Регионот заедно против афлатоксинот во млекото

Дефинирани мерките и активностите за решавање на проблемите поврзани со појавата на афлатоксин во добиточната храна, млекото и млечните производи во регионот на Југоисточна Европа на состанокот во Сараево, Босна и Херцеговина на министрите задолжени за земјоделство и храна и лидерите на делегациите од земјите од Југоисточна Европа.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на форумот, кој вчера беше организиран од Министерството за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина заедно со Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (SWG), Република Македонија ja претставуваше македонскиот амбасадор во Сараево Рами Реџепи.

Поради присуството на покачени нивоа на афлатоксин во пченката, која се користи за добиточна храна и како резултат на тоа, зголемени нивоа на афлатоксин во млекото и млечните производи, министрите задолжени за земјоделство и храна и лидерите на делегациите од земјите од ЈИЕ дискутираа за потребните мерки за контрола на нивото на афлатоксин во млекото и млечните производи.

Мерките опфаќаат воспоставување комуникација помеѓу институциите на земјите од ЈИЕ кои се занимаваат со проценка на ризик, управување со ризик, контрола на квалитет и тестирање на добиточна храна и прехранбени производи, размена на информации во врска со механизмите за контрола на безбедноста на добиточната храна и прехранбени производи, завземање заеднички став во превземање мерки и подготовка на акциски план за подобрување на комуникацијата и координацијата на ресорните министерства.

На состанокот министрите дискутираа и по предлогот мерки и активности кои се однесуваат на појавата на афлатоксин предложени од Регионалната ад хок експертска работна група, која претходниот ден одржа работен состанок и донесоа заклучоци.

- Земјите од ЈИЕ се согласија да обезбедат основа за контрола на афлатоксини во сточната храна и млеко и да ги следат постоечките граници утврдени со прописите на Европската унија, да се воспостави регионална група од експерти која ја сочинуваат контакт лица со мандат да разговараат за прашања поврзани со микотоксини, со цел - подобрување на комуникацијата меѓу надлежните органи во регионот на ЈИЕ, како и со надлежните институции на ЕУ, усогласување на активностите поврзани со проценката и управување со ризик во земјите, вклучително и на воспоставување акциски план и програма за следење на нивото на афлатоксини во млекото и во добиточна храна, се наведува во соопштението.

Исто така, договорено е да се воспостави детален систем на комуникација и размена на информации помеѓу релевантните институции од ЈИЕ и да се нагласи важноста на превземањето превентивни мерки кај производителите и преработувачите на храна, вклучувајќи и воведување и примена на добри земјоделски практики, добри хигиенски и ветеринарни практики, вклучувајќи ги и ХАЦЦП принципите.

Се договорија и за зајакнување на капацитетите, односно воведување на постојана обука на ниво на владини претставници, инспектори, лабараториски персонал, производители и преработувачите на храна, вклучувајќи ги и земјоделците.

Се разгледа и можноста да се користи една референтна лабораторија за анализа на микотоксини во добиточната храна и храната во регионот или пошироко и да се стандардизираат процедурите за земање на мостри од храната и добиточната храна во согласност со прописите на ЕУ.

Учесниците на форумот заклучија дека треба да се воспостави протокол усогласен со ЕУ со кој ќе се дефинира како да се постапува со заразената добиточна храна.

- И оваа средба уште еднаш ја нагласи важноста на регионалната соработка и дијалог во регионот на Југоисточна Европа кога се зборува за прашања од заеднички интерес, а особено во процесот на европската интеграција на нашите земји. Наредниот состанок ќе се одржи во Хрватска, стои во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Хаос во Барселона пред натпреварот во ЛШ: Полицијата се судри со навивачите на ПСЖ (ВИДЕО)

Жешка увертира беше видена во Барселона пред натпреварот меѓу Барса и Пари Сен Жермен, каде голем број навивачи од Франција дојдоа да го бодрат својот тим во реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Ултрашите на Пари Сен Жермен, кои се познати и како сериозни хулигани на европско ниво, влегле во конфликт со полицијата.

На видеата кои се појавија на Инстаграм и другите социјални мрежи, може да се види како полицијата и навивачите на ПСЖ се тепаат во областа во близина на стадионот.

Да потсетиме, на Олимпискиот стадион Монжуик играат Барселона и ПСЖ.

Во првиот меч Барселона победи со 3:2 на гостувањето кај ПСЖ и е сѐ поблиску до полуфиналето.

Затворен е аеродром во Британија- имало безбедносен инцидент во авион

Аеродромот во Бирмингем привремено ја прекина работата поради „безбедносен инцидент на авион“.

„Авионот безбедно слета и сите патници и членови на екипажот се симнаа“, изјави портпаролот на аеродромот во Бирмингем, пренесува Sky News.

„Сите патници кои планирале да патуваат треба да дојдат на аеродромот и да се пријават за нивниот лет како што е вообичаено.“

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж да не добие смртна казна

Соединетите Американски Држави денеска му дадоа гаранции на Високиот суд во Лондон што ги побараа во врска со случајот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Во пресудата од 26 март, судот побарал гаранции од САД дека Асанж ќе може да се повика на Првиот амандман и дека нема да се соочи со смртна казна по екстрадицијата.

„Оваа дипломатска нота не прави ништо за да го намали огромниот стрес на нашето семејство за неговата иднина, имено неговото очекување дека ќе го помине остатокот од својот живот во самица во американски затвор поради неговата наградувана новинарска работа“, рече сопругата на Асанж, Стела, објави Ројтерс.

Американскиот претседател Џо Бајден на 10 април изјави дека неговата администрација го „разгледува“ барањето на Австралија да се откаже од деценискиот притисок на САД за кривично гонење на Асанж поради објавувањето на доверливи американски документи.

Во врска со изјавата на Бајден, Стела Асанж оцени дека „изгледа дека работите би можеле да се движат во вистинска насока“.

Асанж (52) се соочува со кривично гонење во САД по 17 обвиненија за шпионажа откако објави стотици илјади доверливи американски документи пред речиси 15 години на неговата веб-страница Викиликс.

Поддржувачите на Асанж инсистираат дека тој е новинар кој ги разоткри воените злосторства на САД во Ирак и Авганистан, што беше во јавен интерес и дека тој е заштитен со Првиот амандман на американскиот Устав, кој ја гарантира слободата на говорот.

притисни ентер