Прободениот кај Универзитетска бил од гостиварско - МВР излезе со информација

МВР официјално објави дека синоќа кај Универзитетската библиотека бил прободен во грбот 30 годишен жител на с. Битуше - гостиварско. Повеќето портали синоќа јавија дека е прободен 21 годишен делчевец, но тој е само полесно повреден.(обновено)
Б.Ф. бил прободен со нож во грбот. За да си го спаси животот, ранет потрчал кон центарот на градот. Полицијата го пресретнала исцрпен и го пренеле во Градската болница. Тој е во тешка состојба. Останатите тројца се полесно повредени. Според нивните изјави групата која ги нападнала биле од албанска националност. Денеска се очекува подетална информација од полицијата за овој случај.

 МВР денеска излезе со информација за овој напад, во која с евели:

На 24.05.2013 година, во 19,03 часот,  во ЦИК-Скопје било пријавено  дека во Скопје  на ул.„Стив Наумов“  пред Универзитетска библиотека, Б. Ф. (30) од с.Битуше-гостиварско, В. А. (21) од  Делчево, К. Р. (25) и Д. Р., двајцата од Пехчево , биле физички нападнати од страна на група составена од 15-20 млади лица . Притоа  едно од лицата со нож  му нанело  повреда  во пределот на грбот  на Б.Ф., кој побегнал и во безсознание паднал кај музејот на ВМРО, каде бил  забележан од страна на УПС од чија страна е повикана Брза помош и истиот во неконтактибилна состојба  бил пренесен  во  Градската општа болница„Св.Наум Охридски„ во Скопје, каде е задржан на лекување.  Од страна на СВР Скопје во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Во западните делови пооблачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи.

Т-мин. од 11 до 19, а т-макс. од 26 до 34 степени. /МИА

Европол: Поголем број на терористички напади во ЕУ отколку во 2016 година

Бројот на џихадистички напади бил за 50 отсто поголем минатата година, во однос на 2016 година, соопшти денеска Европол.

Девет членки на ЕУ во 2016 година пријавиле 142 неуспешни напади, додека бројот на обиди за напад во 2017 бил 205, што е за 45 отсто повеќе.

Во вкупно 33 напади, кои се случиле, починале 68 лица, додека 844 биле повредени.

Мал раст бележат и нападите кои ги извршиле левичарските или анархистичките групи и поединци.

„Бројките во овој извештај не се само статистика. Не смееме да заборавиме, дека зад секој број стои барем една невина жртва. За да се бориме против тероризмот важно е да имаме оптимална размена на информации и точни податоци“ – изјавила извршната директорка на Европол, Катрин Де Бол.

Европол наведува и дека уапсени се 975 лица поради терористички активности – учество или подготвување на терористички напади, џихадистичка пропаганда или регрутирање, а најчесто се користени ножеви за нападите.

Александар Пандов и Алберт Муслиу во „Само вистина“

Муслиу во „Само Вистина“: Не е добро да се повикува на бојкот за референдумот.

Пандов во „Само Вистина“: Јас нема да гласам на референдумот и ќе повикувам на бојкот

Во вечерашното издание на тв дуелот „Само Вистина“ гостуваа Александар Пандов и Алберт Муслиу. 

Пандов истакна дека нему му пречи целиот договор зашто со него се уништува и разнебитува се што е Македонско и дека со овој договор како и со претходниот заедно се разнебитува историјата и е влез во една фаза на разнебитување поделба на Македонија од страна на соседите. Муслиу вели дека договорот е добар и дека ги заштитува посебноста и она што значи Македонски идентитет јазик и култураб и дека оптимално е најдоброто максимално што можело да се постигне на преговарачката маса.

И двајцата сметаат дека референдумот е врвен демократски институт и можност на кој граѓаните ќе можат да го изнесат својот став, со тоа што Пандов рече дека ќе го бојкотира и ќе повика и другите да го бојкотираат зашто, како што наведе, ќе се полнеле кутии а Муслиу рече дека не е добро да се повикуваат граѓаните да го бојкотираат референдумот и дека Меѓународната заедница нема да дозволи лажирање на референдумот.

Во поглед на можноста за импичмент Пандов цени дека претседателот постапува исправно што не го потпишува Договорот и дека го оквалификува како штетен за државата. Муслиу смета дека многу лесно Парламентарното мнозинство може да обезбеди двотретинско мнозинство за покренување постапка за импичмент.

Погледнете ја вечерашната емисија „Само вистина“ тука.

притисни ентер