димовски ќе го посети македонскиот штанд на Саемот за свежо овошје и зеленчук „Светот на храната“, каде ќе се сретне со македонските изложувачи.

САД ја обвинија Русија за ширење дезинформации околу терористичкиот напад во Москва

САД ја обвинија Русија за дезинформации околу терористичкиот напад во концертната хала „Крокус сити хол“ минатата недела во кој загинаа 143 лица.

Од Стејт департментот изјавија дека Москва ја користи оваа трагедија за да ја оправда својата агресија против Украина.

- Мислам дека руската влада води пропаганда и дезинформација. Мислам дека сосем очигледно тие се обидуваат да го искористат овој терористички чин, овој трагичен инцидент во кој, за жал, загинаа руски граѓани за да се оправда нивната агресија во Украина, рече Милер.

Тој укажа дека Москва „не дава значање на основните факти, се измислуваат факти за да се поддржи тоа што тие сакаат да го направат“.

„Тоа е истото поведение од почетокот на војната, и за жал тие исто постапуваат и сега“, рече портпаролот на Стејт департментот.

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка

Четврти ден ни трага ни глас од двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во непосредна близина на мајка си. 

Во областа утрово пристигнаа специјалци од Белград и Нови Сад и детално го пребаруваат просторот околу куќата пред која исчезна двегодишното девојче. Полицијата и денеска вршеше претреси во неколку куќи во Бањско Поље. Багерите го расчистуваат теренот бидејќи куќата на семејството е опкружена со депонија од гломазен отпад, се острануваа шутот за полицијата полесно да ја пребарува поблиската околина. 18 пожарникари-спасувачи со 5 теренски возила, придружени од далеку прочуениот белгиски овчар Зиги познат по херојските дела по разорниот земјотрес во Турција, пристигна во Бор, но засега ништо не води до трага што ќе ја разреши мистеријата. Како минува времето шансите се се помали, вели првиот човек на центарот за исчезнати деца, Игор Јуриќ. Единствена опција детето да е живо е некој да побара откуп за него или да се случи чудо вели Јуриќ, кој што го оцени случајот како исклучителоно специфичен поради возраста на детето.

„Се’ побудува сомнеж и сите оклности на ова исчезнување се сомнителни и будат сомнеж. Многу е тешко сега да се зборува за тоа. На прв поглед беше многу тешко да се поверува дека двегодишно девојче може да отиде толку далеку така што и пристигнувањето на полицијата на лице место толку брзо не ја пронајде, како прво. Второ, сите околности и пристугнувањето на тоа место зборуваме за детето како се нашло тука, подоцна многуте изјави на блиските лица на девојчето се многу контрадикторни и тоа се што апсолутно нам ни буди сомнеж. Едноставно ми се чини дека не постои личност која е во близина, а да не буди сомнеж.“- Игор Јуриќ, Директор на центар за исчезнати и малтретирани деца

Мајката на исчезнатото девојче Ивана Илиќ повторно била донесена во полициска станица за да даде изјава во врска со информациите до кои дошла полицијата. Повеќе српски медиуми денеска објавија дека вештачењето на нјзиниот мобилниот телефон наводно покажало дека многу пораки и податоци за повици биле избришани, но информацијата никој официјално не ја потврдува. Во морето од шпекулации, во јавноста се повеќе доминира впечатокот за можна инволвираност на родителите во случајот.

Инаку синоќа босанската полиција уапси три лица кои преку социјалната мрежа „Тик Ток“ тврделе дека знаат каде е Данка, побарале 50 илјади евра како награда, а по апсењето изјавиле дека се шегувале. По исчезнувањето во вторникот, во Србија за прв пат е активиран системот „Најди ме“.

Научна конференција „Македонците и граѓанската војна во Грција, 75 години потоа“

75 години од граѓанската војна во Грција која предизвика егзодус на десетици илјади Македонци од Егејска Македонија ширум светот, здружението Тга за југ го чува споменот за трагични настани, но дали и државата?

На меѓународната конференција што се одржа во Инситутот за македонски јазик, историчарот Тодор Чепреганов оцени дека по Преспанскито договор, практично самите сме се откажеле од сонародниците Грција.

-За жал со преспанскиот договор сега таму немаме македонци, туку имаме народ кој зборува јазик различен од грчкиот, се поставува и прашањето кои се тие македонци кои што учествувале во граѓанската војна ако не ги именуваме како македонци, затоа што сега имаме антички македонци во Грција и имаме овде на оваа страна други македонци, кои се тие е големо прашање.- Тодор Чепреганов - Историчар

Но, од здружението на децата бегалци - „Т’га за југ“ – велат дека Преспанскиот договор има и позитивни страни, па за разлика од некогаш кога се шепотел македонскиот јазик, денеска работите се променети на подобро.. Се најавуваат отворања на културни центри, послобдно се говори на македонски, се пеат песни и се обновува мелосот, велат од здружението...

-Ние многу тешко го примивме преспанскиот договор, промената на името за нас беше неприфатливо, меѓутоа па од друга страна мора да се признае дека после тој преспански, тој кобен преспански договор, малку по малку грците почнаа малку попријателски спрема нас, спрема нашите таму.- Евгенија Николовска – Републичко здружение на деца бегалци – Тга за Југ

Во војната за идеали помеѓу капитализмот и комунизмот во Грција, од 1946-49, Македонците влегле во борба на страната на комунистите од ДАГ со надеж за обединување и реализација на националните права.. Војната со помош на англиоските вооружени формации, ја добиле владините сили, кои преку палење и убиства, протерале според проценкит околу 50.000 Македонци, кои никогаш повеќе не смееле да се вратат во своите родни краеви.

притисни ентер