Анкета: Криминалот и корупцијата најголем проблем во државата, ВМРО-ДПМНЕ со зголемена доверба

Најголем дел од граѓаните се согласуваат дека најважен проблем во државата се криминалот и корупцијата, додека втор најважен проблем се инфлацијата, растoт на цените и трошоците за живот. 

Oва се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 16 до 25 септември на 1.200 испитаници. Анкетата покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму е партијата со најголема доверба кај граѓаните.

Граѓаните на Македонија сметаат дека најголем проблем во државата се криминалот и корупцијата. Следува инфлацијата, растот на цените и трошоците за живот. Испитаниците одговорија дека за нив проблем се и невработеноста, ниските пензии и плати, проблемите во здравството, емиграцијата, образованието…

Споредено со резултатите од истражувањето спроведено во март 2024, перцепцијата на јавноста за корупцијата и криминалот како најважен проблем во земјата се намалува, додека во фокус останува инфлацијата, растот на цените и трошоците за живот.

На прашањето за предложената мерка од премиерот за распуштање на Судскиот совет за подобрување на правосудниот систем, позитивно одговориле 43,2 отсто од граѓаните, а за 33,4 отсто од испитаниците тоа е негативна мерка.

Најголем дел од граѓаните знаат кој е новиот лидер на СДСМ, додека 28,8% е изјасниле дека не знаат. Процентот на оние што не знаат е поголем кај испитаниците од албанска националност.

На прашањето за која партија би гласале на парламентарни избори, доколку истите би се одржале утре, најголем дел од одговорите на оние кои рекле дека ќе гласаат, речиси половина, се однесуваат на партијата ВМРО ДПМНЕ. Коалицијата Вреди исто така е во пораст споредено со парламентарните избори, ДУИ стагнира, а СДСМ е со голем пад.

Анкетирањето беше спроведено од 16 до 25 септември 2024 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници, односно со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%.

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Извор:

МКД.МК

Крајната десница е фаворит на денешните избори во Австрија: Нема социјална помош за странците

Во Австрија утринава се отворени избирачките места за парламентарни избори, кои би можеле да означат историска победа на крајната десница, која според анкетите води пред конзервативците.

Десничарската популистичка Партија на слободата на Австрија (FPÖ) има добри изгледи за релативна победа на парламентарните избори, но сè уште има мали шанси да произведе канцелар и да формира влада.

Изборите во недела за Nationalrat (Национален совет), како што се нарекува долниот дом на сојузниот парламент во Австрија, би можеле да останат во историјата како први федерални избори на кои десничарската FPÖ би можела да освои најголем број гласови.

Партијата на слободата (FPÖ) веќе учествуваше во неколку влади во алпската земја, но сè уште никогаш не била прва на националните избори.

Во речиси сите анкети на јавното мислење, партијата на Херберт Кикл води со околу 28 отсто поддршка пред владејачката конзервативна Австриска народна партија (ÖVP), која може да смета на поддршка од 24 до 26 отсто од гласовите. Ова е голема загуба за популистите во однос на последните избори во 2019 година, кога нив ги избраа 37 отсто од гласачите.

Поддршката за социјалдемократите (СПО) е околу дваесет проценти, додека либералите и зелените се борат за четвртото место, со околу девет проценти од гласовите.

Комунистичката партија на Австрија (KPÖ) и левичарската либерална партија Биер би можеле да го поминат изборниот праг од четири проценти.

„Социјална помош во иднина само за домашните, нема политички азил во Австрија, Австрија е опкружена со безбедни земји. Кој ќе ја запре миграцијата на луѓето, ќе го запре и увозот на исламизмот". Вака накратко ја претстави својата предизборна програма главниот кандидат на ФПО, Херберт Кикл.

Со него австриските либерали се залагаат за „тврдина Австрија“ и затворање на границите по линијата на Унгарија на Виктор Орбан.

„Во Австрија живеат премногу странци“ е главната предизборна порака на десничарската партија.

Херберт Кикл е среќен што се гледа себеси во идната улога на претседател на австриската влада и го користи терминот „народен канцелар“, иако ова е името со кое во минатото се нарекувал само Адолф Хитлер. Но, веројатноста Кикл да стане австриски канцелар сепак е мала.

Како и во соседна Германија, каде што никој не сака да коалицира со десничарските популисти од Алтернатива за Германија (AfD), ниту ÖVP ниту SPÖ не сакаат да формираат коалиција со FPÖ во влада во која Кикл би бил канцелар.

Канцеларот Карл Нехамер, лидерот на конзервативците, ја намали разликата во последните недели играјќи на картата на партијата „во центарот“ на политичкиот спектар, и покрај нејзините многу јасни позиции за имиграцијата.

И покрај очекуваниот пад од повеќе од десет поени од изборите во 2019 година, ÖVP, на власт од 1987 година, треба, без какви било изненадувања, да ја задржи канцеларската функција, предвидуваат експертите, но преговорите за наоѓање партнер ќе бидат долги.

Повеќето избирачки места беа отворени во 7 часот наутро за 6,3 милиони гласачи, од вкупно девет милиони жители. Првите проекции, врз основа на резултатите од гласањето по пошта и веќе затворените гласачки кутии, се очекуваат веднаш по затворањето на гласачките места во 17 часот.

Менаџерот на Шумахер, кој бил како член на семејството, не бил поканет на свадбата на ќерка му

Ќерката на Михаел Шумахер, Џина, се омажи вчера на Мајорка и имаше голема свадба, но сите беа прилично изненадени од фактот што долгогодишниот менаџер на нејзиниот татко и голем семеен пријател Вили Вебер не беше поканет на свадбата.

Познатиот менаџер практично беше дел од семејството, бидејќи покрај на Михаел, тој беше и менаџер на неговиот брат Ралф, па оваа информација дополнително ги вознемири фановите од светот на Формула 1.

За ова за магазинот „Билд.де“ зборуваше со мало чувство на незадоволство, но и со оправдување дека да беше поинаку, немаше да оди .

- Не бев поканет, но и да бев, немаше да присуствувам на свадбата. Моето здравје не е најдобро во моментов. Немав желба да летам за Мајорка - изјави 82-годишниот Вебер.

Вебер беше клучен во обезбедувањето спонзори и договори за Михаел Шумахер, вклучувајќи го и оној со тимот на Бенетон, кој ги постави темелите за успехот на Шумахер.

Неговиот менаџерски стил и врски значително придонесоа за растот на кариерата на Шумахер, со што стана еден од најуспешните возачи во историјата на Формула 1.

Вебер бил близок со семејството на Шумахер, но во подоцнежните години нивните односи станале заладени.

Експлозии и пожари во повеќе руски области, на удар и воен камп (ВИДЕО)

Руските телеграмски канали објавија експлозии во регионот Краснодар и во регионите Ростов, Воронеж и Волгоград.

Телеграмскиот канал Астра објави дека се слушнале експлозии во близина на воениот камп во Јејск и дека нападот најверојатно бил извршен со беспилотни летала.

„Луѓето од Јејск и Краснодарскиот регион зборуваат за експлозии што одекнаа во близина на воениот камп, каде што се наоѓа и аеродромот на руската морнарица - 859-от центар за борбена употреба и преквалификација на персоналот за летање на поморската авијација и 190-от мешан авијациски полк за обука на морнарицата “, тврди Астра, пренесува „Украинска правда“.

Експлозии се регистрирани и во Цимлијанск во Ростовската област. Русите претходно објавија дека десетици дронови на украинските вооружени сили се движат кон енергетски и стратешки важни воени објекти во регионите Волгоград, Тамбов, Ориол, Липецк, Тула и Саратов.

Гувернерот на Краснодарската област тврди дека во селото Шабелскоје, соборен дрон удрил во дрво и експлодирал, скршејќи ги прозорците и вратите на блиската куќа и оштетувајќи автомобил. Гувернерот на Ростовската област изјави дека силите за противвоздушна одбрана уништиле четири беспилотни летала во областа Азов.

Гувернерот на Воронежската област извести дека неколку соборени дронови слетале во Воронеж, предизвикувајќи пожари. Локалните жители известија дека слушнале најмалку 10 експлозии. Подоцна, каналите Телеграм објавија повеќе експлозии во Воронеж, како и експлозии и пожари во регионот на Волгоград.

притисни ентер