„Танец“ играше за Трескавец

Прилепчани синоќа го проследија хуманитарниот концерт на „Танец“ и на гостите на вечерта Блага Петреска и Сузана Спасовска, наменет за обнова на опожарениот манастир Трескавец.

Продадени беа сите 650 влезници со колкав капацитет располага големата сала од Домот на културата „Марко Цепенков“.

Овој концерт и синоќешната претставата на Театарот Комедија во Скопје се првите културни настани од серијата планирани за помош на Трескавец.

Директорот на „Танец“ Зоран Џорлев изрази задоволство што први ги започнуваат хуманитарните акции за Трескавец.

- Мило ми е што „Танец“ и Театарот Комедија во Скопје први ги започнуваат хуманитарните акции. Ветуваме дека ќе има и многу груги концерти и сето го правиме за возобновувањето на нашиот манастир Трескавец. Многу сум среќен што има многу публика, се бараше влезница повеќе. Во меѓувреме ми се јавија многу од дијаспората кои сакаа на кој било начин да се вклучат во хуманоста, изјави Џорлев.

Монахот Калист кој речиси пеш се симна вчера од манастирот Трескавец поради непроодноста на патот емотивно вели дека само може да изрази голема благодарност до сите.

- Трескавец е соборна љубов на прилепчани, на сите. Во оваа прилика би кажал едно големо благодарам за директорот на „Танец“, за прилепската локална самоуправа и градоначалникот за сета поддршка што ни ја даваат. Големо Благодарам на сите граѓани што ги купија влезниците и што ни даваат поддршка на најразличен начин. Јас отсекогаш велев дека Трескавец за прилепчани е една соборна љубов. Отсега ќе велам дека Трескавец е плод на таа љубов на сите жители на Македонија па и на нашите во дијаспората, изјави монахот Калист.

Со концертот во Прилеп и претставата во Скопје, Министерството за култура го почна анимирањето на сите културни институции со концерти, претстави, настани да се вклучат во акцијата за собирање средства за обнова на Трескавец. Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески најави во април голем концерт на градскиот стадион „Гоце Делчев“ на музички ѕвезди од земјава и од Балканот.

Фестивалот „Коачела“ казнет со 28.000 долари поради Лана Дел Реј

Популарниот музички фестивал, на којшто настапија светски ѕвезди како Шакира, Доџа Кет и „Ноу даут“, „Коачела“ (Coachella) заврши, но една од изведувачките ги прекрши правилата.

Се работи за американската поп-пејачка Лана Дел Реј, поради која организаторите на фестивалот ќе треба да платат казна од 28.000 долари... Имено, пејачката настапила 13 минути подолго од предвиденото и со тоа го прекршила договорот што организаторите го имаат со Градот Индио, каде што се одржува фестивалот, пишува „Ти-ем-зи“ (TMZ).

На фестивалот, имено, му се наплаќа дневна казна од 20.000 долари за првите пет минути од пречекорувањето на времето и дополнителни 1.000 долари за секоја минута потоа. /МИА

Прв круг претседателски избори, Канал 5 на избирачките места во Кисела Вода

Утринава Канал 5  беше на  отворањето на гласачките места во скопските Општини Карпош, Центар и Шуто Оризари.

Таму гласањето течеше мирно, без поголеми проблеми. Во моментов нашата екипа е во Кисела Вода во средното училште Васил Антески Дрен. Таму е Дејан Трајковски.

На Попова Шапка утрово најстудено и најголемо количество врнежи

Времето денеска променливо облачно и потопло.

Најниска температура, 0 степени, утрово е измерена на Попова Шапка, каде што има и најголемо количество врнежи во изминатите 24 часа - 29 литри на квадратен метар.

Како што соопшти УХМР, во 8.30 часот се измерени 3 степени во Маврови Анови и Лазарополе, 4 во Крушево, 5 степени во Битола и Претор, 6 во Тетово и Прилеп, 7 степени во Скопје (Зајчев Рид), Охрид и Берово, 8 степени во Скопје (Петровец) и Кавадарци, 9 во Куманово, 10 во Штип, Струмица, Крива Паланка, Велес, Виница и Гевгелија и 11 степени во Демир Капија и Виница.

Во изминатото деноноќие, според мерењата во 7 часот за наврнат воден талог, 26 литри на квадратен метар се измерени во Пожаране, 24 во Тетово, Маврови Анови и Охрид, 23 во Битола, 22 во Штип, 20 во Ѓуриште, 18 литри на квадрат во Претор и Крушево, 17 во Прилеп и Куманово, 15 во Скопје (Петровец) и Виница, 14 литри во Гевгелија, 13 во Скопје (Зајчев Рид), Крива Паланка, Кавадарци и Тополчани, 12 во Велес, 11 во Струмица, 10 литри во Берово, 9 во Лазарополе, 7 во Дојран и 5 литри на квадратен метар во Демир Капија.

-Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, наведува Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови од земјава повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24 степени.

-Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 22 степена, инфоримира УХМР.

притисни ентер