Снежно невреме ја парализира Западна Европа

Во Германија, Франција, Белгија и во Англија сообраќајот е пред колапс, а десетици илјади домаќинства се без струја.

На меѓународниот аеродром во Франкфурт досега се откажани 213 летови. Снегот и ниската температура го отежнаа и патничкиот сообраќај, при што се регистрирани 120 сообраќајки. Метеоролозите предвидуваат температурата во текот на ноќта да се спушти до минус 15 степени, пренесоа западните медиуми.

И во Франција обилни снежни врнежи изминатата ноќ блокираа стотици луѓе во нивните автомобили долж патиштата во северниот дел на земјата. Над 68.000 домаќинства во Бретања и Долна Нормандија, во западна Франција, останаа без струја по обилниот снег, што вчера паѓаше цел ден. Во 26 департмани во северна и западна Франција е прогласено портокалово ниво на опасност поради снегот.

Белгија, исто така, е блокирана од снежна бура. Во Брисел движењето на автобусите и трамваите од градскиот транспорт е многу отежнато, а во Лиеж јавниот превоз денеска целосно е запрен.

И во југоисточниот дел на Англија илјадници автомобили останаа блокирани поради обилниот снег. Голем број возачи останаа во возилата повеќе од осум часа, во колона долга над 50 километри. Во прекин се е и железничкиот сообраќај, а не сообраќаат и фериботите кои ја поврзуваат Британија со континентална Европа.

Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска во Мадрид изјави дека ќе игра на претстојниот Ролан Гарос само доколку почувствува дека е доволно подготвен за да се натпреварува, пренесе Би-би-си.

Надал лани не играше на Ролан Гарос поради повреда. Шпанскиот тенисер оваа недела ќе игра на Мастерсот во Мадрид.

-Да бев во Париз денес, немаше да излезам да играм. Мислам дека не би можел да играм 100 проценти, но важно е да можам да играм последен пат во Мадрид. Многу ми значи да играм на овој турнир каде имав добри моменти, рече Надал на прес-конференција во Мадрид.

Силјановска Давкова: Горда сум на вас, на граѓаните и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ

Почна прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ , чиј кандидат Гордана Силјановска е во убедливо водство на претседателските избори.

„Ве уверувам дека ќе се обидам секој ден да докажам и да покажам дека сум таму не за својата политичка кариера, туку за Македонија. Ќе докажувам дека Македонија мора да биде слична на европските држави и да биде посакувано место за политички и за било каков натпревар. Македонија да биде твоја, да биде наша, зашто токму напуштањето на човечките ресурси нѐ остава да стоиме во место.“ , рече Силјановска Давкова.

Прослава на ДУИ на плоштадот Скендер бег во Скопје

На плоштадот Скендер бег се собраа поддржувачи на ДУИ за да ја прослават победата на нивниот кандидат Бујар Османи.

Под силно полициско обезбедување, во овој момент насобраните се повлекоа. На местото на настанот е Михајло Видимлиски.

притисни ентер