Анимација на Ѓоковиќ се појави на највисоката зграда во Белград (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја направи горда цела Србија, кога ја освои титулата на УС Опен и стигна до 24. Грен слем куп победувајќи го Данило Медведев во финалето со 3:0.

Србија не спиеше, сите беа со Новак, а ден по големиот успех, Белград реши да му се оддолжи со прикажување на анимација во негова чест на Белградската кула, највисоката зграда во Србија, пишува Телеграф.

- Честитки за освоената рекордна 24. Грен слем титула и 4. УС Опен - стои во текстот што е истакнат на белградската кула.

Има и анимација со фотографии од Ѓоковиќ како го крева трофејот на УС Опен, а целата е надополнета со кратенката „GOAT“ (Најдобар на сите времиња), објави Телеграф со ВИДЕО од анимацијата.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ се нервозни и исплашени поради страв од соочување со правдата

Антидржавните партии СДС и ДУИ преку манипулирана група од политички насилници направија директен напад врз државата преку чин на агресија кој беше директно насочен кон достоинството на македонскиот народ.

Настаните по повод „прославата“ на денот на албанското знаме, инцидентите и дивеењето на неколку групи се смислено сценарио на СДС и ДУИ кои преку манипулација, ескалација и креирање на етнички тензии се обидуваат да го заштитат криминално стекнатиот капитал.

Антидржавните партии СДС и ДУИ преку манипулирана група од политички насилници направија директен напад врз државата преку чин на агресија кој беше директно насочен кон достоинството на македонскиот народ.

СДС и ДУИ после 7 години власт се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни се, во паника и исплашени поради соочување со правдата и затоа сеат раздор.

СДС и ДУИ се немоќни и во агонија поради тоа што немаат поддршка за протести и токму затоа посегнаа по креирање на меѓуетнички тензии и обид за деескалација.

За разлика од минатото кога полицајци се удира во пајаци сега МВР одговори одлучно, брзо и професионално за сите кривично правни настани и прекршочни настани.

МВР во текот на вчерашниот ден реагираа во насока на приведување на учесниците и лицата кои го сквернавеа македонското државно знаме и предизвикаа инциденти.

ВМРО -ДПМНЕ ги осудува ваквите настани и апелира граѓаните да останат смирени и да ги игнорираат црните сценарија на поединци.

Нема да има милост кон никого секој оној кој ќе го прекрши законот и Уставот ќе одговара.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на стабилноста, безбедноста, заштита на државните симболи и достоинството на граѓаните.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Тошковски не може да ја гарантира безбедноста на граѓаните

Како во лош криминален филм среде Скопје се случи вооружен грабеж во позната продавница за техника, во градскиот парк.

Додека се уште работела продавницата, криминалците со качулки на главите и експлозивни направи кај себе извршиле дрско вооружено разбојништво.

Граѓаните веќе не се безбедни не само на улиците туку веќе не се безбедни ниту во продавниците. Безбедноста на граѓаните е целосно нарушена поради неспособноста на Тошковски.

Само еден ден пред овој вооружен грабеж, македонското знаме беше запалено а се пукаше со автоматски оружја. Пукачите не се приведени се уште.

Безбедносниот систем е разрушен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште еднаш се потврдува дека Тошковски и МВР немаат контрола над безбедноста, институциите не може да ја гарантирааат безбедноста на граѓаните како што треба.

Во последните 5 месеци се случија над 20 вооружени инциденти и убиства.

Ова е резултат и на партизацијата на МВР и безбедносниот апарат за политички интереси на Мицкоски и ДПМНЕ.

Тошковски е најнеспособниот миистер во историјата и треба да си поднесе оставка.

СДСМ

Советот за безбедност на Косово ги активира војската и полицијата за обезбедување на објекти

- Исто така, интензивирана е меѓуинституционалната и меѓународната соработка за да се спречат слични напади во иднина, се наведува во соопштението.

Советот за безбедност на Косово (СБК) рано утрово одржа вонредна седница, по синоќешната експлозија во која беше оштетен водоводниот канал Ибар-Лепенец, од каде со вода од Ујманското Езеро се снабдуваат повеќе градови во државата, како и Енергетската корпорација на Косово за ладење на нејзините термоелектрани, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението објавено од Владата се наведува дека СБК одобрил дополнителни мерки за зајакнување на безбедноста околу критичните објекти и услуги, како што се мостови, трафостаници, антени, езера, канали и слично, за што ќе бидат активирани на терен косовската полиција и Безбедносните сили на Косово.

- Исто така, интензивирана е меѓуинституционалната и меѓународната соработка за да се спречат слични напади во иднина, се наведува во соопштението.

СБК вели дека криминалците кои го извршиле синоќешниот напад се под контрола на властите во Белград и за вакви дејствија се обучуваат во Србија.

- Елементи на терористичките организации „Цивилна одбрана“ и „Северна бригада“ и главниот криминалец Милан Радоичиќ, диригирани од претседателот и Владата на Србија, планираат и се обучуваат во Србија за вакви професионални напади. Забележана е и сличност со агресивните руски напади врз енергетските капацитети во Украина во текот на оваа недела, кои оставија над милион украински домаќинства без струја токму во пресрет на зимата, се наведува во соопштението.

Косовскиот премиер Албин Курти побара од сите меѓународни фактори да го осудат овој напад, за кој вели дека нанел голема штета.

- Нашата држава е решена и подготвена да ги заштити своите граѓани и критичната инфраструктура. Нема да толерираме такви дела кои имаат за цел да го дестабилизираат Косово и да го загрозат мирот и демократското функционирање. Ситуацијата се става под контрола и е на пат да се врати во нормала. Бараме од сите меѓународни фактори да го осудат овој напад кој ни нанесе голема штета, се цитира Курти во соопштението по седницата на косовскиот Совет за безбедност.

Неполни 24 часа по нападот со рачна бомба врз зградата на општината во Звечан во северно Косово, синоќа се случи експлозија во водоводната мрежа Ибар-Лепенец во селото Варага во Зубин-Потоку. Од полицијата велат дека се работи на негово расветлување, а Регионалното водостопанство „Митровица“ соопшти дека е прекинато снабдувањето со вода за пиење. Централните власти на Косово за нападот што го оценија како терористички ја сметаат за одговорна Србија. Во вторникот рачни бомби беа фрлени и во дворот на полициската станица во Звечан.

притисни ентер