Ирак ги чинел САД 1,7 трилион долари

Војната во Ирак, Соединетите американски држави ги чинела 1,7 трилион долари, а на воените ветерани САД им должат 490 милијарди долари.

Според податоците до кои дојде Вотсон институт за меѓународни односи при Универзитетот Браун, ако се додадат камати и трошоци за лекување на воените инвалиди, износот би можел да се качи на шест трилиони долари.

Проценките се дека во Ирак загинале 134.000 цивили, а со настраданите припадници на безбедносните сили, бунтовници, новинари и хуманитарци, бројката се искачува на 189.000 жртви.

Освен тоа, во текот на војната, е засилено влијанието на радикалните исламисти, правата на жените се намалени и дополнително е нарушен системот за здравствено осигурување во земјата.

Извештајот е претставен воочи десетгодишнината од војната во Ирак, која започна со нападот на САД и на сојузниците на 19 март 2003 година.

Рамфоса: Јужна Африка продолжува со распоредување сили во Мозамбик и Конго

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса денеска изјави дека војската на неговата земја ќе продолжи да распоредува војници во Мозамбик и Демократска Република Конго, кои се погодени од конфликти.

Врз основа на одлуката за продолжување на неопределено време во источно Конго ќе бидат задржани 1.198 припадници на јужноафриканските национални одбранбени сили (SANDF), каде се наоѓаат и дел од мировните сили на ОН кои му помагаат на Конго во борбата против бунтовничките групи, пренесуваат британските медиуми.

Во соопштението на SANDF се наведува дека 1.495 нивни членови ќе ги продолжат своите операции во Мозамбик, каде од 2021 година ја поддржуваат владината борба против насилниот екстремизам во северните области.

Распоредувањата на јужноафриканската војска во странство годинава се ставени под засилена контрола откако двајца војници на SANDF во февруари беа убиени, а тројца ранети од минофрлачка граната во Конго.

Главната опозициска партија во земјата, Демократската алијанса,го обвини Рамафоса за испраќање неподготвени сили во воената зона. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати

Народот избра промени. Македонија повторно ќе биде горда и твоја.

Огромната поддршка на народот обврзува за промени и брзи резултати, работата не е завршена, црвениот картон граѓаните ќе го дадат на 8-ми мај.

На 8-ми мај СДС ќе доживеат уште поголем пораз, затоа што народот сака промени, и просперитет за Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на напорна работа и експресни резултати по 8-ми мај, народот мора брзо да ги почувствува промените и Македонија да тргне напред.

По 8-ми мај Македонија ќе тргне по патот на економска обнова, поголеми плати и пензии, развиена инфраструктура, квалитетно образование, здравство какво што заслужува секој човек. По 8-ми мај следува економска трансформација на Македонија.

Ги повикуваме граѓаните уште помасовно да излезат во вториот круг и да ги потврдиме промените. Народот ќе си ја врати Македонија.

Македонија повторно твоја, се наведува во партиското соопштение.

Нема докази дека Болсонаро побарал азил во унгарската амбасада, утврдил судот

Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александар де Мораеш, ја затвори истрагата за обвинението дека поранешниот претседател на Бразил, ултрадесничарот Жаир Болсонаро, во февруари побарал азил во унгарската амбасада поради недостиг на докази.

- Нема конкретни елементи кои укажуваат дека лицето кое било предмет на истрага имало намера да добие дипломатски азил со цел да побегне од земјата и, следствено, да ја загрози тековната кривична истрага, се вели во писмената одлука на Мораес, пренесуваат британските медиуми.

Сепак, престојот во унгарската амбасада покрена сомнеж дека Болсонаро сака да добие дипломатски азил за да избегне истрага за заговорот за државен удар во Бразил.

Болсонаро рече дека останал во унгарската амбасада со цел да ги одржи блиските дипломатски односи што ги има со Унгарија, на чие чело е десничарскиот претседател Виктор Орбан, политички сојузник на Болсонаро.

Американскиот дневен весник Њујорк Тајмс, врз основа на видео надзор откри дека Болсонаро поминал две ноќи во унгарската амбасада во главниот град Бразилија помеѓу 12 и 14 февруари, веднаш откако му бил одземен пасошот како дел од истрагата за наводен заговор да се организира воен удар. /МИА

притисни ентер