Јохан Тарчуловски е слободен!

Јохан Трачуловски од попладнево е на слободен човек и по 8 години затвор се подготвува за враќањето дома.

Одлуката ја донел Хашкиот Трибунал по одлежување на две третини од 12 годишната затворска казна. Веста ја потврди неговиот адвокат Антонио Апостолски. Најверојатно в среда Тарчуловски ќе слета на Александар Велики

- Денеска од страна на претседателот на Хашкиот Трибунал е донесена одлука со која што Јохан Тарчуловски е ослободен. Тоа значи дека од денеска после 17 часот се исполнети услови за негово враќање во Македонија а се друго ке зависи од техниката. Бидејќи сега е под јуриздикција на Германија зависи од процедурата. Јас контактирав со Тарчуловски, известен е за одлуката. Истата одлука ја имаме и примено и јас и тој на меил во 17 часот. Одвај чека да се врати во Македонија, изјави за канал 5 Антонио Апостолски, адвокат на Тарчуловски.


Позитивната вест набргу беше соопштена и на фејсбук профилот на Трачуловски:

-Македонија земјо најмила, Македонци мои, пријатели мои...Огромна чест и задоволство ми е да ви соопштам дека конечно пристигна одлука за моето ослободување. Се враќам во Македонија, во мојата земја библиска...МАКЕДОНИЈА СЕ ВРАЌАМ,

Сопругата на Тарчуловски- Соња го чека во Германски Диез каде скоро две години ја одлежуваше казната откако беше префрлен од Шевенинген.

Тарчуловски заедно со Љубе Бошковски беше приведен и во март 2005тата префрлен во Хаг. По завршувањето на судскиот процес во јули 2008 беше осуден на 12 години затвор за воени злосторства во Љуботен во 2001 . Пред еден месец го исполни условот за предвремено пуштање бидејќи одлежа две третини од казната.

Оригиналната одлука на претседателот на судот во Хаг за Јохан Тарчуловски можете да ја погледнете тука

Хјундаи во наредните три години ќе инвестира 47 милијарди евра, пред сѐ за електрични возила

Компанијата Хјундаи денеска објави дека ќе инвестира 68 трилиони вони (околу 47 милијарди евра) во текот на три години во Јужна Кореја, главно за да го зголеми производството на електрични возила (ЕВ) и да вработи 80.000 нови работници во секторот.

Јужнокорејската компанија наведува дека повеќе од половина од таа инвестиција ќе биде наменета за електрични возила, односно за нова истражувачка и развојна инфраструктура, како и производствени линии, пренесе Ројтерс.

Агенцијата забележува дека зголемувањето на инвестициите се случува во време кога другите етаблирани производители на автомобили го намалуваат производството.

Главниот оперативен директор на Hyundai, Хозе Муњоз, на саемот за автомобили во Њујорк најави дека бројот на електрични возила ќе се удвои.

„Многу сме посветени на пазарот на Соединетите Американски Држави“, истакна тој.

Hyundai во ноември објави дека инвестира 11,6 милијарди евра во нови посебни капацитети за производство на електрични возила и батерии во Грузија, што е најголема инвестиција надвор од Јужна Кореја.

Додека јужнокорејската компанија ги зголемува инвестициите во електрични возила, конкурентските производители на автомобили планираат да го намалат производството на ЕВ и да го префрлат капиталот главно на хибридни модели.

Руски воен авион се урна во близина на Крим

Руски воен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

„Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен. Цивилни објекти не се оштетени“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, пренесува Ројтерс.

Претходно руските канали Телеграм објавија дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно како дошло до инцидентот.

Таравари на панел дискусијата за интеграција на лицата со попреченост

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија .

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија за интеграцијата на лицата со попреченост во општеството.

На панел дискусијата се разговараше за потребите и барањата на оваа значајна категорија.

Темата за интеграција на лицата со попреченост во општеството е многу важно прашање за кое е важно да се има широка свест и соработка на општествено и политичко ниво, а учеството на Таравари на овој панел ја покажува неговата посветеност да се справи со проблемите со кои се соочуваат оваа категорија лица и да се промовира поинклузивно и еднакво општество за сите.

Покрај дискусијата за потребите и барањата на лицата со попреченост, важно е оваа дискусија да води кон конкретни акции и политики ориентирани кон нивна поддршка, се наведува во соопштението.

притисни ентер