Само двајца во трка за градоначалник на општина Кичево

За престојаните локални избори во трка за градоначалничката фотелја во Кичево до денеска се пријавени двајца кандидати - Благоја Деспотоски од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Фатмир Дехари од ДУИ.


За Советот на општината пријавени се четири листи - на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ, ДПА и од НДП, информира секретарот на Општинската изборна комисија во Кичево Бегзат Алиу.

- Треба да се истакне дека рокот за пријавување на кандидати и советнички листи со најновото пролонгирање ќе трае до 8. март, кога и дефинитивно ќе се знае точниот број учесници на овие избори.
 

Европската Комисија не го коментира притворот на Јанева

Европската Комисија засега се воздржува од коментари за случајот „Рекет" и вчерашната одлука за притвор на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, порачаа портпаролските служби на ЕК за МИА.

Сепак, од Европската Комисија нагласуваат дека од македонските власти се очекува темелна истрага.

– Не коментираме тековни истраги, ЕУ потсетува дека е важно да продолжи борбата со корупцијата од високо ниво и да се воспостави правна одговорност за секаков криминал, стои во кусиот одговор на Европската Комисија до МИА.

Извори во Европската Комисија, која одигра значајна улога во создавањето на СЈО за време на преговорите од Пржино, велат дека од блиску се набљудуваат настаните во Северна Македонија околу случајот „Рекет" и дека засега во ЕК немаат јасна слика за тоа што точно се случува.

– Ситуацијата е многу комплексна, и чекаме да добиеме појасна слика и повеќе информации за да можеме евентуално да коментираме, велат дипломатите во Брисел.

Работата на СЈО, борбата против корупцијата и организираниот криминал се меѓу клучните услови за добивање датум за преговори во октомври, датум кој досега два пати беше одложуван.

Во Брисел никој не сака да шпекулира дали и како ќе се одразат последните случувања врз одлуката за доделување датум за преговори, но проценката е дека доколку власта и опозицијата во Северна Македонија покажат одлучност да се справат со корупцијата и да изнајдат трајно и убедливо взаемно решение, датумот сѐ уште е на дофат за земјата во октомври, коментираат за МИА дипломатите во Брисел.

Ниту бесплатниот паркинг не го спречи несовесното паркирање во Тетово

Паркирање на тротоари, во зона на крстосници и кружни текови, во „двоен ред" покрај зонско паркирање, па дури и оставање на возилата на зелени површини.

Сето ова несовесно однесување на возачите се случува постојано во Тетово, но и сега во летниот период кога се направи обид со дополнителни места за паркинг да се избегне ваквата слика на тетовските улици. Ниту бесплатниот паркинг во дворовите на училиштата, како да не беше доволно да се избегне несовесноста и практиката кај дел од возачите да ги паркираат возилата на недозволени места во Тетово.

Голем број примери има низ градот во кој возилата се така паркирани на тротоари при што е целосно попречено движење на пешаците. Паркирање се прави и на зелените површини кои поради тоа се оштетуваат.

Несовеносната, но и недостигот на паркинг места се главните причини за ваквата состојба, бележи новинарот во пензија Гојко Ефтоски. Тој потенцира дека веќе со децении ја има оваа проблематика што ја следел како новинар и се соочува како жител на Тетово.

– Паркирањето кој каде ќе стигне е практика веќе со децении. И јас како новинар пред многу години имам постојани пишувано на оваа тема, која е актуелна и сега. Проблемот додуша има повеќе аспекти. Има огромен број возила и малку паркинг места, но сепак останува големата несовесност да се паркираат на тротоари и да им го отежнат движењето на луѓето. На топлово време тоа посебно е тешко за постарите лица, кои онака едвај се движат, па уште треба и да заобиколуваат кола на тротоар за да поминат преку улица. Следен проблем е немањето паркинг пред стопански објекти и институции каде понекогаш и мора да се дојде поблиску. Така е на пример кај болницата, вели Ефтоски.

Инаку во текот на јули и август во Тетово веќе неколку години наназад може бесплатно да се паркира во дворовите на училиштата поради зголемување на бројот на возила со доаѓањето на привремено вработените во странство. Одлуката заеднички е донесена со цел да се овозможи и нормален и проточен сообраќај, образложија од Полицијата и Општина Тетово. Граѓаните нивните возила можат да ги паркираат во дворовите на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ", кај старото медицинско училиште, како и кај основните училишта „Истикбал" и „Лирија".

За непрописното паркирање голем број тетовци се соочиле и со казни од полицијата.

– Полициските службеници во текот на јуни годинава изготвиле 301 поднесок за непрописно, односно погрешно паркирање на моторни возила во Тетово. Бројот на ваквите поднесоци во јули изнесувал 315, кога се утврдени возила кои паркирале во таканаречени „двојни редови", паркирање на тротоари, во зона на крстосници и во зелени површини. Најмногу од погрешно паркираните биле и подигнати од тетовската „пајак служба", со цел да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во Тетово од 2015 година е воведено и зонското паркирање. Во зона А на булеварите „Илирија" (поранешен „Маршал Тито") и дел од булеварот „Илинденска" паркирањето чини 30 денари за еден час. Во зоната Б спаѓа зонско паркирање на повеќе улици, а еден час чини 20 денари. Казните за погрешно и непрописно паркирање се движат од 20 до 180 евра во денарска противвредност./МИА.

Во Париз денеска средба на Макрон и Мицотакис

Привлекување инвестиции, намалување на примарниот суфицит за 2021 година, стабилност и безбедност во регионот и поддршка за зелената агенда на Макрон.

Се целите со кои премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис заминува за Париз, каде што денес ќе оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Според грчки владини извори, Мицотакис на денешната средба ќе испрати порака дека Грција по 10-годишна криза сврти нова страница и има реформска влада, а една од целите е во рамките на состанокот со Макрон да упати повик до француските бизнисмени да инвестираат во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

притисни ентер