Жените влегоа во локалната власт

Градоначалници на општините Кисела Вода и на Градско во следните четири години ќе бидат Билјана Беличанец Алексиќ и Жанета Чаушевска, а уште две жени се во трката за освојување на оваа функција во вториот круг на локалните избори- Теута Арифи во Тетово и Анастасија Oлумчева во Богданци. Во изминатите четири години немаше жена градоначалник во Македонија.

Родовата рамноправност беше застапена и на советничките листи, но за тоа колку жени ќе бидат дел од советите на општините ќе се знае деновиве.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во својот прелиминарен извештај, што беше објавен вчера на прес-конференција, исто така ја спомена родовата рамноправност и констатираше дека таа е застапена.

- Согласно со правните критериуми едно до трите последователни места, главно, беше зачувано за помалку застапениот пол. Критериумите за застапеност на половите беа испочитувани од страна на изборните тела, изјави шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс.

Даниела Димитриевска, од Македонското женско лоби вели дека генерално е направен чекор напред кон позитива, со надеж дека овој тренд ќе продолжи.

- Очекувам поорганизирани и поголеми кампањи на жените, но и поголема поголема поддршка од невладините организации, изјави Димитриевска. Потсетува дека на овие избори политичките партии имаа кандидирано повеќе жени особено поголемите партии. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ шест, а СДСМ и коалицијата „Сојуз за Македонија“ пет. - Партиите им дадоа поголема шанса на жените, вели Димитриевска.

Се уште се прави анализа колку жени ќе има во советите. Македонското женско лоби, како што најави Димитриевска, наскоро ќе излезе со детални информации за учеството на жените на локланите избори.

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, која ги застапува правата на жените, изјави дека се исполниле нејзините очекувања на овие избори.

- Очекувањата за три до четири жени градоначалнички ми се исполнети. Покажа дека вредеше кампањата што ја водевме во име на ДОМ члетири години, заедно со невладините организации. Сега треба да ги поддржиме градоначалничките за да добијат видливост за да може на следните локлани избори тој број да биде два до три пати поголем, вели Поповска.

Во изминатите четири години во Македонија немаше жена градоначалник, а 27 отсто од советници во општините беа жени.

Македонија е меѓу првите 30 земји по бројот на жени парламентарки. Во седмиот состав на Собранието има 40 претставнички на понежниот пол.

Алегри по ремито со Каљари: На полувремето требаше сите да бидат сменети, вклучително и јас

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се осврна на синоќешниот натпреварот со Каљари на којшто неговиот тим се спасуваше од пораз.

Средбата од 33. коло во Серија А заврши 2:2, а Јувентус изедначи во последните минути со автогол на Алберто Досена.

- Пропуштивме седум контранапади и постојано грешивме. Требаше да се бориме, но не влеговме во дуел-игра и ја направивме секоја можна грешка од технички аспект. Во вториот дел играта се промени и се подобривме. Не можете да му го дозволите на противникот таков почетокот на натпреварот на противникот. Примивме два гола. Секогаш е тешко да се игра и да се победи во Каљари. Фудбалот е тежок спорт кој се состои од дуели. Моравме да бидеме на нивното ниво, можеби да играме потехнички.

На полувреме мораше сите да бидат заменети, вклучително и јас. Сега ни преостанува борбата за место кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите. Што се однесува до купот, мислам дека со една нога сме во финалето, рече Алегри.

На 23 април торинскиот тим ќе игра со Лацио во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар заврши со резултат 2:0 во корист на Јувентус.

На табелата во Серија А, Јувентус е трет со 64 бодови. Пред него се Милан со 69 и Интер со 83. /МИА

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар во сабота во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која се лекува во Барселона.

Настанот е во организација на сите осум основни училишта на подрачјето на општина Центар и со поддршка на Општина Центар.

Кара е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар, а поради сериозни компликации во моментот е хоспитализирана на клиниката во Барселона поради дијагностицирање на нејзината болест.

- Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно, пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара, информираат од Општината.

Њу Орлеанс последен избори плејоф во НБА-лигата

Кошаркарите на Њу Орлеанс пеликанс рано утрово забележаа победа над Сакраменто кингс со 105:98 во плејин натпреварот одигран на домашен терен.

Најефикасен играч на натпреварот беше Де'Арон Фокс ос Сакраменто кој постигна 35 поени.

Во победничкиот состав се истакна Брендон Инграм со 24 поени.

Пеликанс се пласираа во плејофот каде во првото коло ќе играат против Оклахома.

Покрај Њу Орлеанс место во разигрувањето за трофејот преку плејин обезбедија и Лос Анџелес лејкерс, Мајами Хит и Филаделфија.

Плејофот во најсилната кошаркарска лига на светот почнува вечер со натпреварите:

Кливленд кавалирс – Орландо меџик и

Минесота тимбервулвс – Феникс санс. /МИА

притисни ентер