ОМД: Бугарија да признае и да се извини за депортацијата на македонските Евреи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) бара од бугарската Влада јавно да признае дека како резултат на соработката со Германија за време на Втората светска војна биле депортирани 7.144 македонски Евреи во концентрациони логори на Треблинка во Полска.

Исто така бараат бугарската Влада да издаде и официјално извинување до македонската еврејска заедница.

- Бугарија е членка на НАТО и на Европската Унија и има должност да се помири со своето трагично минато и официјално да се извини на македонската еврејска заедница, велат од ОМД.

На 11 март 1943 година, бугарската војска ги уапсила Евреите од Битола и Штип и ги транспортирала до Тутунскиот монопол во Скопје, каде што биле затворени заедно со Евреите од Скопје. Околу 7.200 Евреи биле оставени без храна, вода и санитарни услови. Само неколку успеале да избегаат од логорот.

На 22 март, околу 7.144 македонски Евреи биле ставени во вагони, а бугарската војска ги придружувала до Лапово во Југославија, каде потоа нацистите ги придружувале до Полска. По шест дена, македонските Евреи пристигнале во Треблинка каде речиси сите биле веднаш убиени во гасните комори.

Во декември 1944 година, околу 50 преживеани останале да ја реконструираат македонската еврејската заедница. Повеќето од нив избегале во италијанските територии или се приклучиле на организираното антифашистичко партизанско движење.

По осамостојувањето на Македонија во 1991 година, македонската влада ја призна еврејската религија како уставна религија (Македонија е единствената земја надвор од Израел која го сторила тоа). Иако Еврејската заедница во Македонија денес има само околу 200 членови, сите заедно работат за заживување на еврејските традиции, еврејскиот идентитет и еврејскиот живот. Владата на Република Македонија го отвори македонскиот фонд на Холокаустот, за кој се доделени околу 18,5 милиони долари, а во март 2011 година официјално беше отворен Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија.

Наполи сака да го задржи во тимот Кварацхелија до 2029 година

Грузискиот репрезентативец во Наполи, Квича Кварацхелија може да потпише нов договор со тимот во блиска иднина.

Според „Football Italia“, новиот договор на фудбалерот со италијанскиот клуб ќе важи до летото 2029 година. Актуелниот договор завршува во јуни 2027 година.

Оваа сезона фудбалерот одигра 37 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и пет асистенции.

Трансфер вредноста на играчот се проценува на 80 милиони евра.

ЈСП Скопје: Поради надградба на системот можни се технички проблеми при валидирање со мобилен

 Поради надградба на системот можни се технички проблеми при валидирање со мобилен телефон или апликацијата „Скопска“.

ЈСП Скопје информира дека поради надградба на системот за наплата која се вршеше во изминативе неколку денови, регистрирани се инцидентни технички проблеми кај одреден број корисници при валидирање со мобилен телефон (185) или мобилната апликација „Скопска“.

ЈСП апелира до сите кои констатирале пропуст при валидирањето и сметаат дека се оштетени, да го пријават случајот на [email protected].

Албанската полиција откри пластеници со над 37 илјади садници канабис

Албанската полиција кај Велипоја открила пластеници со марихуана, при што запленила 37.336 садници од ова наркотично растение.

Акцијата ја поздрави министерот за внатрешни работи Таулант Бала и им честиташе на припадниците на државната полиција за акцијата.

- Доаѓањето на пролетта ги враќа и напорите на криминалните групи за одгледување наркотични растенија. Државната полиција мора да ги интензивира превентивните акции уште од првите моменти на обиди за одгледување наркотични растенија. Им честитам на полициските службеници од регионалниот комесаријат - Скадар за заплената на 37.336 садници канабис сатива и за последователните активности за спречување обиди за одгледување наркотични растенија, напиша тој на Фејсбук, објавувајќи и видео запис од акцијата.

Порача дека ги охрабрува сите структури на државната полиција да ги засилат контролите со цел да се спречи оваа појава.

Во акцијата уапсено е едно лице, а по друго се трага а запленети се и автомобил, трактор и предмети што се користат за оваа криминална активност.

притисни ентер