АРМ го одржа шестото првенство во крос- кантри трчање

Во организација на Генералштабот на АРМ денеска во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа шестото првенство во крос- кантри трчање на АРМ на 10 километри во машка и на пет километри во женска конкуренција.


Кросот, како што соопшти ГШ на АРМ, се одржал на посебно уредена патека, а настапиле натпреварувачи од сите команди и единици на АРМ, Воената Академија и Атлетската Федерација на Македонија.

Во машка конкуренција на патеката од 10 километри прво место освои Александар Стојановски од Атлетската Федерација на Македонија со време 31.50, второ место капетан Игор Јакимовски од баталјонот за специјални намени од полкот за специјални операции (ПСО) со време од 33.00, а третото место го освои професионалниот војник Добре Кузмановски од баталјонот на Воена Полиција со време 34.24.

Во женска конкуренција најдобро пласирана беше питомец Благица Димитрова од Центарот за обука на питомци, со постигнато време 22.33, второ место освои постар водник прва класа Марија Пеликон од баталјонот за почести со време 23.02, а третото место го освои професионален војник Билјана Делоска со време 23.11.

Во екипна конкуренција, како што е наведено, кај мажите прво место освои екипата на баталјонот за специјални намени од ПСО, второ место освои екипата на ренџерскиот баталјон од ПСО, а трето место освои баталјон на Воена Полиција. Во женска конкуренција екипно, прво место освои екипата на Командата за обука и доктрини, второ пласирана е екипата на баталјонот за почести, а трета е екипата на ренџерскиот баталјон.

Израел соопшти дека во Ал Шифа се убиени повеќе од 200 борци на Хамас

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека повеќе од 200 вооружени лица биле убиени за време на операцијата против Хамас во болницата Ал-Шифа во градот Газа.

Во текот на изминатиот ден, напаѓачите на Хамас излегле од собата за итни случаи во Ал Шифа, каде што се криеле и отвориле оган врз израелските војници, тврди ИДФ, додавајќи дека неколку слични инциденти се случиле во последните денови.

За време на борбите што се во тек, армијата вели дека војниците евакуирале цивили, пациенти и медицински персонал во друг дел од болницата „кој ИДФ го подготви и го воспостави за да овозможи продолжување на соодветниот медицински третман“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Истовремено, ИДФ тврди дека уште десетици оперативци на Хамас биле убиени за време на операциите во изминатиот ден во градот Ал-Карара во јужниот дел на Газа и во квартот Ал-Амал во Кан Јунис.

Војниците кои дејствуваа во јужниот дел на Газа, исто така, лоцирале и уништиле складишта со оружје, а во централниот дел на Појасот, ИДФ соопшти дека неколку непријателски оперативци биле убиени во текот на изминатиот ден од војниците на бригадата Нахал и во воздушни напади.

МВР: 173 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 60 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место, соопшти МВР.

Средба на Пецаков со претставниците на УНЕСКО, О.Охрид посветена на задржување на статусот

 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со неговиот тим оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО што престојува во работна посета на земјава.

Пецаков пред членови на Центарот за светско наследство, на Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата, како и на Националниот координативен тим од Македонија ја истакнал силната посветеност на Општина Охрид за зачувување на природното наследство во Охридскиот регион.

„Детално ги инфомирав за сите чекори кои како Локална самоуправа ги преземаме и со временските рамки за реализација на истите. Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО“, вели Пецаков.

Мисијата на УНЕСКО во Охрид ќе биде неколку дена, а како што посочи претходно министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, претставниците на Светската организација се тука за да ја утврдат фактичката состојба околу заштитата на Охридскиот регион на терен,со средби со претставници на сите засегнати институции и субјекти. Од мисијата на УНЕСКО ќе произлезат заклучоци според кои државата е треба да постапува во насока на заштита на Охридскиот регион и неговиот статус во УНЕСКО.

притисни ентер