Затворена уште една приватна здравствена установа поради неправилности во работењето

Станува збор за приватната здравствена установа д-р Кокоромановска, специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство, која ќе остане затворена 30 дена.

Уште една приватна здравствена установа е привремено затворена поради констатирани повреди на законот и неправилности во работењето утврдени вчера од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во рамки на вонредна контрола. Тоа е ординацијата д-р Кокоромановска.

Директорот на ДСЗИ Џевџес Шаќири денеска на прес-конференција рече дека во таа приватна здравствена установа од медицинската документација било утврдено дека здравствени услуги давал здравствен работник кој не бил вработен во установата што, како што истакна, е спротивно на решението за дозвола за работа на здравствената установа и здравствените услуги биле давани како дополнителна дејност на здравствениот работник вработен во јавна здравствена установа без да бидат исполнети законските услови за давање дополнителни услуги.

- При извршениот инспекциски надзор на 13 мај од страна на ДСЗИ од медицинската документација беше утврдено дека во приватната здравствена установа д-р Кокоромановска - специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство, здравствени услуги давало лице здравствен работник вработен во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство-Скопје, со што таа здравствена установа вршела дејност спротивно на дозволата за работа, односно од здравствен работник кој не е наведен во дозволата за работа каде што како стручен кадар се наведени други лица, посочи Шаќири.

Исто така, тој укажа дека во установата д-р Кокоромановска, дополнителна дејност вршел проф. д-р вработен во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство-Скопје, со што не ги спроведувала одредбите на Законот за здравствената заштита и актите донесени врз основа на законот.

Поради констатирани повреди на Законот и неправилности во работењето утврдени од ДСЗИ вчера привремено беа затворени Дијагностичка лабораторија за цитологија и хистологија „Хистолаб“ и Поликлиника од специјалистичко-консултативна дејност „Промедика Медикал центар.

Министерот за здравство Никола Тодоров одговарајќи на новинарско прашање денеска рече дека нашле определена поврзаност меѓу две од трите здравствени установи кои се затворени.

Докторите кои работеле во јавно здравство, посочи министерот, ги препраќале пациентите во рамки на овие две приватни здравствени установи и тоа на еден многу интересен начин со упати од јавно здравство.

- Станува збор за многу сложена шема по која се функционирало во која веројатно ќе излезат поголем број учесници кои биле вмешани. Без да работат во јавното здравство тоа не можеле да го направат. Финалните санкции ќе ги видиме кога ќе се расчистат сите работи. Првата санкција е да бидат привремено затворени и да имаат забрана за вршење на таа дејност, а втората е Министерството да иницира до Лекарската комора привремено одземање на лиценцата за работа, додаде министерот Тодоров.

Николоски: Како носител на ИЕ4 за мене најдрага е победата на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Почитувани претставници на медиумите денес продолжуваме со кампањата за парламентарните и претседателските избори, денеска се спојуваат повторно двете кампањи. 

Продолжуваме тука од Струмица каде што планираме големи проекти по формирање на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам сите граѓани да ја прочитаат нашата програма Платформа 1198 каде што нудиме решенија за најкрупните проблеми на граѓаните, пред се во делот на владеење на правото и воспоставување на функционален систем на владеење на правото и правна држава. Понатаму економскиот развој, решенија за состојбите во образованието и во здравството, поддршка за пензионерите, но и за најмладите преку проектот „Купи куќа“ и бројни други проекти кои што ги имаме во Платформата 1198.

За нас е огромна привилегија поддршката која што ја добивме вчера, сметаме дека резултатот кој што вчера го постигна Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ е обврска во следните две недели уште поинтензивно да се среќаваме со сите кои што сакаат да се сретнат со нас, да го објасниме нашиот концепт и визија и да ја побараме поддршката.

Очекувам на 8 мај да има убедлива победа за Гордана Силјановска Давкова и најмногу пратеници за ВМРО-ДПМНЕ кој што ќе овозможат стабилна влада која што нема да биде уценува од никого и кој што ќе овозможат во опозиција да одат и СДСМ, но и политичката партија ДУИ.

Особено сум среќен како носител во ИЕ 4 што имаме победа во Струмица, тоа мислам дека е голем сигнал не само за Струмица, не само за струмичката околија туку за цела Македонија. Победата за Струмица за мене е најдрага од сите победи вчера, сакам да се заблагодарам на тимот позади мене, во следните две недели ќе работиме уште поинтензивно за да имаме уште поубедлива победа и Струмица конечно да го добие она што го заслужува, а тоа е економски развој и воведување на функционална правна држава каде што ќе има јасно владеење на правото, а не она што се случуваше во годините наназад, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.

Вучиќ од Њујорк: Остана уште многу работа, наше е да се бориме (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ја продолжи посетата на Њујорк.

Оттаму се обрати до јавноста и зборуваше за борбата за националните интереси на Србија, пренесе Телеграф.

- Ни ја најдоа најтешката можна тема. Да беше околу Косово, ќе беше многу полесно. Но, големите сили... Сепак, не сме толку мали колку што мислиме за себе – рече на почетокот претседателот.

- Се повеќе се трудат да уценуваат, или подобро да користат фин збор, да ги убедат сите други да гласаат за резолуцијата за да останат во добри односи со најголемите сили. Останува уште многу работа, наше е да се бориме - истакна Вучиќ.

- Рекоа дека никој не е осуден за злосторства врз Албанци. Лага по лага... - рече Вучиќ.

Тој рече и дека вечерва имале средба со пет европски земји кои мислиме дека се пријателски.

- Продолживме и утрово. Штом се вратиме во Белград, ќе направам план или како ќе се вратам или како ќе постапиме од Белград – рече тој.

- Утрово имавме неколку билатерални средби. Ѓуриќ ќе остане до 2 мај. Ќе видам дали ќе му се придружам – изјави тој.

- Секогаш кога одбивате да прифатите нечија уцена, вие сте фактор на дестабилизација. Секогаш кога сте подготвени да ги заштитите интересите на народот, вие сте негов проблем. Им станав, затоа што не им дозволувам да ја газат Србија и да ги газат Србите – истакнува тој.

Гугл вложува 600 милиони евра за изградба на четврти центар за податоци во Холандија

Американската технолошка корпорација Гугл ќе инвестира 600 милиони евра во изградба на центар за податоци во индустрискиот имот Вестпорт во близина на холандскиот град Гронинген.

Како што пренесува NL Times, ова ќе биде четврти центар за податоци на Google во Холандија.

Компанијата информираше дека досега има инвестирано околу 3,8 милијарди евра во Холандија и додаде дека новиот центар за податоци е неопходен за да се задоволи зголемената побарувачка за вештачка интелигенција и клауд услуги.

- Организациите и владите во Холандија се повеќе се движат кон клауд. Употребата на cloud computing е речиси двојно зголемена во Холандија во последните пет години. Google инвестира во дигитална инфраструктура поради зголемувањето на побарувачката - се вели во соопштението на американската корпорација.

Центрите за податоци користат многу електрична енергија, а Google на почетокот на оваа година објави дека ќе се напојуваат со енергија од ветер од ветерните електрани на Северното Море.

Гугл има и центри за податоци во Данска, Финска и Белгија, додека главната европска канцеларија на компанијата се наоѓа во Ирска.

притисни ентер