Нов педијатриски ургнетен центар на детска клиника

Секој може да донира на бројот 14321 од било кој мобилен оператор


Нов педијатриски ургентен центар за спас на детски животи треба да се изгради на Клиниката за детски болести. Секоја секунда е важна за дете на кое му треба итна помош. Во клиниката дневно се прегледуваат и до 50 деца. Условите за хоспитализирање на итните случаи се под стандардите. Во новиот простор ќе може да им се помогне и на десет деца во ист момент.

„Досега навистина беше проблемот да им се помогне на итните случаи со добра нега во добри услови“, вели д-р. Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести.

Со националната донаторска кампања под покровителство на првата дама Маја Иванова почнува иницијатива за собирање на 55 илјади евра за реновирање и адаптирање на просторот.

„За секој родител е важен животот и здравјето на своето дете. За нас овде се важни сите детски животи. Да направиме оваа кампања да им помогне на сите“, објасни Маја Иванова, сопруга на претседателот на Република Македонија

Средствата треба да се соберат на донаторски коктел на ВИП личности. Партнерите во кампањата се Мери Џ. Волерс, сопруга на американскиот амбасадор, Клеј Батемер, од невладината „Линка Крос“, Мариет Шуман, амбасадор на Кралство Холандија и маркетинг агенцијата „Њу момент“. Да не заборавиме дека сме луѓе секој може да донира на бројот 14321 и да се откаже од едно не испиено кафе.

Мицкоски и Ковачевски ги промовираа своите први спотови во кампањата

На официјалниот старт на кампањата за парламентарните избори лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоскии Димитар Ковачевски  ги промовираа своите први спотови во кампањата

Стартува кампањата за парламентарните избори кои ќе се одржат на 8-ми мај. ВМРО – ДПМНЕ камапњата традиционално вечерва ќе ја старува со митинг од Oхрид, додека СДСМ и коалицијата за европска иднина стартот на камапњата за парламентарните избори ќе ја започнат денеска напладне од Музејот на современата уметност во Скопје, каде свое обраќање ќе има партискиот лидер Димитар Ковачевски..

„Гответе со Дракче“ - Полнети бабури со просо

Во среда (17.04.2024) во емисијата гостин ни беше Тања Турунџиева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 главица кромид

2 моркова

1 црвена пиперка

1 црвен домат

1 главица лук

1 китка магдонос

3 бабури

САЛАТА

1 марула

1 краставица

1 брокула

1 карфиол

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција

 Во турскиот град Токат денеска се регистрирани повеќе од 20 земјотреси, а најсилните беа со интензитет од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес бил во еден часот и шест минути по полноќ на длабочина од 9,97 километри, а вториот во два часот и 35 минути на длабочина од седум километри, соопшти турска Служба за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).

Гувернерот на Токат, Нуман Хатипоглу изјави дека земјотресите не предизвикале жртви и материјална штета.

притисни ентер