АМСМ: На Попова Шапка и во Маврово врнежи од снег, но не се пречка за сообраќајот

АМСМ информира дека на Попова Шапка и во Маврово се бележат врнежи од снег со променлив интензитет, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со министерот Јоковиќ

Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за научна, техничка и економска соработка .

Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за научна, техничка и економска соработка во областа на земјоделство помеѓу министерствата.

Согласно потпишаниот Протокол двете земји во областа на земјоделството (градинарството, сточарството, овоштарство, лозарство и заштита на растенија), руралниот развој, ветеринарство, безбедноста на храна, прехрамбената индустрија, водостопанството и шумарството ќе овозможат:

- Размена на научни и технички информации и документација;

- Размена на резултати од истражувањата публикувани и верификувани од страна на овластените институции, како и воспоставување дирекни заеднички активности на споменатите институции;

- Размена на генетски и биолошки материјал од областа на растителното производство и сточарство;

- Размена на искуства во земјоделската политика, надворешно - трговската размена, специфични мерки на поттикнување и заштита на производството, земјоделството и извозот на земјоделски производи;

- Поддршка и заеднички ангажман во креирањето, пронаоѓањето на средства за финансирање и реализација на регионални проекти;

- Развој на организации на производители и здруженија на земјоделците;

- Развој на советодавните служби и итн.

За период од еден месец по потпишувањето на Протоколот, ќе се формира заедничка Работна група, со задача континуирано да ја следи и поттикнува реализацијата на соработката.

На првата седница членовите од Работната група ќе одлучат за планот на активности во врска со договорените области на соработка.

Работната група ќе одржува редовни седници најмалку два пати годишно наизменично во двете земји.

Соработката помеѓу двете земји во областа на земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се продлабочува во наредниот период.

Кина откри најголемо наоѓалиште на злато со проценета вредност од 76 милијарди евра

Во провинцијата Хунан, Кина откри најголемо наоѓалиште на злато во светот, кое според проценките содржи 1.000 тони злато со вредност од 76 милијарди евра, пренесе „Дејли мејл“ повикувајќи се на кинески државни медиуми.

Геолозите користеле модерни методи на истражување и 3Д моделирање за да идентификуваат структура на 40 златни жили на длабочина од околу 1.600 метри под рудникот Вангу. Според податоците на Геолошкиот институт на Хунан, овие жили содржат околу 300 тони злато, а подлабоките слоеви можат да кријат уште поголеми резерви.

Откритието предизвика зголемување на цената на златото на светските берзи, кое сега е блиску до историскиот максимум. Кина, која веќе учествува со 10 проценти во глобалното производство на злато, дополнително ја зајакнува својата позиција како водечки производител.

Експертите оценуваат дека златото останува сигурна инвестиција во време на економски и политички нестабилности, а трендот на намалување на каматните стапки дополнително ја зголемува неговата атрактивност.

Засилени инспекции на Пазарниот инспекторат по повод „Black Friday“

Засилени инспекции на Пазарниот инспекторат по повод „Black Friday“ и непочитувањето на Законот за заштита од пушење.

Државниот пазарен инспекторат ќе врши редовни и вонредни надзори за време на викендот, а посебно внимание ќе биде посветено на продажните акции за „Black Friday“ со цел спречување на доведување во заблуда на потрошувачите и примена на измамнички трговски дејства.

Од Пазарниот инспекторат информираат дека до нив во континуитет пристигнуваат поплаки за пушење во угостителските објекти поради што ќе се вршат и надзори согласно Законот за заштита од пушење.

Апелираат до сите трговци и угостители, да ги почитуваат законите, а своите дејности и услуги да ги вршат во согласност со законските прописи.

-Исто така, ги охрабруваме граѓаните, секоја неправилност која ќе ја забележат да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk, стои во објавата од Државниот пазарен инспекторат.

притисни ентер