Хосе Емилио Пачеко годинашен добитник на Златниот венец на СВП

Хосе Емилио Пачеко, еден од најзначајните и највлијателните мексикански посети, е добитник на годинашниот „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.

Одлуката ја донесе Управниот одбор на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ на предлог на Советот за доделување на наградата „Златен венец“ на СВП.

Хосе Емилио Пачеко е роден во Мексико Сити 1939 година. Во родниот град се образувал, а подоцна предавал книжевност на многу универзитети во Јужна Америка, САД и Канада. Член е на Мексиканската академија на јазиците За своето исклучитерлно поетско творештво многукратно е наградуван, а е лауреат и на големата награда Сервантес, која се доделува за исклучителни достигнувања во литературата пишувана на шпански јазик.

Пачеко добивањето на „Златен венец“ го доживува како најдобар надомест кој можел да го добие за половина век работа, со оглед дека годинава се навршуваат педесет години откако се појави мојата прва стихозбирка „Елементите на ноќта“.

- Уште од далечните шеесетти години читав и слушав за Струшките вечери на поезијата како едни од најголемите средби во светот од својот вид. Знаев дека наградата Златен венец се доделува на големи поети на кои вистински им се воодушевувам како Адонис, Одн, Бродски, Гилвик, Хини, Монтале, Неруда и Транстромер, луѓе кои, како што вели Т.С. Елиот, „човек не може да ги имитира“. Затоа, не со лажна скромност, туку со вистинска искреност, ќе речам дека никогаш не мислев да се најдам во тоа друштво благодарение на дарежливоста на Управниот одбор кој ми ја додели оваа голема награда. Им благодарам за тоа од длабочината на моето битие и чувствувам дека на некој начин тоа го оправдува моето постоење во светот, вели мексиканскиот поет. /www.kanal5.com.mk

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски воздушен напад врз куќа во градот Рафа на југот на Појасот Газа, соопштија денеска палестинските власти.

Рафа, во близина на границата со Египет, е прибежиште на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои избегаа таму поради тековните борби на северот на палестинската енклава.

И покрај повиците од светот за воздржаност, вклучително и од САД, израелската Влада со недели најавува копнена офанзива на Рафа, каде, како што тврди, се кријат многу борци на палестинското движење Хамас, против кое Израел води војна од октомври. /МИА

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

 Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на денешното редовното генерално Собрание на федерацијата изрази задоволство од тоа како функционираат работите, но нагласи дека има простор за напредок.

- Ова за нас, како раководство на Фудбалската федерација на Македонија не е нов почеток, но веројатно е еден од најкомплексните периоди од работата во федерацијата. Одново да им помогнеме на другите да ја видат Фудбалската федерација на Македонија на начин на кој што ја гледаме ние. Модерна и прогресивна.

Се сметам за посветена личност, а односот кон сите обврски во изминатата година даваат оцена и приказ за мојата работа, но и работата на целата федерација. Сметам дека многу работи во нашата Фудбалска федерација функционираат доста добро, но знам дека има и работи што можеме да ги подобриме, рече меѓу другото Сејдини.

Првиот човек на ФФМ посочи дека само резултатот може да ги донесе навивачите на стадион, нагласувајќи ја фаворитската улога на репрезентацијата во Лига на Нации.

Ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА и помошта која ја добиваме од нивните програми за развој на фудбалот и спортската инфраструктура.

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

 Полициски службеници вчера ги привеле Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер