Анкета: Осумдесет проценти од германските инвеститори би вложиле повторно во државава

80 проценти од анкетираните навеле дека сакаат да ја прошират инвестицијата, како и да го зголемат бројот на работни места во државава.

Осумдесет проценти од греманските инвеститори повторно би инвестирале во државава, а за 71 процент зголемувањето на цените на енергијата е еден од најголемите ризици за нивниот развој, покажува денеска презентираното истражување за деловната клима на Делегацијата на германското стопанство во Македонија АХК и Македонско-германското стопанското здружение.

Во анкетата, спроведена во февруари и март годинава со учество на 45 од вкупно 150 членки на здружението, 80 проценти од анкетираните навеле дека сакаат да ја прошират инвестицијата, како и да го зголемат бројот на работни места во државава. Анкетираните компании се задоволни од квалификацијата и продуктивноста на вработените, како и од квалитетот и достапноста на локалните добавувачи, но искажале незадоволство во однос на борбата со корупцијата, правната сигурност и ефикасноста на јавната администрација.

Антје Ванделт, директорка на АХК Македонија и раководен член на УО на Македонско-германското стопанско здружение, на презентацијата на резулатите од истражувањето ја нагласи улогата на Германија како важен трговски партнер и еден од најголемите инвеститори во земјава.

-Светската економија, а со тоа и нашите две економии се наоѓаат во тешка позиција, но радува фактот што имаме позитивен тренд во трговската размена која лани изнесуваше 4,8 милијарди евра, рече Ванделт.

Според анкетата, годинава во однос на лани за 10 проценти е зголемен бројот на германските компании што сакаат да ја прошират инвестицијата во државава, само 11 проценти очекуваат да го намалат бројот на работни места во текот на годинава, а 30 проценти да го зголемат.

Заменик- амбасадорот на Германија во државава Ото Граф, посочи дека и покрај предизвиците во стопанството, има позитивни показатели кои укажуваат на задоволството на присутните инвеститори. Ова, истакна, го поткрепува фактот што 80 отсто од анкетираните компании повторно би ја избрале Северна Македонија како локација за реализирање на својата инвестиција.

Како што стои во резултатите од анкетата, за германските инвеститори, незадоволството од антикорупциските процеси и процедури, недоволната ефикасност на јавната администрација и скептицизмот за правната сигурност, го отежнуваат долгорочното планирање на нивните активности.

Компаниите опфатени со истражувањето дале позитивна оценка за сопствената деловна состојба, а оценката за општата економската состојба е помалку позитивна. Па така, 22 проценти од анкетираните компании својата моментална деловна состојба ја оценуваат како добра, а 31 процент очекуваат да има подобрување годинава, што е за 11 проценти повеќе отколку во истражувањето во 2022 година.

Зголемен е и процентот на оние кои годинава очекуваат подобрување на деловните резултати во сопствената компанија. Речиси половина од анкетираните компани, 47 проценти, очекуваат зголемување на продажбата, а 22 отсто пад. Позитивен тренд има во продажбата наменета за извоз, 39 отсто од анкетираните очекуваат зголемување на извозот годинава, во споредба со минатата година кога со такво очекување биле 28 отсто.

Според 22,3 проценти, меѓународните синџири на снабдување ќе се нормализираат до крајот на годинава, 2,2 проценти очекуваат тоа да се случи за два месеца, 44,44 проценти дале одговор - во текот на следната година. Дваесет проценти, пак, навеле дека ќе нема екстензивно враќање во првобитната состојба.

Германските компании кои работат во државава вработуваат повеќе од 20 000 лица. И годинешната анкета укажува на недостатокот од квалификувани работници, а како што потсети Ванделт, веќе се спроведува програма за дуално стручно образование по германски модел во соработка со 15 партнерски компании и седум стручни училишта во Кавадарци, Велес, Прилеп, Битола, Охрид, Тетово и Куманово. Повеќе од 420 ученици моментно се обучуват според германските станради за дуално стручно обарзование, а оваа година ќе се запишат 135 ученици во вакви паралелки, најави Ванделт.

Шест проценти од анкетираните компании се со седиште во државава, 33 проценти се од Германија, а 4,4 проценти се од Австрија. Поголем дел се мали и средни компании со помалку од 250 вработени. /МИА

Ѓоковиќ раскажа зошто се разделил од Иванишевиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на медиумите по проекцијата на филмот „Легенда“, посветен на тенисерот Никола Пилиќ.

Освен за филмот, Новак зборуваше и за разделбата со Горан Иванишевиќ.

- Горан пред сѐ е пријател за цел живот. Мој и на моето семејство. Некој кој ми е исклучително драг. Само затоа што ја прекинавме соработката, не значи дека ќе престанеме да бидеме пријатели. Стигна до точка на заситеност, почувствувавме дека е време да се разделиме по речиси шест години соработка каде ги испишувавме страниците од историјата на нашиот спорт. Поминавме низ сито и решето. Многу моменти кои не ни беа пријатни. И покрај сѐ, тој беше тука за мене. Најмногу ќе го паметам човечкиот однос кон мене. И поради тој однос, резултатот дојде како последица на сето тоа. Му посакувам сѐ најдобро. Сè уште немам јасна претстава кој би можел да го замени и дали тоа воопшто ќе има некој. Отсекогаш сум имал тренери со мене, тие се обидуваат да ме натераат да чувствувам што сакам и што ми треба.“, рече Ѓоковиќ, пренесе Телеграф.

Мик Џегер објави снимка како танцува, сите му се смеат (ВИДЕО)

Мик Џегер на својот Инстаграм профил објави урнебесно видео од ноќно излегување.

Во видеото, Мик танцува пред публиката на Mustique Blues Festival на Карибите додека бендот го свири хитот на Maroon 5 - Moves Like Jagger.

За песната Џегер реши на сите да им ги покаже своите танцови потези. Додека музичарот се фрла околу подиумот за танцување и скока, лицето што го снима се смее, а потоа Мик прснува од смеа.

Тоа видео насмеа многу негови следбеници. За помалку од еден ден Мик собра 160 илјади лајкови.

„Кој те натера да го направиш ова“, „Замисли Мик Џегер лежерно танцува во публика додека играш“, „Никој не танцува како Џегер“, „Те обожавам“, „Умирам од смеа“, „Никогаш не би кажале дека имаш 80 години“, се дел од коментарите.

Мик никогаш не криел дека е обожавател на големиот хит уште од неговото појавување. "Посакувам да ја напишав. Но, тоа би било малку чудно, нели? Тоа не е типична песна на Maroon 5, па тие веројатно се изненадени од нејзиниот успех како и јас. Тоа е многу привлечно. Единственото нешто дали ме тера да сакам да танцувам кога ќе го слушнам тоа“, рече Мик претходно.

Франција се подготвува за за закана од тероризам на Олимписките игри во Париз

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен денеска се сретна со разузнавачките служби на земјата за да ја проценат заканата од тероризам на Олимписките игри (ОИ) во Париз, кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август годинава.

Најважно е обезбедувањето на свеченото отворање на ОИ на 26 јули, кога флота од 94 чамци, на кои илјадници спортисти ќе ги држат знамињата на своите земји, ќе плови шест километри по Сена, пишува Гардијан.

Таа ќе биде придружувано од втора флота од 80 чамци со членови на медиумите и обезбедувањето, додека околу 222.000 луѓе ќе се соберат покрај реката, а уште 200.000 ќе ја следат церемонијата од зградите.

Воздушниот простор во радиус од 150 километри околу Париз ќе биде затворен за време на церемонијата поради потенцијален напад со беспилотно летало, а ќе бидат мобилизирани повеќе од 45.000 полицајци, многу од нив на покривите со снајперисти и во чамци.

Дарманен изјави дека Франција е секогаш под закана, особено за време на големи настани, бидејќи „ги брани универзалните вредности и секуларизмот“ и дека има „многу ефикасен разузнавачки систем.

„Речиси секој месец ги запираме заговорите во развојот“, рече францускиот министер.

Според истражувањето за француската телевизија BFMTV, 80 отсто од Французите се загрижени за тероризмот, 59 отсто се оптимисти дека нивната земја успешно ќе ја зачува безбедноста за време на Олимпијадата, додека 57 отсто поддржуваат одржување на свеченото отворање на отворено.

притисни ентер