Масовно апсење на балкански криминалци во Австралија

Балкански криминални групи се на удар на полициска акција „Алистер“, што деновиве ја спроведува австралиската полиција, пренесуваат медиумите во регионот.

Меѓу 18-те досега уапсени криминалци, осум се од Балканот и се високо позиционирани припадници на бајкерските банди Анѓелите од пеколот, Ребелси и Бандидоси, составени главно од момчиња израснати во регионов во деведесеттите години.

Во операцијата се запленети и огромни количество експлозив, оружје, дрога и повеќе од половина милион фалсификувани долари.

Во истрагата што траела 21 месец, се прислушувани половина милион телефонски разговори.

Овен Вилсон ја одби улогата во новиот филм за О.Џеј.Симпсон, ќе добиел 12 милиони долари

Овен Вилсон ја одби улогата во претстојниот биографски филм за ОЏ Симпсон, наречен The Juice, пренесува Unilad.

Неодамна починатиот спортист играше во НФЛ и накратко се занимаваше со глума, но најдобро е запаметен по неславното судење во 90-тите кога беше обвинет за убиство на неговата поранешна сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Рон Голдман. Иако беше прогласен за невин, многумина не се согласија со пресудата, меѓу кои и актерот Овен Вилсон.

Претстојниот филм е опишан како сатиричен трилер кој ќе се фокусира на Даглас МекКен, еден од адвокатите на Симпсон. Режисерот на филмот Џошуа Њутн сакал да го види Вилсон во улогата на МекКен, но актерот ја одбил улогата бидејќи филмот ќе го прикаже Симпсон како невин човек.

"Овен Вилсон е совршен за улогата. Го запознав во Санта Моника. Сите го сакаа сценариото. Неговиот агент сакаше да ја преземе улогата", се сеќава Њутн.

„Му понудивме 12 милиони долари. Но Овен стана на крајот од ручекот и рече: „Мора да се шегуваш со мене ако мислиш дека ќе ја преземам главната улога во филм за тоа како О.Џ. не е виновен за убиство“, додаде тој.

Откако Вилсон не ја прифатил улогата, Њутн рече дека нашол нов актер, но одбил да каже за кого станува збор.

Столтенберг леташе со воен авион Еурофајтер за време на посетата на германска воена база

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја посети германската 73-та тактичка ескадрила Штајнхоф пред претстојниот самит на алијансата во јули во Вашингтон.

Тој се запозна со можностите за брз одговор на таа ескадрила, која е стационирана во воздухопловната база Лаге, и леташе околу еден час со борбен авион Еурофајтер, пренесе Анадолија.

- Воздушната база јужно од Росток е импресивен објект во кој се обучуваат најдобрите пилоти во светот. Затоа оваа база е многу важна за НАТО. Покрај тоа, Лаге игра суштинска улога во различни мисии на воздушната полиција на НАТО, како онаа на Балтикот, и со тоа дава важен придонес за колективната одбрана - изјави генералниот секретар на НАТО, објави германското радио НДР.

Столтенберг посочи дека Германија во рамките на ЕУ ѝ дава најголема поддршка на Украина. Тој особено ја пофали неодамнешната одлука да ѝ се даде на Украина уште еден систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ и да се обучат украински воздухопловни екипажи за тоа. Тој нагласи дека соработката во развојот на новите воени технологии е важна, оценувајќи дека е добро што Европа и Северна Америка го зголемија производството на одбранбена опрема. За време на посетата на Лаге, Столтенберг леташе еден час со борбен авион Еурофајтер.

- Со нетрпение очекувам да летам со Еурофајтер - објави Столтенберг пред летот.

Авионот со Столтенберг и пилот на воздухопловните сили полетал во 12:22 часот по локално време, а летот траел околу еден час, објави весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. По слетувањето, генералниот секретар на НАТО рече дека е многу импресиониран од компатибилноста на оружјето на различните земји од алијансата, истакнувајќи дека имал можност да види „вистински пример за интероперабилност на НАТО во пракса“, кога германски авион -танкер наполнил гориво на два шведски борбени авиони во воздух, додека учествувале во вежбата.

Ковачки: Подаваме рака на секој кој сака да стави крај на владеењето на ДУИ и нивните измеќари

Резултатот од првиот круг на претседателски избори е одговор на криминалните политики и предавањето на ДУУ, разликата е поголема од гласовите кои ги доби Стево Пендаровски. 

Резултатот е одговор на сите лоши политики, одговор на скандалите како Онкологија, модуларна болница во Тетово каде живи гореа луѓе, на не казнување на криминалот, рече Драган Ковачки, носител на листа на пратеници во изборна единица 3 на вечерашната дебата на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.

Според Ковачки промените се можни и тргнаа со првиот круг на претседателски избори.

„И ова ќе биде потврдено на 8 мај, како што ветивме беа згазени, а сега очекуваме поддршка од сите. Ние подадовме рака на секој субјект само да ја поразиме ДУИ и нивните измеќари СДС, мора да се стави крај на корупцијата, криминалот и продажбата на државата. Мора да се стави крај на крадењето и распродавањето на државата. Јасно е дека народот сака да си ја врати Македонија и ќе излезат уште помасовно на 8 мај“, вели Ковачки.

Ковачки се осврна на се што е направено и што ветува ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ го направи автопатот до Штип, патот до Кочани, експресен пат Штип-Радовиш кој е финансиран од претходна влада на ВМРО-ДПМНЕ. Сега ние предвидуваме нова клиничка болница во Штип, експресен пат од Кочани до Делчево до граница и многу други проекти. За разлика од претходна влада на ВМРО-ДПМНЕ, СДС нема направено ништо, се е организирано уште во време на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Ковачки.

притисни ентер