Оскарот оди и во Македонија, дел од визуелните ефекти за животот на Пи работени во студиото ФХ3Х

Животот на Пи е најуспешен филм на 85-тото доделување на оскари кое ноќеска се одржа во Холивуд. Еден од 4-те оскари, филмот го доби за најдобри визуелни ефекти. А во правењето на визуелните ефекти учествуваше и македонското студио ФХ3Х.

Кога беше објавено дека „Животот на Пи“ ја добива статуетката за најдобри визуелни ефекти тоа значеше дека со и студиото ФХ3Х ќе има со што да се пофали, бидејќи дел од специјалните ефекти на филмот на Анг Ли се правеа во нивното студио во Скопје.

Од студиото ФХ3Х за Канал 5 скромно велат дека нивната работа на Животот на Пи била дел од вкупните визуелни ефекти кои ги изработувале аниматорите од Холивуд.





И покрај се Животот на Пи е дело со кое се гордеат, а пред неколку месеци на денот на премиерата во Македонија беше организирана и специјална проекција за новинарите.

Луѓето од ФХ3Х до утрово ја одгледале церемонијата за доделување на оскар, но на крај покрај сопствениот беа задоволни и од оскарот за најдобар режисер кој му припадна на Анг Ли за Животот на Пи, додеката главната награда отиде во рацете на Бен Афлек за филмот Арго кој е прогласен за најдобар филм минатата година.

Ова не е првпат ФХ3Х со своите анимации и графики да помогне некој филм да добие оскар, пред 5 години во истата категорија најдобри визуелни ефекти победи филмот Златен компас во кој исто така на дел од визуелните ефекти работеа и македонските информатички аниматори.

Лани за најдобар анимиран филм беше награден Ранго. Во него графиката и анимациите беа изработени од компанија Индустриал лајтс енд меџик (ILM)во чиј тим учествуваше и ФХ3х.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

Девет лица приведени во Таџикистан поради поврзаност со нападот во Москва

Државниот комитет за национална безбедност на Таџикистан уапси девет лица за кои верува дека се поврзани со осомничените за нападот во концертната сала во Москва.

Светските агенции повикувајќи се на извори во безбедносните сили на Таџикистан, денеска наведуваат дека осомничените се уапсени и поради нивните врски со огранокот на терористичката организација Исламска држава во Хорасан (ИСИС-К).

Според нивните информации, сите девет лица биле приведени на 25 март во градот Вахдат и се одведени во Душанбе.

Истражниот комитет на Русија вчера соопшти дека е уапсено уште едно лице осомничено дека учествувало во финансирањето на нападот во Москва. /МИА

притисни ентер