Божиновска им го честита Велигден на верниците од католичка вероисповед

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска по повод претстојниот празник Воскресение Христово - Велигден упати телеграма со честитки до Бискупот Скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Македонија.





- Воскресението Христово претставува радост, вистинска светлина, љубов и возвишен дар за секого. Жртвата што Христос ја даде за целиот свет ни го осветли патот кон спасението и кон целосното овоплотување со Бога. Суштината на нашите животи и суштината на нашата вера би биле бесмислени ако не победеше животот над смртта преку живиот пример на распетието и воскресението Христово. Денеска кога светот се соочува со големи предизвици, болести, смрт, еколошко загадување, економски кризи, закани од нуклеарни војни, пораката на Христовото воскресение-Велигден никогаш не била повеќе потребна и поактуелна, стои во телеграмата.

Задача на сите луѓе без оглед на верата или каква и да е припадност, како што се наведува, е да ја шират пораката за мир и љубов, бидејќи само тоа е патот кој може да води кон ослободувањето од целиот хаос кој владее во светот и во нашите животи.

- Само преку личната жртва и личното соочување со предизвиците и искушенијата во името на другиот можеме да се доближиме до Бога. Силата и истрајноста Исусова на крстот ни даваат сила да истраеме во нашите жртви кои од нас секојдневно се бараат да ги направиме со цел да го искорениме злото и темните сили кои владеат во светот. Во таа насока, сакам да го истакнам Вашиот личен придонес, како и придонесот на Католичката црква во Република Македонија кои даваат посебен тон во јакнењето на мирот, меѓусебната љубов и соживот меѓу луѓето како во нашето општество така и во целиот свет. Исполнувањето на оваа благородна мисија е вистински предизвик за што се надевам и понатаму ќе продолжиме заеднички да ја остваруваме. Нека Ви е честит овој голем празник и Ви посакувам овие денови да ги поминете во духовен мир, радост и благосостојба. Христос воскресна-Навистина воскресна, се вели во телграмата на Божиновска.

Спречен е атентат врз Зеленски, полски државјанин е уапсен- му се закануваат 8 години затвор

Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руската воена разузнавачка служба и да им помогне да го испланираат атентатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесува АП.

Полското национално обвинителство во соопштение вели дека човекот, идентификуван само како Павел К, бил обвинет дека бил подготвен да пренесе информации за безбедноста на аеродромот до руските агенти и бил уапсен вчера во Полска.

Тој побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Ржешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е порта за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.

Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие до осум години затвор, се вели во соопштението.

Обвинителите, исто така, изјавија дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази.

Членката на Европската унија, Полска повеќе од две години дава цврста поддршка на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија.

Ковачевски: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата

СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата. Ние нудиме јасен план и визија како до 2030 година Македонија да стане земја членка на ЕУ.  

Наспроти нашите политички конкуренти ВМРО – ДПМНЕ кои немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност, ниту волја да го направат тоа порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, од предизборниот митинг во Демир Капија.

Ковачевски нагласи дека изборот е кристално јасен.

Избирате помеѓу надеж за подобра, европска иднина со СДСМ или безнадежност и враќање назад со ВМРО ДПМНЕ. Нашите идеи се прогресивни, со јасна визија за европска иднина на државата за што имаме голема поддршка од нашите пријатели од ЕУ, истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски додаде дека од друга страна, Мицкоски ќе го одолговлекува европскиот пат и за тоа ќе го обвини Брисел.

ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите, напротив, може да слушнете нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка на ЕУ сто години, а можеби и никогаш. Тоа покажува дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Северна Македонија ќе се врати во чекалниците и во темното минато на недемократските процеси, нагласи Ковачевски.

СДСМ никогаш не се откажува! И нашите противници мора да го знаат тоа! Не ни треба враќање назад во изолација и неизвесност туку напредок и членство во ЕУ, нема откажување од подобра иднина за нашите граѓани, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Демир Капија, се наведуива во партиското соопштение.

Потопиле голем патнички авион во море, за да стане туристичка атракција (ВИДЕО)

Авион со 400 седишта, L1011 Tristar, бил потопен во 2019 година во близина на брегот на јорданскиот град Акаба со цел да привлече туристи, односно љубители на подводни истражувања.

Џамбо-џет првпат полетал во средината на 1980-тите, но на крајот беше исфрлен од употреба. Последните години ги поминал на пистата на меѓународниот аеродром „Крал Хусеин“. На крајот е спуштен на дното на Црвеното Море.

Потонатиот авион стана едно од најпосетуваните места за нуркање во Јордан, пренесува Метро.

Неговите мотори се сè уште на место, а не се допрени ниту кокпитот, тоалетите и галијата.

„Кокпитот е во најплиткиот дел, на длабочина од 13 метри, а последните два излеза се на 28 метри“, откри подводниот фотограф Брет Холцер.

На интернет има бројни снимки од потонатиот L1011 Tristar, а интересно е што тој во еден момент по грешка бил поврзан со исчезнатиот MH370.

Имено, на социјалните мрежи се појави фотографија од потонатиот брод за која се наведува дека го претставува леталото на компанијата „Малезија Ерплане“, кое во 2014 година било изгубено без трага.

Во пораката стоело дека „не се пронајдени човечки останки во кабината“, но подоцна е избришана.

Набрзо, шпекулациите беа ставени на крај бидејќи фотографијата одговараше на снимката направена на брегот на Акаба, односно подводната атракција таму.

притисни ентер