Бејби бум!

Јавните личности кај нас сериозно се фрлија на работа за зголемување на наталитетот. Македонија го доживува својот прв celebrity бејби бум.

Од пејачки, водителки, спортисти сите очекуваат принови во своите фамилии.
Време е да дознаеме каде се ќе одзива бебешкиот плач и смеа.
Последна која се приклучува кон бејби бумот кај нас е тв и радио водителката Здравкица Билбиловска. Таа и нејзиното момче Војислав го очекуваат првото дете, а Здравкица е во вториот месец од бременоста.
Кога сме кај водителките имаме уште една идна мајка меѓу нив. Но по втор пат.
Прекрасната Живкица и нејзиниот сопруг Зоран Калеников, го очекуваат штркот по втор пат. Едногодишниот Дарјан наскоро ќе добие помало братче.
Трети на бејби бум листата се познатиот бизнисмен Дарко Гелев- Брејк и неговата сопруга Драгана Клопчевска.
Екс мисицата на Македонија е во второто тримесечие од бременоста.
Брејк и Драгана го кажаа судбоносното ДА во јуни 2011, а кон крајот на ова лето го очекуваат првиот син. За Драгана ова е прво дете, додека Брејк ќе биде татко по втор пат. Од првиот брак го има синот Марко.
Еден од најдобрите презентери на вести, Борислав Тноковски минатиот месец потврди дека ќе се жени.
Но изгледа заборави да ни го потврди и фактот дека наскоро ќе стане татко. Тој и Наташа веќе го очекуваат првото дете.
Во “татковските води“ наскоро ќе се најде и ракометниот репрезентативец Наумче Мојсовски.
Минатата година стапија во брак со Марија, а ова лето Наумче ќе треба да се покаже на бебешкиот терен. Иако не го откриваат полот на детето, Мојсовски вели дека во Струга само машки деца правеле.
За разлика од досега набројаните пејачката Елена Велевска сериозно работи на зголемување на наталитетот. Елена е бремена по трет пат!
Иако не планирале трето дете со сопругот Маријан, среќни се што наскоро 5 годишната Софија и 4 годишниот Марко ќе добијат братче или сестриче.
Во месец Февруари оваа година ракометниот репрезентативец Филип Миркуловски заедно со сопругата Благица станаа горди родители на малата Јована.
За Пеце “Суперхикс“ важи фомрулата прво па машко, второто женско. На денот на вљубените и виното, Пеце, неговата сопруга Ели и синчето Никола ја добија Маша Младеновска.
Уште еден татко на нашата сцена. Сашо Паркети годинава ќе ја памети по свршувачката со тетовчанката Алесија и по раѓањето на неговата ќерка.
Ноќта помеѓу 28 и 29 Април во 00:01 Сашо на Фејсбук се пофали дека на свет дојде малата Дарија.

Е ова е плодна година за македонската јавна сцена. Ако и децата бидат талентирани како наведените родители ќе имаме интересен период во иднина. А дотогаш Ексклузив заедно со штркот ќе прошетаме кај неколку познати личности да ги пробаме и мекиците.

Се намалува цената на електричните автомобили, некои се поевтини и за 2.000 евра

Портпаролот на Tesla денеска изјави дека компанијата ќе ги намали цените на некои модели на автомобили во одредени земји во Европа, вклучително и Германија, како и на Блискиот Исток и Африка.

Во Германија цената на моделот 3 со погон на задните тркала паднал од 42.990 евра на 40.990 евра, пренесува Ројтерс.

Таа компанија, чиј основач и директор е милијардерот Илон Маск, претходно најави намалување на цените во Кина и САД.

Така, во САД цените на трите модели ќе бидат за 2.000 долари пониски, а Model Y ќе чини 42.990 долари, Model S 72.990 и Model X 77.990, пишува ABC News.

На 15 април Маск објави дека 10 отсто од вработените во компанијата ќе бидат отпуштени.

Компанијата Тесла на почетокот на април објави дека испорачала 386.810 возила во првиот квартал од 2024 година, што е за 8,5 отсто помалку во споредба со истиот квартал минатата година, објавија медиумите.

На квартално ниво, испораките на возила на Tesla паднаа за 20 отсто во споредба со четвртиот квартал од 2023 година.

По тој повод, Tesla објави и дека во првиот квартал од 2024 година произвела 433.371 возила, што е за 1,7 отсто помалку од истиот квартал лани.

МОН: Наставата од деновите на гласање ќе се надомести во работни денови

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.

Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

Потсетуваме дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни и потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја.

Министерство за образование и наука

Четворица млади Германци се уапсени, додека полагале бели рози во куќата на Хитлер

Четворица Германци биле фатени како положуваат бели рози во куќата во која е роден нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во западна Австрија на неговиот роденденот, а една жена меѓу нив го извела нацистичкиот поздрав додека се фотографирала.

Полицијата во провинцијата Горна Австрија соопштила дека четворица Германци, две сестри и нивните партнери, на возраст од 20-ти и раните 30-ти, отишле во зградата во саботата за да положат бели рози во прозорците, објави Политико.

Тие се фотографирале пред куќата, а една од жените го извела нацистичкиот поздрав. Патролните службеници ја забележале групата и ги однеле во полициска станица на распит.

Жената рекла дека не била сериозна во врска со поздравот, но полицајците изјавиле дека нашле разговор со други на нејзиниот мобилен телефон, во кој споделувале пораки и слики со нацистички теми.

Полицијата соопшти дека ќе ги пријави сите четворица пред обвинителството поради сомневање дека го прекршиле австрискиот закон за забрана на нацистички симболи.

Хитлер е роден на 20 април 1889 година во Браунау ам Ин.

По долги расправии за иднината на куќата во која е роден, минатата година почна да се работи за нејзино претворање во полициска станица, што требало да ги одврати оние кои го величаат Хитлер и имаат намера да ја посетат.

притисни ентер