Десетина нови споменици на револуционери и дејци во центарот на Скопје

Десетина нови споменици на македонски револуционери и дејци од утрово поставени на неколку локации низ општина центар.

Војводата Васил Чакаларов на коњ се издигна кај кружниот тек кај католичката црква. Кузман Јосифовски Питу во паркот Жена борец. Од двете страни на порта Македонија поставени се споменици на Павел Шатев и Христо Татарчев седнати на столици. Во близина на Рекорд кај поранешен Ловец се исправи на војводата и учител Христо Узунов. Паметник од бронза на револуционерот Борис Сарафов поставен е кај МНР. Од другата страна на Вардар на се поставени и три нови скулптури на Пресвета Богородица и на Свети Петар и Павле.

Скулптури кои асоцираат на антиката се поставуваат и на мостот око кој води кон влезот на Археолошкиот музеј. Граѓаните кои минуваа покрај нив љубопитно гледаа но не можеа да ги препознаат. Колку точно споменици и скулптури се поставени и информации за нив локалните власти денеска не открија.

Ќе чекаат да бидат довршени постаментите на кои ќе стојат нивните имиња

Поставувањето на новите споменици победникот во Центар Андреј Жерновски го нарече тажна вест.

- Сакам да го изразам нашиот револт за тоа што се случува веднаш кога разбраа дека ќе ја изгубат општината. Ова е последното нагрдување на општина Центар, од утре ниту еден сантиметар на општина центар нема да се промени, без за тоа да се прашаат граѓаните на Центар - изјави - Андреј Жерновски.

Жерновски пред портите на општина Центар информираше дека од ВМРО-ДПМНЕ поднеле 49 жалби до ДИК за изборниот процес во Центар. Побара неговиот против- кандидат Тодоровиќ да му честита а владеачката партија да ја признае власта.

Манекенка исчезнала лани, телото ѝ го нашле во друга држава- ја препознале по тетоважите

Телото на манекенката Кајкан Каенакам (31) е пронајдено во Бахреин, една година по нејзиното исчезнување.

Нејзиното тело било во мртовечница, а полицијата успеала да ја идентификува преку тетоважите.

Минатата година се преселила во Бахреин и почнала да работи во ресторан за да го издржува семејството откако кариерата ѝ пропаднала.

Манекенката редовно објавувала фотографии и видеа од својот живот на социјалните мрежи, а потоа одеднаш мистериозно исчезнала.

Нејзината последна објава била во април минатата година, а нејзиното исчезнување предизвика голема паника кај Тајланѓаните.

Членовите на нејзиното семејство со месеци се обидувале да ја најдат, а во потрагата се вклучила и амбасадата на Тајланд.

На 18 април, тајландската амбасада во Бахреин го известила нејзиното семејство дека нејзиното тело е пронајдено.

Во обдукцискиот извештај е наведено дека таа починала поради акутен пулмонален и срцев удар предизвикан од труење со алкохол.

Интернет сензација: Никој не може да поверува колку е стар (ВИДЕО)

Овој жител на Сингапур е вистинска интернет сензација.

Кога ќе ги видите неговите фотографии, ќе сфатите зошто се здоби со популарност, но има уште еден – многу поинтересен „детал“.

Чуендо Тан редовно објавува свои фотографии на Инстаграм и на други платформи, а луѓето не можат да поверуваат дека тој има 58 години.

Да, добро прочитавте. Овој човек е стар повеќе од половина век, а не би му дале над триесет. И тоа е многу!

Чуендо е роден во 1967 година, а своевремено работел како модел, пеел и глумел.

Успешно се занимава со модна фотографија и ја води својата агенција AVE Management.

Младешкиот изглед го одржува со редовни тренинзи, а особено внимава што јаде.

Патнички авион се излизга од пистата и заврши во нива (ВИДЕО)

Бразилски деловен авион во сопственост на приватна фармацевтска компанија полетал од аеродромот Чапеко до аеродромот Ерехим, на само петнаесет минути лет, и се излизгал од пистата за време на слетувањето.

Луксузниот Learjet 75 на фармацевтската компанија CIMED, регистриран под ознаката PP-DYB, полета со дел од раководството кон дестинацијата на облачно време во 13:35 часот. Авионот поминал само 13 минути во воздух и се вратил на аеродромот.

Меѓутоа, наместо да слета без проблем, авионот завршил од пистата на аеродромот Команданте Краермер во Ерехим.

За среќа, сите патници биле безбедно евакуирани, а CIMED, компанијата која го поседува овој луксузен авион, излезе со соопштение дека „сите патници се добро и нивната безбедност е приоритет на компанијата“.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога авионот ја „напушта“ пистата на аеродромот.

Претседателот на компанијата, Жоао Адибе Маркес, објави дека истрагата ќе ја спроведе Регионалната служба за истрага и спречување на авионски несреќи.

Тој нагласи дека се надева оти истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро.

Во несреќата која завршила со сериозни оштетувања на деловниот авион, еден од двајцата членови на екипажот и тројца патници се здобиле со полесни повреди што биле санирани на лице место, пренесува G1Globo..

притисни ентер