Трогателна приказна за малата Нора: Замина храброто девојче што ја обедини целата земја!

Нашиот ангел доби крила! Оваа потресна реченица го означи крајот на борбата на храбрата 5 годишна Нора и ги прободе срцата во цела Хрватска.

Целата земја трепереше над малата и храбра Нора Шитум која пред неколку недели замина за Филаделфија во последната борба за живот! Малата Нора не можеше повеќе да издржи, замина со почетокот на денот на 20 февруари.

Нора Шитум боледуваше од акутна лимфобластична леукемија. Од 2010 се лекуваше во Загреб,но кога беа исцрпени сите можности за лекување нејзина единствена шанса беше новата метода во детската болница во Филаделфија - пишуваат хрватските медиуми.

Нејзината мајка постави трогателна порака на фејсбук за помош, која веднаш покрена реакции. 18 годишната Ена Шарац која половина живот се бори со тумор на мозокот побара парите собрани за неа да и се дадат на Нора бидејќи Нора нема време, „а јас имам полни две недели“ изјави благородната девојка. За три дена беа собрани 3 милиони куни, но болницата побара уште - 4,7 милиони куни ( 837 224 долари). Се собраа и тие пари.

Нора доби шанса за борба.

Мајката Џана Анастасовска и таткото Ивица Шитум се надеваа дека новата метода ќе даде резултат кај Нора како во некои претходни случаи.

Само неколку дена по веста дека здравствената состојба на детето е влошена, Нора од болницата во Филаделфија се обрати на луѓето во Хрватска да се заблагодари за молитвите и поддршката.

- Јас сум сепак страшен лав! - порача малото и храбро девојче.

Но не можеше да издржи. Замина утрово.

- Оиде таму каде што ништо не боли, никој не ја боцка, нема леукемија и страдање. Бевме со неа до последниот момент. Отиде мирно и спокојно.Преубава како и секогаш - напиша во потресното писмо мајката на девојчето.

Хрватска тагува.












Фото: Екс тенисерка која сега заработува на „OnlyFans“ во друштво на Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер во друштво на сексапилна црнка.

Поранешната тенисерка, а денес инфлуенсер, Тамара Бојаниќ заработува огромни пари од фотографиите кои ги објавува на платформата за возрасни „OnlyFans“.

Провокативната Тамара сега се најде во центарот на вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографија со Новак Ѓоковиќ.

- Мојот сосед е подобар од твојот - изјави еднаш големата надеж на црногорскиот тенис.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Сепак, беше јасно дека нема да живее од тенисот кога се повреди на 17 години.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Но, потоа поради повреди ја заврши кариерата во белиот спорт и се вљуби во друга професија, многу поразлична од тенисерската.

Тамара реши да отвори профил на платформата за возрасни „ OnlyFans“ “, а не ни поима колку тоа ќе и го промени животот! Сега ужива во луксузот…


 

Бербок: Израел по војната треба да се откаже од контролата врз Појасот Газа

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок изјави дека Израел тредба да ја отстапи контролата над Појасот Газа штом ќе заврши војната против Хамас.

Бербок во интервју за медиумската група „Функе“ истакна дека власта треба да биде предадена на „Палестинците – ослободени од Хамас, од терор, самоопределени и со демократски избрана влада на сите Палестинци, вклучително и тие од Западен Брег“.

- Тоа нема да се случи преку ноќ, но не треба да го изгубиме од вид политичкиот хоризонт, особено сега за време на војната, посочи Бербок.

Според неа, германската Влада работи со арапските партнери за да се осигури дека решавањето на конфликтот на принципот на две држави за двата народа, Палестинците и Израелците, нема да стане фатаморгана. Тоа вклучува изградба на цивилна инфраструктура, реформи на Палестинската управа, економско закрепнување и безбедносна структура, вклучувајќи безбедносни гаранции и за Израел и за Палестинците.

- И ова значи и потсетување за израелската Влада дека политиката на населување не само што го попречува создавањето на палестинска држава, туку и буквално го попречува мирот. Затоа само решението за две држави може да донесе траен мир и безбедност на народот на Израел, наведе Бербок.

Според неа Израел треба да биде уверен дека никогаш повеќе нема да се соочи со терористичка закана од Палестина, како и Палестинците да можат да водат безбеден и достоинствен живот на својата земја.

- Ова, се разбира, значи дека и соседните арапски држави мора да бидат вклучени, бидејќи таму им се верува, но и затоа што се блиски пријатели на Израел, затоа Германија, а исто така и САД и Велика Британија се толку загрижени за политички хоризонт“. /МИА

За два дена две деца каснати од бездомни кучиња во Тетово

Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците.

Во изминатите два дена, две деца се повредени поради напади и каснувања од бездомни кучиња, а граѓаните со разни дописи до нашата редакција алармираат дека и од дома не можат да излезат поради глутниците.

Во СВР Тетово вчера 59 годишник од тетовско Беловиште пријавил дека малолетниот син околу 20 часот бил каснат од куче скитник на крстосницата на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „Борис Кидрич“. Четириесет и седумгодишниот тетовец, С.С. на 27 март во 21 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека на улица „Љубо Божиновски-Пиш“ во Тетово, неговата ќерка била касната од куче скитник, се вели во информациите на СВР Тетово.

Жител на населбата „Борис Кидрич“ и истоимената улица испрати фотографија до нашата редакција на која се гледа како глутница кучиња застанале пред премин и сите што поминуваат се соочуваат со страв.

- Иако важи за фреквентно место населбата „Борис Кидрич“ и истоимената улица се предизвик за граѓаните да поминат да си отидат дома, до работа или каде било да се движат. Бараме да преземат соодветни мерки и итно да се најде начин за справување со бездомните кучиња. Утринава бев нападнат од нив, а верувам дека и стотина ученици кои наутро одат на настава со страв поминуваат, се нападнати и ја избегнуваат локацијата. На враќање од работа, истата случка, од толку многу кучиња не може да се помине, вели Александар од оваа населба.

На 14 март градоначалникот Биљал Касами на новинарско прашање кога ќе почне најде соодветна начин за справување со бездомните кучиња, се пожали дека има опструкции во подготовка на тендерот.

- Во делот имало некои компликации како што за жал се случува тука кај нас, за се да се прави препрека на општината. Во делот на подготовка на тендерската документација за да се објави, но работиме да се расчисти тоа да се објави тендерот за избор на фирмата која ќе се грижи за тие кучиња за да согласно тоа работиме во делот на тргање на тие кучиња од градот, истакна Касами.

СВР Тетово на 13 март бележи вкупно шест пријави од граѓани кои биле повредени при напад од бездомни кучиња. Повредени се четири малолетници, како и двајца мажи на 44 и 54 години. Според евиденцијата во СВР Тетово преку 30 луѓе годинава за повредите од бездомните кучиња побарале да биде евидентирано од полицијата.

притисни ентер