Од 1 април авионска линија Сараево - Скопје

Од 1 април се најавува воведување на нова авиолинија на релација Сараево - Скопје.
Ова го најави манаџментот на БиХ ерлајнс за боснаските медиуми. Не прецизираат детали само изјавиле дека се подготвуваат за новата линија кон Скопје што треба да профункционира за еден месец.

Менаџментот планира воведување  звиолинија и до Амстердам.
 
БХ ерлајнс мометално е приземјен бидејќи двата авиони со кои располага се во дефект. Поточно едниот е на техничка контрола во Германија другот е дефектен но поред портпаролот на БХ ерлајнс проблемот очекуваат да биде решен најдоцна до вечер

Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева

 По вчерашното приведување и одредување на мерка притвор на Катица Јанева, останува отворено прашањето кој ќе ја наследи на функцијата шеф на Специјалното јавно обвинителство.

Според републичкиот јавен обвинител Љибомир Јовески, кој се повикува на Законот за јавното обвинителство, во ваков случај треба да реагира Советот на јавни обвинители и да назначи вршител на должноста. Тоа би значело дека замена на Јанева би била некоја од нејзините колеги или колешки.

Од друга страна, претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев смета дека не може да се назначи в.д специјален обвинител без да и истече мандатот на Јанева.

– Само во еден случај, Советот назначува вршител на должност. Тоа е тогаш кога на еден јавен обвинител му се прекинува мандатот или е разрешен и Советот назначува вршител на должност од редовите на тоа обвинителство. Доколку Јанева не е разрешена и додека не и се прекине мандатот, не можеме да назначиме вршител на должност. Постапката за разрешување е предвидена со законот за СЈО, каде се вели дека доколку предлагаме ние, треба да подготвиме извештај и да го доставиме до Собранието, комисиите да го разгледаат и потоа Собранието да ни предложи ние да разрешиме, појаснува Штерјев во изјава за медиумите.

Законот за СЈО во член 18 вели дека јавниот обвинител може да се разрешува од функцијата пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата. Доколку Советот на јавни обвинители започне постапка за разрешување на јавниот обвинител во разумен рок треба да достави до Парламентот извештај за утврдената фактичка состојба и основите за разрешување. Извештајот би бил достапен на јавноста преку комисиите во Собранието, освен ако некоја од комисиите не го одложи или спречи објавувањето на дел и на целиот извештај, доколку најде за потребно да се заштитат правата на секое лице наведено во извештајот или да спречи недозволено влијание во кое било кривично гонење.

Врз основа на доставниот извештај, а на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата и по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број на пратеници, Советот по предлог на Собранието го разрешува јавниот обвинител. Собранието го утврдува предлогот за разрешување на јавниот обвинител до Советот на јавни обвинители со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство.

Согласно член 19 од овој закон, разрешениот јавен обвинител кој раководи со Јавното обвинителство може да поднесе тужба до Основниот суд Скопје 2-Скопје за разгледување на одлуката за разрешување. Со одлука на судот, јавниот обвинител може да биде вратен на работа или да добие друг вид надоместок.

Во Кривичен судење за „Монструм"

На миниатото рочиште беше сослушан еден сведок, а претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев најави ново вештачење на 31 телефон кое ќе биде изработено и претставено како нов доказ на судењето.

 Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Монструм" на СЈО, за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, за што на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

На миниатото рочиште беше сослушан еден сведок, а претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев најави ново вештачење на 31 телефон кое ќе биде изработено и претставено како нов доказ на судењето. Тој појасни дека телефоните биле одземени при претрес направен за време на првичната истрага.

– Телефоните ги најдов во депо во полиција. Полицијата ми рече дека сега ќе се прави вештачење со нова технологија што тогаш не била достапна, рече Ставрев на последното рочиште.

Обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО го информираше судот дека по завршувањето на овој дел од постапката ќе предложи како нови докази аудио снимки и транскриптите од сите разговори поврзани со случајот, а доставени до СЈО во декември 2015 година од политичката партија СДСМ.

Судот посочи дека ќе му биде потребно време да се запознае со содржината по што ќе биде договорено нивно изведување.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм" го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Судењето за „Монструм" се одржува еден ден по приведувањето и притворањето на специјалната обвинителка Катица Јанева која е осомничена за злоупотреба на службената положба и овласувања заради остварување лична корист со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничен во „Империја" со негово прифаќање како сведок во постапката. 

Сончево и топло до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 11 до 20, а максималната од 31 до 39 степени. УВ индекосот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево и топло со слаб североисточен ветер. Температурата ќе достигне до 37 степени.

До недела ќе се задржи стабилно и топло време. Зголемување на облачноста ќе има во петок и сабота а од недела попладне и во наредните денови ќе има појава на ликален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

притисни ентер